Како бе нема струја и вода и влез? Струја веќе цел месец има, сто пати бевме за мерки за мебел. Не беше поврзана таблата за во становите, струја во ходниците има повеќе од еден месец веќе.. И влез има и вода има. Не е средено многу напред делот, за у паркинг. Ако не веруваш, оди види. Нема да се нетегам, сто пати исто да одговарам...
Незнам кај си била. Струја има веќе месец време. Неколку пати бевме за мерки да земат последниов месец. Ламбите во ходници се на сензор. Да не си била во Алуре комплекс, не во Алуре.
Нас ни кажаа дека е задолжителна гаражата. Краен рок е 31.12.2021 но кажаа дека очекуваат во Септември да се готови.
Де бе Кате, од 14 пораки дури 13 ти се за Саник.. Да знаеше некој досега ќе ти одговореше.. За Голден арт исто така прашуваше.. ако имаш можност да земеш кај нив, уплати си.. Едни од постабилните се.. Нема врска што е корона доба, не зависат они од вакцината..не се кафана или ресторан за свадби. За Саник веројатно ЛејдиР е доволно компетентна да каже..
Уште не сме се вселиле таму, неможам да кажам баш. Чекаме мебелот да е готов... Инаку вака, од гледањето до сега и 100 пати одење, супер ми изгледа се. Изолацијата надворешна и прозорците се стварно квалитетни, Не се слуша буквално ништо. Внатрешни врати се квалитетни, од проспера. Санитаријата е убаво наместена. Сплит систем на клими марка Gree. Значи инвертер, во секоја соба клима и во дневна фенкојлер. Поекономичен е овој систем. Единствен минус до сега, барем мене ми е резултатот од крајното кречење. Има нееднаквости некаде. ИИ внатрешните ѕидови не се цигла, тука гипс картон- сендвич систем со стаклена волна. Се надевам дека од дневна нема да се слуша во спална многу и слично. Ама се изнагледавме згради, и секаде скоро веќе така градат. Само стан со стан каде што граничи има цигла.
Ако имаш можност доплати си да ти стават цигли т.е. ѕидот да е од цигли, а не гипс картон, верувај многу подобро е, еве утре при некое собирање слава, роденден, некој гостин така поднапиен ако изгуби рамнотежа при движење и се залета во ѕидот отиде од дневна во спална со се ѕид Гипс картон на внатрешно ѕидови прифаќам само во викендица оние хот и хот, на место каде што ќе живеам без разлика стан или куќа внатрешните ѕидови исклучиво цигла, башка што е така постабилно и при земјотрес во однос на конструкцијата даваат допопнителна потпора на таванот доколку внатрешните ѕидови се од цигла отколку од гипс картон.
Веќе завршената е зградата за жал. Инаку знам дека цигла е подобро, ама секаде веќе на овој принцип работат..
Немаат парно, тоа знам. Дали заради тоа се толку ефтини (не знам за која цена станува збор) не би знаела да кажам.
Golden art за време на најголемите рестрикции и карантин не прекинаа со работа конкретно на урбан гарден, таа другата га09 подоцна ја почнаа. Урбан е скоро готова внатре, само со фасадата нешто пролонгираат поради ладното време претпоставувам. Сепак рокот е до крај на 21, верувам дека барем пола година порано ќе биде вселива. А за другата зграда немам инфо што како е со рокови. Ама толкави зградишта релативно брзо градат, цело време работат.
Здраво, сакам да прашам дали има некој искуство со купување на стан во Скопје преку Дора инвест, станови имаат само во Чаир, а пошто не сум од Ск. незнам каква населба е Чаир за живеење
Феминки, во потрага сум по стан па да не случајно некоја од вас продава или знае некој што продава или секоја информација ми е добредојдена. 1.Локација Аеродром, Центар, Автокоманда, Кисела Вода, Тафталиџе 2.Цена до 70.000 € 3.Над 60м2 4.Нов 5.Да не е на север 6.Да е до кај 5ти кат Незнам дали многу барам ама неможам никако да најдам ваков соодветен стан...
Чаир НЕ! НЕ! НЕ! Искрено ти кажувам, поради многу многу други фактори, за да не бидам сфатен погрешно.
@Forca Е зошто не Чаир ? Општо за Чаир, не е лошо место, продавници имаш и по 24h работат, никогаш улиците не се празни Е сеа, и тука почнаа се згради да никнуваат, само една улица под мене веќе две згради никнаа. Сериозно размислуваме со мм да најде инвеститор за зграда оти мн голем плац имаме.. Сакаме нешто помало, премногу е ова за нас. Но јас не сум баш во Чаир, на неколку мин од чаршија/ бит пазар сум.. Порано се водевме општина Центар. Ако знае членката каде поточно сака стан нека ми пише се ќе и објаснам .
Тие коишто сме од Скопје т.е. живееме цел свој живот во Скопје знаеме зошто НЕ! Чаир, не треба да објаснувам дополнително сепак ова е мое субјективно мислење. Значи пак ќе кажам да не бидам сфатен погрешно заради други фактори ми е засновано мислењето кое сепак на сакам да го кажам јавно, а да би го кажал верувам и ти ќе се сложиш делумно како и многу дргуги.
@Forca Океј, мислев нешто по конкретно ќе одговориш но нема врска. И за мене не е некој избор но засега тука сме, тешко саглам плац да најдеш а стан не сакам. Вака за нас кои сме научени тука е онака, има и предности и маани зависи нели кој што бара .