Девојки дали некоја знае некој веб сајт на некои комплекс згради кои продаваат станови (двособни) да разгледам. Ми го предложија комплексот Космо на Фијат Цаноски па да прашам дали опремени ги продава или празни? Благодарам.
Dabar ti gi preporacuvam. Na fijat ne se znae dali ke mu gi urnat pak. Nov stan ide prazen samo kypatilo opremeno,plocki vo kujna i pod, drugo nisto.
Овој стан ќе биде мој на мое име и сакам да е нов, не сакам рурални населби особено не Припор. Размислував за накај Карпош или Аеродром па ќе видам, за сега да е двособен околу 56 квадрати, ама знаејќи се колку сум деталиска ниту еден нема да ми се свиѓа
Само Аеродром бубаче Мене да не ми е далеку школото за малиов,и моите веднаш таму би се преселила. И тоа со мерак
Само почни со време да си бараш. Многу тешко се наоѓа во Аеродром се продаваат и уште пред да почнат да ги градат..
Da da, pripor e los izbor sekako... Za 56kv imas i trosoben,nov e nov posekako. Mislev na nov so 1 2 3 5godini prethodno izgraden, ne na 20. Sepak mozes i takov da najdes. So sreka neka e. Baranjeto kosta zivvi, godina dena baravme.
Здраво, дали можеби некој има информација за зградата што е на главната улица на Маџари од Дени направена? 860 евра беше квадрат, дали имаат во план да прават уште згради позади неа? И во однос на квалитет на градбата ако некој има информација, вака на изглед многу убаво изгледа зградата. Но последно имаа слободно само на последен кат, не би сакале. Па дали имаат во план уште згради.
Купувам стан во аеродром/ ново Лисиче со 1 спална, понова градба ако знаете некој да продава известете ме
Девојки, пред купување на стан сме, односно треба да се потпише преддоговор па потоа да се аплицира за кредит. После одобрување на кредитот и склучување на купопродажен договор дали има некои дополнителни трошоци како на пр. плаќање данок и сл? Какво е вашето искуство?
После одобрување на кредит, поднесувате за пресметка на данок, па откако ќе платите данок со доказ за извршена исплата на средствата од кредитот, одите на заверка т.е. солемнизација на договорот за купопродажба пред нотар. Нотарот ви наплаќа и трошоци за запишување на имотот на ваше име во катастар.
Здраво, дали можеби некој има информација за зградата што подолго време се гради на автопат во Маџари? Гранит ја гради, ги контактирав но некако многу непрофесионални околу продажба. Дали некој има искуство со нив или некое инфо околу зградата?
Здраво, би сакала да прашам доколку некој има информација од прва рака, што се случува доколку земам кредит преку програмата купи куќа купи стан а после Х време се одлучам да ги продадам станот и исплатам кредитот? Исто ме интересира и опцијата да го задржам станот но решам порано да го отплатам кредитот. Во програмата не е транспарентно во однос на трошоците за предвремена исплата, дали тоа оди согласно договорот со специфична банка или како? Воопшто не ми е јасно како одат тие процедури иако се чини дека секој треба да ги знае.