Ние кога гледавме станови, гледавме и таму. Беше септември некадез и ни рекоа дека левите два влезат ќе бидат пуштени до Нова год, а најдесниот до март. Ние се мислевме за станот во најдесен влез, на први и втори е 88 м2. Цена ни рекоа 800 евра/м2. Другари наши пред три години гледаа во истата зграда, и среќа што не купија. Уште не е пуштена како што гледам. Инаку за имотни, тогаш кога гледавме никој немаше. За таму знам дека има спор, и дека ваделе вода од подруми. Ние разговаравме со градежен инженер, и ни рече дека може да се оштетени темелите ако стоела водата. Се симнавме и на -2 или -3 не ми текнува, имаше уште вода. И некако поради водата, и поради тоа што со години доцнат, се одлучивме да не земеме воопшто.
Благодарам, се чини дека и јас се откажувам од оваа егзибиција.Ама искрено памет немам која страна да ја фатам
Имаш убави во Станиќ во Алуре Комплекс, потоа знам дека фабрика Карпош градат уште еден блок Александрија. Циле Инженеринг продава исто одма до продавницата нивна. Пиши им на Маком, имаат исто нивна зграда нова во Влае, делот поблиску до Карпош што е и со парно е зградата. Ако можеш, прошетај околу делот на Александрија, уште неколку згради се градат надоле, само нема да се оваа година готови.
Благодарам, Саник немаат останато квадратура како шро барам. Александрија за 2 години, Циле Инженеринг немаат помала квадратура слободни, Маком не се почнати со градба на новите и ферски не знаат како ќе бид состојбата со карантини и останато па не сакаат да се обврзуваат кон купувачите со рокови што не можат да ги исполнат. Секоја чест за искрениот одговор од страна на Маком.
Е сега имам уште едно прашање: згради во градба од бетонски блокови или цигла? Имате искуство или инфо што е подобро?
Имаат градено една 6 катница во близина на Универзална,сега почнуваат нов проект Твинс во Ново Маало.
Некој повеќе инфо за Билд Инвест од Куманово во поглед на квалитет на градба.Имаат една зграда во Маџир Маало изградена пред 3-4 години.
Здраво, дали има некој искуство со електрично сопствено парно(колку си потрошиш толку ќе си платиш) да не случајно доаѓаат големи сметки?.. Во зградата каде што сакаме да земеме стан не им дозволиле централно парно.. Па сега се мислам дали е подобра опција горенаведеното или да си барам клими инвертер...Ви благодарам
Со сопствено електрично парно ќе имаш релативно големи сметки за струја(зависи за колкава површина се работи),со инвертер уреди би ти било доста поекономична варијанта.Сепак тука влијаат многу работи ориентација на стан,вид на изолација и големина на просторот кој треба да се загрева.Ако не е тајна за која зграда станува збор?
Зависи од квадратура. Мои пријатели имаат сопствено парно, греат дневна споена со трпезарија, спална и купатило. Мал е станот, некои 40 квадрати, сметки до кај 2000-2500. Ние имаме инвертер клима и панел. Имаме некои 110 м2 ама грееме некаде половина зошто сме само 2. Плус имаме подно и проточен бојлер кои се на струја и не фаќа некои 3000 +500 некогаш
Ќе пишам тука, роднина продава 2 плаца во Ѓорче Петров комплет средена документација, маркица дозвола за градба.. Едниот е 220м2, вториот 283м2 Вода струја канализација се има.. Доколку некој е заинтересиран ќе му пратам линк од огласот,
Здраво девојки, дали знаете за понови згради во околина на Карпош / Тафталиџе Мене ептен ми се допадна Ресиденце 106 до Веро Тафталиџе, ама нажалост не е останато ништо. Барам квадратура околу 48/55 м2