ja sum na jug, taman e , osvetleno e , a koa ima mn sonce ja spustam tendata i ko na plaza se osekjam
Секаде топлите станови се поскапи и има поголема побарувачка за нив. Ставете погодна изолација и се ќе биде во ред.
Мене станот ми е најмногу запад, дел на север. Ве читам и се чудам за тоа дека пекол било?! Наутро е милина, посебно летно време, нема сонце, пирка ветре.. Сонцето почнува да грее кон 12 и кусур, не знам каде тоа на запад грее сонце цел ден?! Ако затворам прозори и тераси дома и без клима не е повеке од 24 степени. Нормално, ако отворам, топлината од надвор ќе ми влегува внатре, а преубаво светло е. Многу побитна е изолацијата на зградата, отколку ориентацијата на станот.
Слична ориентација имам и јас. На агол ми е станот, аголот од зградата доаѓа север, таму ми е дневната, т.е дневната ми е северо запад со северо исток, а спалните северо исток. Мераци Од сабајле до кај 11ч имам сонце на тераса, ама не е јако и директно, после 2-3 ч се прфрлува на запад, ама пак не е јако како кога бев југозапад бидејќи само еден прозор ми гледа на северо запад, останатите на северо исток. И навистина е многу светол стан, топол зимо, лето ладен. На крајот, се се сведува на преференци и желби. Некој сака многу светло, директна светлина и бира југ и цел ден седи без ролетни (имам комшии во зградава) Мене ова ми е незамсливо, ама ете некој така сака. Од друга страна име некој како мене кој не сака директна светлина, па затоа одбравме ваква локација.
Кај нас цел стан е прозори. Реално, становите на агол се посветли од оние што се во средина (ко автобус што викам јас) каде светлината иде само од една страна. Тогаш и на југ да си, реално нема да имаш доволно светлина во станот.
Дали некој зел од кредитот купи куќа купи стан и какво е Вашето искуство? Секоја информација би ми била добредојдена
Дали некој имал проблем со добивање имотен лист? Веќе година и пол како го купивме станот и живеам овде, уште сме на лист на предбелешка.
А зошто предбелешка? Ние без проблем извадивме имотен лист. Ако договорот е заверен на нотар не треба да имате проблем. Си одиш кај нотар и го добиваш. Околу 200 денари е.
Од 2014 мислам е почната изградба и уште никако да заврши... Откако живеам овде ги довршуваат паркинзите и последниот кат. Не знам ни зошто дозволуваат станарите да живеат тука кога уште се работи.
Toa e golem period. Imas kupoprodazen dogovor zaven na notar? So nego odi vo katastar i prasaj sto e problemot. Toa se 6 godini ne e 1...golem period e da zivees neizvesno kade ti otisle parite
Ете во што е проблемот. Уште не е скроз готова зградата. Кога се завршува со изградба тогаш треба да се вселат станари и да добијат имотен лист. Имаш ли разговарано со некој од комшиите? Дали они имаат имотен лист?