Нов стан е , го купуваме од инвеститор Тоа ме интересираше колкави се нотарски трошоци околу заверка на договорите , има и договор со банката што го заверуваме на нотар кога ќе биде одобрен кредитот, меници апликации
Јас за стан од 50кв, за заверка на преддог платив 1200ден, за дог за хипотека 20.000. И за главен дог очекувам мин 10.000 ден.
И за адвокат 8.000 ден. Зависи од вредноста на станот. До 3.000.000 ден. е 3.900 ден за преддог и исто толку за дог.
Дали знаете нови четворособни станови во Кисела Вода, Пржино, Црниче? Конкретно невселен, нов од инвеститор барам, ама такви ретко има на огласи, а не знам како да најдам кои фирми продаваат.
Ја гледав зградата,татко ми вика ко касарна е во превод грда. Внатре становите сите ги разгледав и ниту еден не ми се допадна бидејќи сакам поголема спална и простор за плакар,овде е или кујната тесна или купатилото, нацртот не им е добар а цената од квадрат висока. За таа цена мислам има подобри станови. Сепак фала што сподели.
При купување на стан на што да се внимава и како за своите пари да добиете максимум? Ако купувате на старо, како да не бидете измамени? Кога се врши плаќањето, по потпишување на договор сигурно и дали тоа секогаш е со префрлање на пари од транскациска на трансакциска?(Знам една што пред некоја година продаваше стан, и купувачите и рекоа донеси ги вечер парите во кеш). Колку има дополнителни трошоци, адвокати, префрлање, што се треба да се префрли итн?
Здраво, дали може некој да ми каже искуства со стан на северо исток во кои периоди од денот има сонце, дали е светол стан и слично? Сакаме да земеме стан на североисток ама ова ми е многу битно прашање
Еднаш живеев во стан под кирија кој беше ориентиран кон североисток и башка на приземје. Сонце не видов. Светлина немаше исто така. Може на некој повисок спрат нема да се осеќа толку многу. Ама јас важно едно знам. Никојпат повеќе несакам да живеам во стан на приземје, уште помалку во стан кој лежи на североисток. Се смрзнав во тој стан и едвај чекав да се исселам. Башка што сметки за струја и греење ми беа повисоки од сега, кога живеам во дупло поголем стан. Колку сака да има добра изолација, таков стан е убав само за лето. Во останатите сезони особено во зимо, како што е краток денот, сонце ретко ќе имаш дома. Сега живееме во цел спрат од куќа. Собата од североисток е најмала и тоа ни е всушност работната соба. Пак е поладна од дневната која е барем четири пати поголема. Зборам кога не пуштам парно. Нормално кога пуштам парно, а куќата има добра изолација не се приметува.
Со Офис ком, зграда во Аеродром на Пандил Шишков. Преддоговорот го потпишавме во мај 2019, со краен датум 30.04. 2020. Го потпишавме главниот договор на 15.05.2020, и дента се вселивме, а скоро цела зграда веќе беше вселена и со имотни листови. Ние нашиот имотен лист го добивме околу 2-3 недели по потпишувањето. Штета сега се уште немаат активна зграда за продавање, инаку презадоволна сум од овие формалности.
Zdravo edno prasanje, kupivme sega stan od 92m2, istiot iznesuva 84000eur, od koi 14000eur gi dadovme vo gotovo, a 70000eur na kredit. Ova ho pisuvam poradi toa sto mislam deka jma vrska so notarskite trosoci...Prasanjeto mi e kolku notarski trosoci imam jas, kje ima samo eden potpisnik od nasa strana, t.s. soprugot. Nekoj mi kazuva plakjas za hipoteka okolu 50p eur. Ve molam za odgovor dokolu nekoj znae. Fala
Јас за стан од 50кв. Пола на кредит, пола мои пари, платив 20.000 ден за нотар за дог за хипотека. Искрено нз како сметаат. Станот го купив од инвеститор.
Znacibhas da si plahiram okolu 40000 den...ne znam ni jas kako presmetuvaat. Znam deka mi treba okolu 6000.00mkd za notar j plus ovaa hipoteka.