Вие ќе ги дадете парите, продавачот нема да ја тргне хипотеката иако се обврзал во договорот, банката ќе го одземе станот бидејќи е под хипотека, вие на улица, продавачот со пари у џеб. Го тужите кривично, он е веќе у Германија и пишуе статуси на ФБ дека само глупите останале у Македонија. И вие со прстот у уста. Потплатени обвинители викаат дека не можат да го најдат, ти им викаш, ене го се тагнал у Отешево, таму е, они викаат не преминал граница. Ти им викаш влегол со бугарски пасош, не биле надлежни они не биле Интерпол. И така 20 години плаќаш рата од кредит за стан у кој друг живее...
На страна 30 имаме пишано, баш за тие згради. Пребарај Мулти офис во темава. Проблем е. Никако да не го купуваш.
Некој да ми објасни како иде плаќање у кеш за стан во градба кој требало да биде готов некаде март месец. Дали ние треба да си фатиме нотар' ?дали се дават сите пари одеднаш или половина? Како оди прпцедурата како е најдобро
Треба да ви спремат преддоговор каде ќе утврдите начин на плаќање и сите останати работи ќе се дефинираат, и да се завери на нотар. Би требало они да договорат, како за сите станови во зградата. Исплатата на трансакциска да биде секако, по потпишувањето.
Јас прашував лани за мулти оффис во Аеродром зградата. Каснат со изградбата и еве после една година уште не е готова. Искрено стои подалеку од таквите фирми.
Станбен кредит секако повеќе се исплати од потрошувачки зашто каматата е помала. Ние купивме стар стан со станбен кредит преку НЛБ банка пред 10 години. Немаше некои големи заврзлами околу добивањето кредит. Самата банка ни кажа кај кој нотар да одиме да завериме пред договор, потоа имаше проценител, меници и слично и кога го одобрија кредитот веднаш ги исплатија парите на продавачот на станот и кај истиот Нотар заверивме купопродажен договор и добивме имотен лист. Ние баравме и без проблем добивме кредит кој беше околу третина од вредноста на станот (проценета пред реновирањето). Инаку ние станот го плативме помалку од тоа што проценителот на банката кажа дека вреди. Јас секогаш сум за стар стан во убава зграда (не да се распаѓа). Можеш да го реновираш како сакаш и сам се да си бираш. Стресно и напорно и долго е реновирањето ама се исплати. Сите што ги знам со нови станови имале проблеми откако е купен станот (кој со плочки, кој со протекување, кој со недостаток на вода, итн итн). Ние живеевме во нова градба пред да се преселиме во овој стан што ние си го реновиравме и во новиот имавме проблеми што сега ги немаме.
И мене ме интересира за Урбан Гарден, најмногу заради воздушната близина до Усје, не знам колкав проблем би било со загадувањето. Становите имаат фантастични распореди, а цената и не е така ниска.
Здраво. Дали ќе може некој да ми каже мислење/искуство за купување на стан во Домино комплексот во Тафталиџе а и општо за фирмата Имепксел. Ви благодарам .
Вакви лепени зградички нема низ Карпош. Дебар маало е, мислам уличката од Силбо према Рузвелтова ( но, не сум 100% сигурна дали беше таа уличка).