Ве молам доколку некој знае нешто нека ми одговори. Мои блиски аплицираа за купување на општествен стан ( оние што се во сопственост на државата) . Се ослободи еден во нашиот град и аплицираа уште во февруари, но сеуште ништо не бива. Документите ги поднесоа до Влада на Република Македонија и очекуваат повратен одговор. При внесувањето на документите таму добија картонче со бројка (ја пишува датата на која се внесени документите и бројка 22 (најверојатно под кој број стојат ) ) ни рекоа дека обавезно мора да ги известат и во случај да го добијат и да не го станот. Тие немаат ништо на нивно име што веројатноста да го добијат е голема. Но, таа комисија се составувала многу ретко како што разбравме. Прашањето поконкретно ми е, дали некој има искуство со вака земен стан ?? Дали би знаеле каде во Влада (ако е можно) да се обратиме ??? Број или нешто слично? Сакаме да прашаме да си го бараат чарето ако бива нека бива ако не да си ги земеме барем документите да не ги моткаат. ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ СОВЕТ. Поздрав
Zainteresirana za kupuvanje ili prodavanje? Inace sajtovi za prodazba na stanovi se pazar 3 i reklama 5...Na tie mi teknuva vo momentov
КВ ми е далеку. Благодарам. ме интересира што треба да знам пред купување н стан. Утре ке одиме на разгледување и на нови и на стари па незнам на што највеке треба да посветам внимание
Па незнам тоа си е индивидуално...Јас лично пред некое време земавме во комплексот гранд престиж во тафталиџе и најмногу обрнував внимание на средината т.с. дворот, распоредот на собите ми е многу битен...А за стар стан во кој веќе некој живеел си има повеќе детали кои лично јас би ги гледала Со среќа и да си најдеш тоа што бараш
Најважно според мене е решени имотно правни односи. внимавај станот што ќе го одбереш да има чист имотен лист, да не се води на земјиште кое е предмет на денационализација, да нема повеќе сопственици... Јас имам искуство со купување и на нов и на стар стан. И едното и другото има свои предности и ризици но од денешна перспектива препорачувам нов. Среќно, и не брзај, решавањето на станбеното прашање не е работа што може да се заврши во еден ден, посвети и доволно време.
Dali znaete nekoj koj prodava stan negde sproti porta Makedonija, na Dimitrija Chupovski? Blagodaram odnapred.
Не купувајте станови на Голден Арт. Ужасна звучна изолација, зграда од Ш квалитет. На сите заинтересирани купувачи им препорачувам да не бидат прелажани од фасадата, и кога би го разгледувале станот, само нека тропнат тивко во ходник да сфатат за какво ехо станува збор. Топлинска изолација - станот се загрева како лимена кутија оставена на сонце во рекорден период. Golden Art и архитектот и инвеститорот треба да се засрамат дека нивното име стои позади ваков проект. Блиску до нехумани услови за живот. Зграда направена од картон, ужас! Жално е дека луѓе ќе се заглават во кредити да купат кутија од картон, после нема враќање ќе се слушате со соседите меѓусебно.
Ги гледавме нивните станови, локациите им се супер, ама распоредот и искористеноста на просторот ужас. Се откажавме по брза постапка. Ние зедовме стан од Настел т.е уплативме капар и чекаме да ни одобрат кредит. Искуство со нивните станови?
Девојки и јас сум заинтересирана за стан, најмногу во Ѓорче, Влае би разгледала и опција Кисела Вода ама некако не ја сакам населбата.. Би одбарала варијанта на нов стан или стан во градба до 45квадрати да има барем 2 до 3 соби. Кажете ми некои добри агенциии, пофалби и критики би сакала да слушнам
Јас можам да ти препорачам станови во тој регион бидејќи јас земав сега скоро па сум упатена. Ако сакаш пиши ми лп ќе ти кажам детали @sagittarius57
Стaнoвите им се супер. Брaтучеткa ми и нејзиниoт сoпруг се вселијa пред некoлку месеци вo нивните стaнoви и се мнoгу зaдoвoлни. А и сo квaлитетни грaдежни мaтеријaли се изгрaдени нивните згрaди. Имaaт и веб стрaнa пa тaму мoжеш дa прoчитaш зa нивните стaнoви и имa некoи слики. Тие се зaдoвoлни, мене ми се свиѓaaт мнoгу, тaкa дa тoплo ти ги препoрaчувaм.
Vo Kapistec prodavam stan, moderno i kompletno ureden. Ako nekoj e zainteresiran neka mi pise za poveke informacii.
Не знам за квалитетот искрено ( зарем некој им проверува со што градат и како градат кога тесно се поврзани со градоначалникот), но во смисла на естетика се прилично досадни и монотони. Никаква естетска убавина и различност. Ги разгледав нивните згради и гледам одат на масивност. Веројатно поголема заработка.
А што мислите за Козле? Мене таму ми фати око да купам стан. Гледам се градат многу фини зградички, од по 3 ката.
Мора да внимаваш дали има паркинг. Ниту една од зградичките таму нема паркинг ниту подрум Плус тоа во Козле нема улица со тротоар.Секојдневно се изложуваш на опасност од возила, а се вози Богами брзо