ве молам некој дали имал искуство со фирмите ом там и мулти офис кои се една фирма како што имам инфо. сакам да купам стан од нив но нешто ми е сомнително, ако знаете некој да купувал стан од нив и да пишете искуство со истите би ви била благодарна.
1020e od m2 za plakanje vo gotovo, 1050e od m2 za plakanje na rati. Zadolzitelno e da se kupi i garaza, a podrumot e po izbor.
Преку голден арт земавте стан или тие мега акустик? Затоа што мм се распрашуваше за подрум, ништо конкретно не му кажаа.
Mega Akustik, ima podrumi ( prostorce zatvoreno so metalni resetki ) na istite nivoa so garaznite mesta.
Mene taa okolina tamy ne mi se sviga voopsto. Kompleksot e dobar, koga gledav jas pred 1god i pol ne bese ni pocnat.. Ama okolinata.. jok.. Me premisli toa
Здраво, дали некој знае има информации за семејните куќички спроти Џевахир, кој ги гради фирма инвеститор
И мене истото ме интересира. Кај тие што се во градба има табличка со име на инвеститорите, но на интернет нема ништо, ниту огласи за становите...
Завртете еден круг во работен ден, има табла пред секоја зграда каде се продаваат станови. И луѓе има што работат, и тие имаат информации. Јас ги избришав сликите, но се јавив не неколку места таму пред месец време кога баравме стан. Цената беше 1050/1100 м2 + ДДВ
Да прашам пошто воопшто немам искуство со купување станови и тие преддоговори Во преддоговорот стои краен рок за изградба и предавање 01.07.2021, а ни кажаа дека станот ќе биде вселлив најдоцна до март Се чувме со инвеститорот он стои зад тоа март месец најкасно, тоа 01.07 било 2 години законска градба Денес одам да се видиме пак. Тогаш зошто не се промени и во преддоговорот тој месец , на мисла сум А за до 07 месец чекање за вселување ни е многу , не сакам утре да ме мотка , да ми пролонгира уште овој месец уште овој месец Ве молам ваши искуства, мислења...
Често знаат да пролонгираат уште неколку месеци. На другарка и рекоа до ноември сега дека ќе биде, па еве најрано јануари ако е готов.
Секогаш може да продолжат уште месец време, посебно сега поради ситуацијата. НО, мора да ви плаќаат месечна рата како ќирија за секој месец откако е поминат крајниот рок. Инаку, ако е во крајна фаза, може и да биде во март. На пријатели наши зградата во која треба да се вселат го март е веќе до наместена фасада, прозорци, плочки внатре, клими и дел од санитарија. Лифтот, паркетот, гаражите, внатре вратите не се спремни. До која фаза е вашата зграда?
Штом во преддоговорот стои 01.07 тогаш очекувајте дека Март може нема да може да се вселите, возможно е да ве манипулираат со тоа што ви даваат лажна надеж дека Март ќе се вселите, но кога ќе дојде Март ќе ви речат не е готово, по договор е 01.07 чекајте до тогаш, работам со правото и ви кажувам во еден договор нема ништо случајно или грешка од ваков тип, сѐ им е испланирано од нивна страна, така што барајте или нов преддоговор да склучите кој ќе идентичен со постојниот со таа разлика наместо 01.07 да ви стои 03 месец, или да склучите анекс кон постојниот преддоговор за да наведете дека Март ќе биде предавање и вселување. Не верувајте на збор особено за вакви работи.
Едниот влез е веќе готов уште струја да се пушти во декември ни кажа денес ,парно немаше уште поставено Врата влезна има, фасада има ,прозори има, веце готово , плочки во кујна залепени , следно беше ламинат местење пред две недели кога го видовме станот Еве денес пак зборевме со инвеститорот вика според него и крај на јануари би биле вселливи ама ќе ни стави нов член во договорот со датум 01.03 за наша сигурност Во првиот влез некои си носеле гарнитури во становите веќе , Ние сме во вториот влез Пак вака со додавање на нов член поверливо ми е и посигурно
Знае ли некој колку чини заверка на преддоговор и купопродажниот договор за стан на нотар и кои би ни биле дополнителни трошоци околу цена оваа процедура ? Станот го купуваме со станбен кредит
Зависи од големина на станот, колку страни се вклучени итн. Други трошоци се адвокатски за изработка на предд.и дог. И има ситни трошоци за аплицирање во банка, меница.