Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    Кула Ц искрено е никаква спрема другите..
    И тоа што го нудат за цената...фала ама не би..
    И јас бев загреана за таму, за другите кули..
    Ама кога се распрашав за Ц па ништо не нудат..
    Нешто разбрав дека и греењето нема да е како на другите кули..


    А за парно, моите плаќаа 3100 последно за нивниот стан на железарско парно..
    И тоа 12 месеци по 3100..
    И се исклучија.
    Сега се со термо печка 6ка, како што си бевме и пред парно да пуштат кај нив
    2700-2900 им стига сметка.. со се бојлер, шпорет, фрижидер итн
    И секаде е топло бидејќи распоредот е таков да ако отворип врата од малото ходниче, спалните ќе се загреат одма
    Тоа веројатно дека од сите 4 страни има станови..
    Другарка моја во аеродром за 40м2 во нова зграда 1100 плаќа за парно
     
    На Elen4e_sonce, g8lQQk и mssuniquee им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Јас сега да купувам стан би купила стар и би инвестирала. Од проста причина што новите се толку лоша изолација, што со комшиите се довикуваш преку зид, ниски плафони како во кутија, соби мали да не зборувам, и никаде нема одделена кујна асолна туку секаде само со шанк и аспиратор и цел стан да ти мириса на ручек. Цел живот живеам во стари згради, а сум одела кај луѓе на гости во нови, тоа да те фати клаустофобија. Спалните и детските се мали, нема место ништо ставиш, Јас имам 87 квдрати стан, со спална и детска соба, и 50 квадрати дневна, трпезарија и плус одделена кујна. Сега во 87 квадрати стан прават 5 соби Становите не се унифицирани. Не се вертикала по вертикала распоредот, туку ако кај тебе е спална кај комшијата до тебе е дневна, во старите згради си има стандард, се знае каде се спални , каде се дневни. Другарка моја живееше во еден стан каде над нејзината дневна, комшијата направил бања со џакузи. Па кога рече протекува, преку лустери инстлации. Страшно!!! Влезовите се можеби непрезентативни ама за шминка да фркнам толку пари не ми паѓа на памет.

    За греењето, моето парно би коштало 3850 денари, сега се јавував прашав, со клима и панели сум ( исклучена сум ) и тоа без пазење евтина/скапа, нон стоп греење, сосе готвење, бојлери и све јас сега платив 4500 илјад денари.
     
    Последна измена: 18 јануари 2021
    На Autumn Love, thelittle17, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  3. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Машки
    па добро, не е некоја голема квадратура
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.561
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам право, ама не е баш ефтино како што слушам. Јас различни информации добив, 0,5 и 0,75 центи за м2.

    Па не знам што добија претходниве кули? Имам познаници кои живеат таму (а и јас сум веднаш до нив) и не се задоволни од тоа што им го дадоа. Пред да купат становите им ветувале дека ќе користат базен, спа, теретана и слично, а сега треба да си платат. Да, имаат попусти, ама пак. Плус, паркинзите им се изгор скапи како што читав, па луѓето не купуваат. Едно време пред вирусов, секој ден хараа пајаци по улицава затоа што некој од Џевахир констатно ги пријавува за да ги принуди да купат паркинг. Ова беа информации што кружеа, колку се точни, не знам.
    Ама.... квалитетот на градба им е без збор, а и начинот на кој функционира зградата. Плус имаат ХВАЦ (хеат, вентилатион анд аиркондитион) што мене многу ми се допаѓа. Ние размислувавме за таму, ама не добивме инфо околу одржувањето, не е фиксно колку што знам, плус другите услуги кои мора да ги користиш цената никој не ти ја гарантира :doh:
     
  5. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    10.582
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор и јас вака размислувам, тотално се согласувам :) И ние бараме стара градба ама забегуваат со цените, ги продаваат како да се нова градба :?: Цел живот живеам во стари квалитетни градби и знам што значи правилен распоред, изолација и сите предности(порано се градело логично и со ум а и врвен квалитет, а денес за 2 месеци толкави згради) |(
    Е сега знам дека имало исклучоци каде имало и добри инвеститори кај новите градби ама јас уште не сум ги пронашла :?:
    Јас се чудам новиве градби дали и архитекти ги проектираат |( (facepalm)
     
    На thelittle17 и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Спа центароот го дадоа на приватник да го работи и затоа сега само неолку пати месечно по саат време можат станарите да користат .. Ова ми е од пријателка што живее таму.
    @Cherry blossom89 бев на гости во зградата до Окта на партизнаска кај што има банки доле. Седам и ги слушам комшиите кај што си праат муабет, мириса вентилација оти нели нема прозори нема посебни кујни итн.. а бе ужас невиден. Во Аеродром во стан, не знам кој ја има градено, влегувам, мислам дека плафонот ми тежи на глава, не сум некоја 2 метрашка 167 сум, цело време на терасичето седев зашто мислев клаустофобија ќе добијам.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.561
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во нов стан и не сум ги слушнала комшиите. Освен влезнта врата која пропушта звуци, друго ништо не пропушта. Меѓу становите и ходниците имаш гипс, изолација, цигла, изолација, гипс. Плус, (кај нас барем) со едниот стан граничиме спална со спална, со другиот стан кујна со кујна. Пет години сум во станов, јас комшиите ниту еднаш не сум ги чула.
    Замерка ќе најдам на водоводната инсталација во купатилата и тоа што немаат прозори, ама... не може да се споредат стари станови со новиве оти тогашните цени на чинење на становите и стандардот со сегашниве се неспоредливи, па ретко кој денес би се решил да купи двособен стан од 85 м2, повеќе одат на варијанта како што ние се решивме, помал стан, поповолен кредит. Кај нас дневна со кујна и трперзарија ни е околу 26м2, спалните се по 10, а вц минијатурно, ама... како што реков се прават компромиси. Јас ни на сон не помислив да купам стар стан. Ем инсталации менување, ем комплетно реновирање кое секогаш чини дупло поскапо од предвиденото, ем стари радијатори, па ти ако сакаш смени во станот се, зградата е стара и инсталацијата останува иста. Може ќе смениш да се грееш на клима, ама цевки ти поминуваат низ стан и во секое време можеш да го чуеш комшијата над тебе кога ќе кивне, пример :^) Во два стари стана имам живеено и секаде ги слушав комшиите над мене.
    И уште ова, не знам каде си била, ама сите нови станови кои ги знам треба да се градат по правила, а тоа е висина 2.75 што е стандарна според мене и сосема ок.
     
    На BejbiBlu и Katecentar им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Е јас на пример имам топ изолација. Видиш секој со искуството. Од новиве ми фаќаат око Биси дека се квалитетни.. ама вака што ги гледам.
     
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И јас повеќе сум за стар, барем знам дека се градени по сите стандарди.
    А за новиве градби, сум имала прилика да гледам како манипулираат градежниве фирми со материјали.
    Страв да те фати. :worried:
     
    На Cherry blossom89 и LadyC им се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Искуство.
    Јас мојава стара зграда искрено не би ја менувала за ништо...
    Ептен дека куќа решивме инаку се' имам. Инсталацијата не ја ни мислам.
    Сме немале проблем тука, у нова не еден, 1001 лично јас...
    Плус чкљ лифт увек што не работи у нова, јер ефтин за инвеститорите, па пеш јадење и се тешко носиш до стан... Ако живееш на 5, 6, 7ми и погоре? Ептен win win :drunk:
    У оваа у 27 години живеење 5 пати се имаат двата расипано.
    Старо не мењам за ново.
    Живеев и 5 години у стан со парно
    Од парно увек сув нос, суво грло, претопло, не можеш да излуфтираш дека корне надвор на запалено.
    Се е до карактер видиш. :D
     
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    10.582
    Пол:
    Женски

    Јас пораснав во Воените кули и градби како нив тешко да има денес. Црвените се исто добри и таа околина околу Скопјанка и од Ново Лисиче има квалитетни. Зборам за овој регион зошто го познавам..може да има и во други населби но секако стара градба бирам пред нова.
    Мене во новиве ми "боде очи" тој безврска распоред и изолацијата. А она па као трособен кога ќе го пишат на оглас, а 50кв е целиот (facepalm) од каде трособен (facepalm) а внатре собички минијатурни да има за сите по една (facepalm)
    Се знае како треба да изгледа спална детска итн.
    Јас во живот немав слушнато комшии кога одат во тоалет или да се караат, да имаат гости итн.
    Секако ако излегува од граници на нормала да се дерат, тогаш тоа секаде би се слушнало.
    Е сега да се опаметат да ги спуштат цените за продажба ќе биде попаметно, зошто сепак не е нова градба иако вреди повеќе од новата.
     
    На BejbiBlu и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    61m² 1100 денари месечно, во текот на цела година.
     
    На jarec6, Jana06 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Па добро, ако ја пушташ 2 саати дневно на 20 степени и ја грееш само дневната, точна ти е математиката.
     
    На Katecentar и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    3 месеци грејна сезона? Плус 1000 денари на струја ако е надвор - 15°?
    Гратис сув воздух и камен ладен под.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Katecentar

    Katecentar Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Iskustva so golden art dali ima nekoj ziveeno tamu kakvi se po kvalitet rokovi nekoj problem protekuvanja vo kupatila i sl.izolacija itn.
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Katecentar

    Katecentar Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Od koj investitor se zgradive zosto i jas baram so pomali spalnicki?
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    И ние гледаме стан..првично бев со идеја на старо па д аго реновираме,ама со цениве претерале..1200еу/квадрат на старо?! па на ново може да се добие погодност ако дадеш 50%сега,па после друга половина...
    Друг минус,во стар стан ќе смениш ти инсталација на твојот стан,ама комшииве нема.што значи не си сеобезбедил ко што треба..
    Е и новиве ствано се изван стандарди,на минијатурн а квадратура ќе наредат 5соби..Се наоѓа и ок стан,не дека не,ама не било лесно ко што мислев :)
     
    На NPN и Katecentar им се допаѓа ова.
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше од ноември до март средина 24/7 упалена у стан од 35м2 , рачунајте секој месец имав околу 2000, последниот најладен беше (феб) и платив 3800.
    Реално не е ич скапо. Нозете не ми беа камен оти не бев на приземје со стан туку на први, сите ме грееја од сите страни.
    За сув нос ја од пукнато парно у 55м2 јадев сув нос и грло и детето и маж ми.
    Ни крпи на радијатор не не' спасуваа.
    Не се убедувајте беспотребно.
    Секој си знае што му чини повеќе.
     
    На thelittle17 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Не се разубедувсме, форум е, секој може да каже што мисли/сака.
    Во склоп на муабетот дали да се купи нов стан со веќе наместено парно греење или намерно да се бара без, јас секогаш сум за парно. Не си обврзан да се грееш ако не сакаш, ама го имаш како опција. Поевтина варијанта е да инвестираш во инвертер клима ако ја немаш, отколку во парно. Од таа гледна точка.
     
    На Spidy, fana и LadyC им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Е не можеш да ставиш парно ако цела зграда нема, освен цела зграда да сака. Права си за тоа.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.