Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    Јавете се во Новоградба. Јас таму земав стан во градба за 840е/м2. Треба да се готови некаде околу Нова Година. Моите кумашини земаа таму во претходните градби и си земаа имотни листови чисти како солза без хипотеки и сл...
     
  2. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    На која локација е станот поточно?
     
  3. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    Веднаш до новите згради на Адора во НЛ
     
  4. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    OK. Мислев за Кисела Вода кажуваш, бидејќи за таму зборевме претходно, не за Ново Лисиче.
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јагода1979 еве ти ги новоградба, разгледај си, контактирај ги
    http://www.novogradba.mk
    искрено не сум запозната со оваа фирма, па неможам да коментирам.
     
  6. LadyWhite

    LadyWhite Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Јас изгледа догодина ќе купувам стан во Скопје бидеји со киријава не ја бидува работата. Дури плаќавме кирија секој месец и плус се додатно ( чистачка,лифт) ќе го купевме станот досега . Ако најдам некоја интересна понуда добро ќе размислам, по можност во Кисела Вода. Многу си ја засакав населбата :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    знае ли некоја дали ако земеме од кредитот купи куќа купи стан на стопанска банка станот кој сакаме да го купиме мора да биде директно од инвеститорот или може и од приватно лице бидејки живееме во мал град и нема зграда во изградба што е.
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Мона мислам дека треба да биде новоградба и да е биде директно од инвеститорот. Еве овде баш читав
    http://www.kupikukakupistan.gov.mk/zakogo.php
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    И ние сега прашавме во Новоградба, но ни бараат 885 евра/м2. Вие кога го земавте станот? И нас ни рекоа до Н година ке бидат готови-лично не верувам. Дали станот го земавте на кредит или во готово?
     
  10. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    Да почетната цена е 885е/м2, но ако се договорите плаќање 80-20 цената е 840е/м2. Ние така го земавме и не е на кредит. Поздрав
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Во Ѓорче има новоградби , цени 650-900евра квадрат
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Јас купив стан во 2010 нова градба на Стара Рампа 52м2 за 1200 евра квадрат. Не знам од каде тоа дека се 800-900. Секаде барав и искрено крш беа сите што ги видов. Ако сакате добар стан (а не да слушате комшијата кога ќе прдне со извинење, тогаш купувајте во Расадник или квази инвеститори некои) ќе си платите повеќе. Локацијата е супер, за 10 мин Центар, многу ми се допаѓа од таа гледна точка, не ми треба кола, но не ми се допаѓа бидејќи нема зелени провршини, а и луѓево не се социјализираат како на пр. во Аеродром, Ново Лисиче. Можеби понатаму би го продала за во Аеродром, но на друго место во Скопје не би одела.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во припор се продава стан околу 55м2+ 5м2 тераса 45 000 евра, а може и да спушти. Башка ептен комшика ќе ми биде. Двособен, со плус едно адаптирано собиче. Нова градба, 1 година живеат во станот.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Морам да те искоментирам во врска со комшиите и луѓето што живеат општо околу "нас " :!: Забележав дека имаш доза на гнев кон нив, И си и во голема заблуда .Дефинитивно нема разлика во кој дел од Скопје или Македонија живееш.Сигурен сум дека ете тебе не ти се погодиле комшиите па си добила впечаток дека се несоциализирани.Можам да кажам дека конкретно за к.вода е проблемот малце поинаков .Таму е многу по проментно местото и речиси сите купуваат стан поради фактот што е блиску до центар-от и е добро урбанизирано.Но фактот кој од каде е во Македонија нема да се искорени и проблемите со комшиите настануваат првично од тоа да си признаеме .Ретки се оние што не се замараат со комшијата .Втора работа е со потстанарите ! или студентите .Ги разбирам дека плаќаат за станот ,сакаат да бидат слободни и да уживаат но се претерува со галамата и непромислените работи за бон-тон за живеење во заедница (фрлаат од тераса цигари ,плукаат и сл ) .... .Од онаа споредба ародром и ново лисиче јас не гледам нешто што ке ти бида поразлично :!: .За зеленилото да не правиме муабет дека во аеродорм го нема речиси ич ,а во кислеа вода си блиску до водно :geek: .Негативните работи на ново лисиче дали ги согледуваш ,како на пример еве новите згради кај последна 5ка .Тоа е ужас ,јас гледав таму стан и никогаш не би купил.Направени една до друга ,зимно време има премногу малга тој дел од Скопје (дека е покрај вардар ) ,претеруваат со цените а сепак е подалеку од центарот ..... (во споредба со к.вода ) ..итн
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Јас па Кисела Вода воопшто не ја сакам како населба. Стварно е прометно.
    Не е точно дека во Аеродром нема зеленило, напротив! А за Ново Лисиче не коментирам, не ми се допаѓа.

    Ако треба да бирам за локација на стан - дефинитивно Аеродром.
     
  16. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    ние купивме стан во Припор, иако имаме стан во Центар се отселивме, зашто живеењето во центар е катастрофа, постојано галами, не можеш прозор да отвориш од нечистотии, паркираат кај ќе стигнат и тоа е голем проблем. Кога би можела да бирам би живееле во Тавталиџе ама таму со цените се претерува, како да купуваш стан во Лос Анџелес. Во Припор се чувствува малку од малку дека воздухот е почист, ама сообраќајниот хаос во Скопје неможеш да го избегнеш. Кисела Вода е толку пренатрупена што мислам дека ќе се сруши целата некој ден. Секој ден поминувам од таму и страшно добар секс јадам со тргни застани. И тоа со свирките од кола, како во џунгла да проаѓаат. Се нема никаква толеранција. Кога добро би размислила, да имам можности и би се отселила од Скопје, би живеела во другите места, има толку убави мали гратчиња ама нема работа тоа е проблемот. Многу побитно ми е здравјето и слободата на моето дете. А која е придобивката да живееш тука? Само нервози, динамика, затруен воздух, постојано се гради, се стеснува градот, луѓето веќе едвај се разминуваат на улица, за возење велосипед да не правам муабет, невидена катастрофа. И се чудам, од каде имаат луѓето пари да купуваат толку скапи станови? Навидум многу се гради а всушност стан подоле од 900 евра нема. А луѓето толку желни да избегаат од малите места продаваат земја, трактори и се што имаат и купуваат во Скопје, ко некоја војна да ќе има па Скопје ќе биде бункерот :D И купуваат уште во градба, на невидено, е тоа не можам да го сфатам. Се купува секаквии џганови од станови а инвеститорите се богатат. Пред некој ден бевме на гости, се слушаше комшичето од спротивниот стан, кутрото учеше стихотворба :D Не знам што да речам, тука власта сама си е крива, да се вложува во другите места како што се вложува во Скопје ќе беше многу подобро.
     
    На Кате Катерина и LjubicaIG им се допаѓа ова.
  17. bubi4ka5

    bubi4ka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Da ne znae nekoj od vas dali nekoj izdava eftin stan pod kirija vo Novo Lisice i Aerodrom, bidejki se e mnooooogu skapo
     
  18. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и најмалите станови во Аеродром и Лисиче не може да се најдат за помалку од 150 евра :(
     
  19. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат ваши мислења, позитивни/негативни искуства со инвеститорите во Скопје. Кои градби се најквалитетни?
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Опа комшивки ќе бидеме. Инаку да, и јас сакав од центаров да избегам, од тие сирените веќе нервно оболев. Башка сите појди замини ти се трупнуваат, вака за на страна ќе мора да се најават. А и исто ми се фаќа, центар сум нема паркче за деца, зеленило. А овака симни се до расадник, блиску е и преубаво.