Зарем по тие малите улички бргу би се возело? Инаку разгледав јас неколку згради. Подрум немаат, но имаат подземен паркинг. Гледам на улица Стогово многу зградички изникнаа, а целата улица до пред некоја година беше комплетно реновирана со нова атмосверска канализација, нови улични светилки и нови тротоари. Генерално цените од квадрат одат од кај $1100 до кај $1250. Со оглед на тоа што е многу близу до Водно и е далеку од гужви, а сепак тивко, релативно почисто и блиску до центарот, цената и не ми изгледа претерана. А и немора да е Козле, Црниче и Водно исто така ми фаќаат око. Генерално гледам да сум поблиску до планината, да избегнам гужви и населбата да има фини фамилијарни луѓе.
Некој со искуство за стамбен кредит? Колку ќе треба учество за стан од 60 000? Знам за 10 % ама викаат повеќе треба ради 2/3 .... не сфатив. Некој фин детално да објасни?
Увави населби си одбрал Тесни улички, тротоари ем тесни ем испаркирани коли а на преостанатото место шибаат коли со голема брзина.Квадратот е толку колку си напишал. КОга е најжешко во Скопје во овие населби е за нијанса посвежо, воздухот е друг.
30% е учеството и него го бара Банката каде што ќе земате крдит. Значи 18 000 евра ќе и приложите уплата (што сте уплатиле кај ,,правачот,, на зградата) на Банката Бидејќи се работи за голем кредит, најверојатно ќе треба и и новиот стан и уште еден да ставите под хипотека. Банката ќе израчуна колку сте двајцата сопружници способни да плаќате кредит. Ако Вашите примања им стојат малку тогаш и на некој од ближните ќе Ви бараат да Ви бидат ко=кредитобаратели, ама и тие да работат во државна фирма. Обезбеди си едно 1000-1500 евра за вадење разни документи и за Нотар.Многу скапо чини Нотарот.
Јас досега вака сфатив, кориигирајте ме ако грешам. 60 000 стан. Задолжително е 10% учество, значи 6000 евра. Проценителот од банката го проценува станот на 45 000 евра и толку ти два банката. Значи сам доплаќаш разлика вкупно 15 000 евра. Плус нотар и данок. Хипотека само на тој стан. Ако имаш друг кредит не ти даваат стамбен кредит, и од каде ќе најде човек 15 000 евра? Начин да се земе кредит некој поинаку за тие 15 ооо евра?
@Cka баш така му доаѓа. Со тоа што ако е нов станот купен директно од инвеститор не плаќаш данок. Друг начин ако сте кредитоспособни да земеш плус и потрошувачки кредит, па да покриеш дел од тие пари. Или преку проектот Купи куќа, купи стан.
^^ Некогаш може и да не пратат проценител, па банките станот го проценуваат според договорената сума пишана во договорот/преддоговор за купување. А не разбирам зашто стан од 60 000 евра би го процениле со разлика во проценката од 15 000 евра? Ти го проценуваат 60 000, даваш 15 твои, 45 ти дава банката, а за два-триесет години ти треба да им вратиш околу 72 000 евра. Барем јас така разбрав во банка сега скоро. За секој случај до мене си имам правник за вакви работи. И ние веќе неколку месеци сме во потрага по стан, предност даваме на стара градба, за новиве и сам сум бил сведок како неквалитетно се изградени. Ама нема да е чудо ако навиката на двор и удобна куќа не натера да се пишманиме и смениме план.
Стамбениот кредит и некако ќе го одобрат ама тешко се враќа.Цените на становите се многу високи за наш стандард.Значи или земаш комотен стан и робуваш 15 до 20 години за исплата или земаш многу мал стан со помала рата и се туткаш додека децата на ти пораснат и избегаат од дома.После малиот стан ти станува голем
Деновиве барам по огласиве, ама никако не можам да најдам станови (понови градби), во реон Чаир (евентуално Бутел). Повеќето се за Аеродром, Козле, К.Вода итн. Барам со поголема квадратура, нешто од типот на зградата изградена до стадионот во Чаир (кај Веро), добра локација и убава распореденост/простор на соби. Освен пазар3/реклама5, каде можам да најдам други огласи за недвижности, по можност да има опција за селектирање локација (населба/општина)? http://postimg.org/image/9zcbt88xv/
Се продава стан во Аеродром од 61м2 во близина на поранешна слаткарница Стела (кај козметичко студио Сандра) на бул. АВНОЈ. Станот е во добра состојба, се наоѓа на 3 кат од 6 ката (има лифт) на северозападна страна и има 3 соби, кујна, wc, две тараси и подрум. Цена: 50 000 евраКонтакт : 078 285 899 - Петар
Е таа е процедурата и добар ти е есапот Чка. Ако зимаш друг кредит за тие 15.000 евра, нема никакви шанси да ти го одобрат станбениот кредит, ти паѓа кредитната способност. Едино ти е заем од по роднини и пријатели... друго нема. Или родителите твои и негови зимаат кредит по пола, а вие станбениот... Стан денес или кеш или имаш пари и го зимаш на кредит, го ставаш под хипотека, внесуваш кираџии, забораваш дека го имаш, се отплаќа од киријата и за 20 години додека ти пораснале децата, отплатен е и им го даваш на изволте. Како релативно тазе искуство, градби само на Адора, ако веќе купувате нова градба и земете предвид да е со свое парно и према југ. Нема зима да видите. Парно по потреба само во 11, зошто тогаш засвежува, но далеку е од студено.
Кога некој друг би го зел кредитот за учеството, ќе бидат 2 крадити за плаќање во еден месец - еден за станот, еден за учеството - потрошувачки, што не е мала сума на пари месечно. 2 кредита. Прилично неверојатно изгледа. А за ова со кираџиите, е супер бизнис, ама пак, треба да има основа, учество. Добра инвестиција во секој случај, барем децата да не се мачат у животот
Може со банката ако имаш добар пријател да се договорите проценителот да го процени станот повеќе од сумата за да можеш да ги добиеш потребните пари од банка И тоа за стан на старо.Пр,ти требаат 60000 Е проценителот ти го проценува 80 000 а банката ти дава кредите 1/3 од тие 80000 т.е.60000 односно толку колку чини станот.Но само ако сака банката да се договори со проценителот
Мила јас работам во банка и плус сега земав станбен кредит. Значи доколку ставаш своја хипотека односно друг стан а не тој што го земаш учеството е 10%. Доколку го ставаш истиот стан кој што го купуваш под хипотека учеството е 25%. Трошоците не се занемарливи што следат: 1. Учество 2. Нотарски трошоци околу 900 еур ( за преддоговор, потпишување на заложно право на станот од кога ќе се одобри кредитот и на крај финален купопродажен договор) 3. Адвокатски трошоци 4.Полиса 5.Административни такси и трошоци И да не заборавиме ДАНОК ЗА СТАНОТ 3% од цената (1800 ЕУР) За почеток за стан од 60 000 еур потребни ќе ти бидат околу 20 000 почетни финансиски средства. Процедурата доколку ги задоволувате сите услови трае околу еден месец во најдобар случај. Во зависност од ажурноста и брзината на кредитното тело.
Јас и сопругот купивме стан во стара зграда. Прастара поточно. Долго размислувавме каков стан да купиме, па гледавме огласи, се обративме во агенција за недвижнини и видовме, да не претерувам, ама 50 станови низ Битола. Прво се залетавме, сакавме да купиме стан во нова зграда, вселива и функционална, меѓутоа сумата не ни одговараше. Меѓу другото, новите станови во таа зграда ги продаваа отворени, па ако сакаш да изведиш спална, или некаков распоред, треба сам да си преградиш. Друга работа што на некој можеби ќе му звучи глупаво, ми сметаше што во купатилото имаше црвени плочки, и подни и зидни. Се пресметавме и сфативме дека кога би купиле нов стан, секако дека треба да вложиме минимум 2000е за преградување и преправање на купатилото, и сумата би заминала од она што реално можеме да си го дозволиме. Си купивме стар стан, го реновиравме комплетно (туркање преградни зидови, дограма, врати, под, купатило, водна и електрична инсталација итн итн) и ни дојде поефтино отколку за новиот стан, а се направивме по сопствен вкус.
Можеби е така во Битола, но во Скопје цените на старите градби и на новите се потполно исти. Дури и некоја стара градба зависи на која локација се наоѓа може да е поскапа од нова зграда.
Воопшто не се сложувам. Имам искуство со купување и стар и нов стан. Во стариот стан сметката за струја секој јануари беше 8000 денари а во новиот не надмина 4500 денари иако стариот беше помал. Новата зграда во која живееме втора година има толку добра изолација што цела зима температурата во станот не се спушти под 20 степени дури и кога парното не било вклучено неколку дена.
Не се согладувам. Постои такво општо мислење, но завиди од стан до стан. Видов преку 50 стана и стари и нови. Прво градежните материјали не се исти. Ние плаќаме смешна сума за греење а температурата е 25 степени. Одлична изолација и топлотна и звучна. Значи пак зависи од стан до стан, но сепак правилото старите се подобри не е точно.
Јас живеам во стар стан и исто така плаќам смешна сума за струја. Зградата е од пред земјотресот и има одлична изолација, не се слуша ништо од кај комшиите. А за струја во јануари порано доаѓаше висока сметка кај сите и кај новите и кај старите градби бидејќи беше паушална кога се користеа стариите саати. Откако ги сменија саатите нема такво нешто. А точно е дека зависи од градбата, има и нови згради што не чинат и стари и обратно има стари градби ТОП, но и нови ТОП. Секако треба УБАВО разгледување кога купуваш.