Ме интересира за купи куќа, купи стан, ако има некој земено, како оди целата процедура, колку време се чека за одобрување? Колку % бараат учество, и сл. Читам нешто ама баш и не се разбирам, секако треба најубаво да се отиде до банка, ама еве некој со искуство, како се снаоѓа дали е тешка црлата постапка, па како оди тоа со ратите?
Дали треба и преддоговорот за продажба на стан да се завери на нотар или после тоа само главниот договор кога ќе се направи
Na sekoj predogovor. Toa za tebe e garancija deka nema na drugi da go dade stanot, a i vprocem davas pari (kapar) koi na kraj ti se odbivaat od celokypniot iznos.
Меѓу juice bar и sushicо има пролаз, ќе поминеш низ него. После 10тина метра ќе ја видиш од десната страна. Преубава е.
Срцко ај ако ти е појасно тебе објасними... ние сме во план да земаме стан ни дадоа преддоговор да си прочитаме но инвеститорор (продавачот) би вели дека тоа не мора на нотар туку дека дури главниот договор кога ќе се внесела зградата во катастарот... план да биде завршена е мај месец.. и плаќањето од нша сметка во банка да се плати на нивна а нас парите не ни беа во банка... ако знаеш колкав е лимитот за внесување на месечно ниво пари на сметката, за да не ни направеле проблем од кај ти се парите така наеднаш
И плс некој да ми објасне целата постапка как оде прво се потпишуват двете страни па после нотар па после плаќање така ли? И ако знае некој одприлика колку се плаќа на нотар?
Ama cekaj sega... Kako moze da dades kapar na nesto sto nenas dokum. Ako je mu e napravena treba predbeleska na imoten list da ima. Taa predbeleska se prilozuva i taka se zaveruva preddogovorot. Nemoj da se soglasuvas na toa. Zatoa se izmisleni tie dogovori da se zastitis. Ti mozes da gi uplatis parite ako ne ti se vo banka. Pa zarem lugeto nemaat nivni pati doma, se cuvaat vo banka?! Dokolku ima somnitelno poteklo togas e problem.
Ненамерно направив неколку продажби и купувања во година ипол така да знам како иде. Прво ЌЕ СИ ФАТИШ АДВОКАТ за преддоговор да ти склопи и дента пред да му дадеш пари (капар на сметка) ќе му кажеш на купувачот да си извади чист имотен лист. Прво ќе префрлиш одреден капар за недвижноста што ја сакаш на продавачот. Одите на нотар одма ( у мој случај за да се заштити купецот јас на нотар го чекав он спец. отиде во мојата матична банка за да ги видам парите јас одма , мада не мора оти има уплатница како доказ) и ја покажува на нотарот. Без доказ дека си дала пари на продавачот нема да ти го завери нотарот преддоговорот (ова е постапка ако одиш со кредит и немаш пр ќеш да го купиш самостојно цел) Со преддоговорот одиш во банка поднесуваш документи кои самата банка ќе ти ги побара, правиш и со неа договор и на нотар го заверуваш и чекаш 2-3 недели да поминат за да го одобрат. Чим се префрлат парите на име на купецот одите и правите договор и нотарот ја брка постапката за да ти го префрли имотниот на твое име. Јас имотен земав за 3 дена. Брзо е тоа. Само да ти кажам кои ти се дополнителни трошоци. Преддоговорот паѓа на твој товар (околу 250е), договорот со банката (исто околу 250е) договорот го платив 250е, а ако купуваш нова градба ПЛУС солемнизација плаќаш зависно од квадратурата на станот од 4000 ден па нагоре и плус 3% данок ако не е од инвеститор. Ако ти направив каша попара пиши ми лп ќе ти објаснам подетално.
Во процес сме на купување стан што е во градба исто треба да биде готов на пролет. Во банка ни објаснија најубаво, од инвеститорот земаш преддоговор потпишан од инвеститорот и предбелешка(тоа е вушност предимотен лист) одиш на нотар ги потпишуваш и одиш со тие документи во банка, по одобрување му се префрлаат учеството и остатокот од сумата со кредитот. По завршување на зградата си земаш имотен лист. Битно е да е наведен рокот на завршување на зградата во преддоговорот. Едит: сега видов сакате кеш купување, единствено стар стан со договор како подарок да ви го дава или што и да е, стан од инвеститор без минување на пари преку банка речиси невозможно. А во банка на толкава сума обавезно ќе би бараат потекло на парите
НикОгаш ама НИКОГАШ не давајте пари без нотарска заверка. Мене на лист за предбележување одма ме ставија така у катастар. Не си играјте Фиком беспотребно @Noemi а башка и данок на ујп ќе платат оти не се оправдани
A na koga se bi se kupil stan koj e pod hipoteka a taa e na sopstvenikot sto go prodava, prvo se ceka odgovor od bankata dali ke prifati pa posle se pravi preddogovor?Mene taka mi kazaa. Prasuvam zatoa sto nie cekavme prilicno dolgo vreme za stan pod hipoteka, bevme spremni da go kupime, no neznam deka dvajca brakja bea soptvenici i neznam nesto se iskomplicira kao radi toa i nisto neispadna, sega barame drug u megjuvreme a tesko se naogja posebno zatoa sto si ima deckomi nekoi negovi baranja on go plakja, i ako e vo kes ne pravat problem investitorot taka?
Имате искуство со купување стан кој е земен како компезација? при крај е зградата за 2 месеца ке биде, распродадени се скоро сите станови уште 2-3 и цената е поевтина за 50евра.
и ние купивме стан од компензација, исто 50 евра поефтино, ама целата постапка идеше преку инвеститорот, така да не ни дознавме чив бил станот и не плативме данок 3%