Другар на маж ми зема имотен лист откако зградата беше готова. Тогаш и се всели. Можно е да има некои нерасчистени односи помеѓу инвеститорот и Град Скопје. Ако не е платен данокот.
Ako stanuva zbor za stan vo grabda, prvo se dava ucestvoto kako kapar a koga ke bidne zgradata se plaka ostanatiot del ili ne
Da taka e,ama eve clenkata vika 6god e zgradata,1.5 zivee tamu. Sigurno matka nesto investitorot,so toa danok da ne plaka, nedovrsuva gradba, odlaga,mozebi nema kupuvaci za poslednite stanovi i nema finansii so sto da gradi...300cuda ima so niv nikogas ne si na cisto so takva rabota!
Spalnite se mali, no sepak podobra velcina nego poveketo od spalnite na ovaa strana na vardar. Podobro vo zgrada vo RSM nema da najdes, za zal. Na ovaa strana na vardar ke ja podelat taa pogolemata i ke recat cetvorosoben stan od 76 m2!
Порано комунално каде што беше. Позади Чаир породилно му доаѓа. Кога отидов видов цел филм ми се сруши. На нет колку убаво изгледа а во живо... Место хаос Тесни улици ѓубре незнам како се осмелиле таму да градат згради и да продаваат по 900€ м2
Ne e toa mesto nameneto za kauri. Zatoa se pikame od ovaa strana na vardar i plakjame ne 860 nego 1000 i kusur. Ne deka nesto kvalitetni bile stanovite.
Веројатно не е завршена постапката/изградбата на зградата. Кога ќе завршат се, ќе има технички прием, па тек после они да обезбедат имотни листови во катастар и ќе ве викнат да потпишете главен купопродажен договор. Е со тој договор ќе терате постапка за имотен. До тогаш, на жал, ништо не можете да направите. Ако сте зеле кредит, веројатно цел стан ви е исплатен. Доколку не, тогаш веројатно остатокот ќе се плати кога ќе потпишете главен купопродажен договор. Освен притисок со останатите станари, нема друго што да направите.
Нешто да ве прашам дали знаете кој е инвеститорот на зградите во Лисиче/Ново Лисиче му доаѓа мислам карши Џевахир зградите?Тоа се згради со помалку ката,3 или 4 ри мислам.
Каде таму ваков комплекс, па таму и обична зграда да никне е крш Местоположбата е убава, може да искочи на две големи улици, ем на Кенеди, ем на Пластичарска, но многу тесно и напикано ќе е се.. Јас мислев позади Ретаил отприлика ќе се гради, дел е државно земјиште и има баш дел го рамнат, средуваат нешто, мислев спремаат за градба и баш ми се виде убаво
Во Чаир живеев 20 години. Се преселив не толку одамна. Никогаш не би се вратила. Не очекувај квалитет во цела населба, а не само таа конкретна зграда. Додека живеев таму, пред неколку години се градеа згради. Им се рушеа цели спратови, па одново ги правеа.Чаир беше прекрасна населба, од згради до народ, а сега е веќе пренаселен исто како Аеродром. За менталитетот нема ни да зборувам
И тоа како пренаселен е. Затоа како луди сега бараме плац да бегаме од тука, да изградиме нов дом дур син ми е многу мал. Не сакам тука да расте.. Најдовме супер плац во Бутел 1 но ептен скапи комуналии. 80€ м2. Ќе видиме што ќе биде
Девојки,дали некоја од Вас продава или познава некој што продава стан на приземје со двор,пожелно во нас.Аеродром или Ново лисиче,до кај 65м2,но и други населби се во игра.Стара/нова градба не е важно.
Се чека подолго зошто се преполовени капацитетите на вработените. Ама може секако да се аплицира и да се земе кредит.
Значи вака сестра ми со маж и купија стан пред една година и тогаш направиле преддоговор(договорот не е заверен на нотар), на половина од сумата на станот.Е сега веќе станот е готов,но не и целата зграда со што продавачот вика може да се вселите откако ќе ја платете и другата сума,и вели дека ќе направи пак договор но не купопродажен.Значи сака да го исплатат станот целосно за да и даде клучеви да се вселат но вика не можел да даде имотен лист,и вели купопродажниот договор ќе се правел кога ќе била готова цела зграда.Па како сега они да го исплатат целосно станот коа тој не сака да даде купопродажен договор ниту договор заверен на нотар?