Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.598
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае цена на м2 во Еуробилдинг зградата на Јужен Булевар? Ѕвонев денес, ама малку касно и не ми кренаа.
     
  2. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Дали некој има инфо колку е цена на квадрат на становите во комплексот East gate?
     
  3. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    18.440
    Пол:
    Женски
    Доста страни се испишале во темава, повеќето за купување нов стан.
    Сакам да прашам што мислите за купување на стан во зграда стара 40години, кој би требало комплетно да го реновирате?
    Локацијата многу ми се допаѓа, не е меѓу други згради, паркче околу зграда, 2км од центар, не е натуткано околу, фин распоред иако се две спални на голема квадратура, но соленка цена си е станов.... а за 10-20 години ми е страв дека ептен ќе биде се распаднато и дека нема да вреди ништо....па место да се пари кои можеш да ги вратиш со продавање, да се пари фрлени во ѓубре кое се распаѓа....
    Мисла ми е дали сепак да се откажам од идејата за стара градба, добродојдено е сечиво мислење...
     
  4. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Многу колеги имам периодов што купија стари станови, конкретно карпош и ги реновираа. Не знам, сметам дека тој реон ќе си држи цена.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ние живееме во стан од после земјотресот, отприлика нна слична локација како што спомнуваш, пред 10 години направивме фул реновирање и се исплатеше. Купатилата беа во одлична состојба кога ги земавме мали детали сменивме. Е сега дека се најмодерен стил не се ама се културни и нас ни одговараат. Баш скоро зборувавме, и за во иднина пре би инвестирале ако треба нешто да се реновира (паркетот на пример никогаш не бил среден од изградба) отколку да го продаваме станот/

    Зависи кои згради секако ама во принцип, кај нас во зграда и во соседните слични тешко се наоѓа стан на продажба. Ако им е за изнајмување е полуреновиран, ако се некои стари луѓе ретко е реновиран а помлади парови и фамилии сите им се реновирани. Колку ќе вреди зависи колку ќе вложите вие во реновирање, дали ќе прилепите само или баш квалитетно ќе се реновира. Ако ви одговара локацијата и не треба ѕидови да рушите за да стигнете до тоа што го сакате и секако имате буџет зашто да не.
     
  6. Andrianana

    Andrianana Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дали некој има искуство со зградите на Саник? Како сте задоволни? Дали се океј, во поглед на имотни листови, грејна/звучна изолација, да не има некакви проблеми нешто?
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    8.591
    Пред месец два истиот проблем го имавме и се решивме за нов. Кога ги направивме сите пресметки, едноставно поскапо ни искачаше да го купиме стариот стан и да го реновираме. Нашиот беше доста голема квадратура ама не идеален распоред, немаше пвц и искрено најмногу ме предомисли влезот. Старите станари едноставно го запуштиле, не одржуван, не молерисуван, мириса на старо, вратата не се заклучуваше, си правеле гаражи кои не им беа легализирани, хаос...
    Инсталацијата во стара зграда ме загрижува, живеам во куќа од 70тите, реновирана пред 5години и верувај еден куп проблеми искачаат кога почнуваш да реновираш и сумата само расте. И малце површно, ама некако чувството дека ти ќе си првиот што ќе заживее во тој стан ми е преубаво.
     
    На prashinka, TrinityNeo и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    18.440
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговприте.
    Пресметките врлат дека ќе не чини исто колку нов, но нас ни се фопаѓа локацијата и таква локација и распоред со нов стан тешко.
    Повеќе не загрижуваше формата на капитал кој би го имале по одреден период т.е стар стан иако реноворан во стара зграда 50години наспрема нова градба....ми е страв дека би заглавиле со стан кој никогаш не би можел да се продаде....
     
  9. Rosa123

    Rosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Дали има некој купено стан во Саник, ме интересира информации дали се квалитетни дали каснат со градба и сл.?
     
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    7.805
    Еве ние. Требаше да биде готова до 31.12, и не е готова уште. Прашуваме кога ќе биде, не знаат да кажат, па дури и ни се испонашија како да сме криви што прашавме. Многу луѓе имаме апарати купено, кои веќе не можат да стојат во продавнициве, мебел, кујни и слично. До последно велеа дека од 15ти Декември ќе почнат да вселуваат и дека ќе бидеме вселени до крај на Декември. Отидовме точно на 31ви по мерки, и уште е хаос. Уште месец време најмалку има работа.

    Инаку вака за квалитетот на градбата уште неможам да кажам. Прозорците изгледаат како да имаат добра изолација бидејќи не се слуша ништо од надвор. Вратите внатре квалитетно изгледаат. Таркет има, сплит систем за греење на Gree. Единствено нешто што ме загрижува е тоа што само помеѓу становите е цигла, а во станот помеѓу собите е табла - гипс картон, како сендвич систем со стаклена волна. Незнам дали многу ќе се слуша од соба во соба.

    Друго нешто што не ми се допадна е тоа што станот кој го купивме беше ставен под хипотека. Го купивме од фирма која го имаа земено на компензација, и според договорот нивен со Станиќ кој го видовме, си пишуваше дека станот е без долгови. И фирмата од кој го зедовме немаа појма дека го ставиле Саниќ под хипотека за да земат кредит. И имаше перипетии овде. Така да, добар адвокат мораш да имаш кој внимава на сите детали.
     
    На tina2018 и Noemi им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    8.591
    Во договорот имате ли член дека мора да ви исплаќа сума во вредност од месечната кирија за градот во кој што сте? Чекаме стан пролетва, па ме интересира ако не стигнат која е постапката?

    Инаку, во врска со хипотеките, само ќе се надворзам пошо имавме и ние таков случај, може некому ќе му користи.
    Многу инвеститори земаат кредити со зградата во градба под хипотека. Во банка не одобруваат кредит ако станот е под хипотека.
    Треба вадење согласност од матичната банка на инвеститорот (ослободување од заложно право мислам се викаше) која го ослободува вашиот стан од хипотека откако вие ќе и го исплатите на сметка.
    Сепак тој стан оди под хипотека за вие да земете кредит нели.
    Мора ваш адвокат да ви го погледне преддоговорот и да ве посоветува, купување стан не е мала работа.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Доколку самиот стан што се купува го ставам под хипотека, колку жиранти ќе ми требаат за исплата од 20години? И дали може да ми биде жирант човек што веќе е жирант за друг станбен кредит? Секако ќе прашам се во банка, но ме интересира од искуство.
    Би сакала и совет која банка има најдобри услови за станбен кредит.
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    8.591
    Каматите се горе долу сегде исти, 3.5% до 4% фиксна за првите години и понатаму 4/4.5%.
    За станбен кредит најчесто се иде со барател и 1 ко-кредито барател. Т. е. одите ти и мажот, ако двајцата имате по 20 000 плата, се земаат двете плати во предвид. Значи ратата може да е 1/3 од 40 000, а не само 1/3 од платата на кредитобарателот.
    Може ко-кредитобарателот да има друг кредит, може да е жирант на друг. Може и барателот да има друг кредит ако платата му е доволно висока. Поважна е висината на платата и кредитната историја.
    Земаат станбен кредит и луѓе со 15000плата. Годините на отплата зависат од ратата која ќе ви ја дозволат како максимална, како и висината на учеството.
     
    На CareTee и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас за малку ќе купев лани од мулти офис во ѓорче, среќа што се премислив е, имав лошо претчувство... По муабетот лани требаше да се всели е во март, најдоцна во мај 2020 година, дури и ми рекоа порачај со елементи се да ти е готово... Ете уште не се вселени... Башка што испумпува вода... Некако според мене доста несериозна фирма. А и добив информација од луѓе што купиле од порано (зошто зградата се гради одамна) во преддоговор ите им пишувало вселување мај 2019... А сега сме 2021 уште нема абер...
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    7.805
    Ние сега скоро зедовме. Тутунска најповолно се покажа. 3.3% камата за првите 10 години. Исто, ако земеш станбен кредит преку НЛБ, можеш да земеш од Нептун на рати без камата апарати за опремување, што исто е поволно.

    Другари мои сега зедоа од Охридска, 3.4% за првите 10 години.

    Инаку на нас на 10 години ни е кредитот, и не ни побараа жирант.
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ова ми се свиѓа :) На кој начин ако сакаш да ми кажеш? Со поголемо учество или платите ви се поголеми? Можеш и во лп доколку не сакаш јавно да споделуваш.
    Баш сега одиме на разговор за стан, ни спомнаа на телефон дека преку Халк банка би можеле да ни направат некои поволности.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира како дали може да ми пишете, поголема рата или учество или има некоја друга опција?
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    7.805
    Учеството ни беше 30% од вкупната сума. Инаку плати имаме поголеми, и ратата е поголема. На партнерот на име е кредитот, ратата е некаде околу 35-40% од неговата плата, и нема друг жирант. :)
     
    На buba4e89 и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Другарка зема преку Халк, 3.3% без жиранти и одобрија, со негде 50% учество.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    7.356
    Dali nekoj ima iskustvo so stanovite koi gi gradi BISI? Dali se kvalitetni I dali e sigurna firma?