Зависи на која страна ќе ти гледа станот,во секој случај ќе имаш многу градилишта во близина едно ќе ти биде од пробивањето на бул.Асном кон Ќерамидница а од другата страна во склоп на Космос се планирани уште три помали згради источно од сегашното здание.Плус околината ќе треба доста време да се потсреди како што треба,плус живеењето во таков комплекс може да креира поголеми трошоци за одржување на сите поволности кои се даваат и слично така да секој сам си одлучува.Тој дел е доста понизок па од аспект на магла и смог лично не би го избрал,исто важи и за делот зад Мак Ауто Стар кој делува некако индустриски и воопшто не ми е својствен за живеење.Сепак секој сам најдобро си знае како ќе постапи и каде ќе инвестира во стан.
Тие што имате купено станови во Саник што би можело да издвоите како предност а што како слабост и во изградбата и во односот кон потенцијални клиенти,гледам масовно се раширија и во Аеродром со 2 нови објекти па ме интересира какво искуство имате?
Ние чекаме преддоговор да ни пратат, да го разгледаме со адвокат и нормално ако е се ок да потпишеме. Се одлучивме за Алуре комплекс во влае, станот е на запад, позади зградата просторот е предвиден за паркинг, не може да никне зграда, пред зградата има неколку куќи, ни се допадна распоредот на собите за квадратурата што ја одбравме, помеѓу становите има ѕид, помеѓу собите гипс. Исто така ни одговара цената за квадрат, пред се заради добрата локација. Имаше тука пишувано мислам за некои што се вселиле во другата зграда на Саник во Влае, Алуре.
Мислам дека немаат стари згради, сепак прилично се нови како фирма со масовна градба, допрва ќе се треба да се докажуваат. И оттука колку ќе биде релевантно мислењето од некој што живее во станот пет месеци или пола година? Се дури е ново се, нема да има проблеми. Иако одредени недостатоци се видливи во првата година, откако ќе се населат сите станари. На пр. звучна изолација, ќе знаеш дали е добра откако ќе се населат соседите, лево десно, горе. Цевки, притисок на вода на горните спратови дали ќе има летните месеци, миризба од вентилација, мешање на мириси од кујна и купатило.
Здраво на сите! Кажете ми опции за стамбен кредит без учество. Уште не сум била по банките ама имам блиска личност која скоро купи стан а на која во самата банка и завршија како да дала учество. (некој начин со вирманите). Имате ли такво искуство?
Stanot sto go gledam e skoro najgore i gleda nakaj vodno vardar toj pogled, ako se napravi patot mislam deka bi bilo dobro
Ние прашувавме и без учество нема шанси да се земе. Ние ќе земеме потрошувачки кредит за учество и остатокот станбен.
Ние купивме стан без кеш, со два кредита, еден потрошувачки за учество и другиот станбен. Прочитав на некој форум дека некои банки давале и без учество ама со две хипотеки, и тоа дупло ќе кошта на нотар
И ние истата опција ја планираме. Кажи ми откако потпишавте преддоговор уплативте учество, така? После со преддоговорот заверен аплициравте за станбен? Нас ни е одобрен потрошувачкиот, ама чекаме преддоговор па ќе аплицираме за станбен.
Дали има некој да сподели искуство од становите на Елена Лука. Сакам да земам Кисела вода, на Борис Трајковски, сега почнуваат да ја градат, до трети спрат е. Како се со градба, рокови, квалитет? Фала ви
Во Македонија никој нема пари а каде и да прашам во Битола за стан сите се распродадени дали некој мене ме зафркава ?
@monik55 Јас сакам да земам таму, 1050 плус 5 % данок на промет, искача 1100. Имаш ли инфо како се со градба, квалитет, рокови? Фала ти
Се снаоѓаат луѓето, гледаш дека само за кредити се збори, еден потрошувачки за учество и еден станбен, па се отплаќаат 30 години. Секој прави жртви за да си има свој кров над глава. Ретко кој има 60 70 000 евра за да може да си купи стан во кеш.
Ни јас немам во моментот кеш да го платам цел стан одеднаш но бидејќи не живеам во Мк во моментот навистина сум изненадена бидејќи буквално сите се жалат дека само преживуваат . Дај боже сите да имаме ама да не се жалиме
Тоа се вика понуда и побарувачка, расте побарувачката расте понудата а бога ми и цената. Не умираат луѓе по улица во Македонија, работат, штедат, купуваат станови како и цел свет на кредити за 30години. Не знам некој во Америка да купил куќа без mortgage. Дури и каматната стапка е речиси еднаква. За Европа да не правиме муабет. Ако нема побарувачка инвеститорот не е глуп да гради и да чека гастербајтери да се смилуваат да му ги купат становите. Размислувањево сачујбоже. Он топик: Причина зошти НИКОГАШ АМа НИКОГАШ не се дава капар на рака, се зема преддоговор с еоди кај ваш адвокат да го разгледа, одите на нотар кој ќе извади предбелешкс од катастар и ќе ве впише како идни сопственици и тогаш се пушта учество и за кратко и парите од кредитот. https://www.slobodenpecat.mk/za-ede...cza-kupuvachi-prijaven-agent-za-nedvizhnosti/
Сите си имаме свое мислење и размислуваме на различен начин,јас лично никогаш не би земала стан на 30 години исплата . Ако моето размислување ти е сачувај боже тогаш прескокни го бе жено ... И да конкретно во Битола становите се купени од наши луѓе кои живеат во странство...
Сеа одлучи се од странците се купени или од македонците што трпат за леб? Ти си зачудена како може да нема слободни станови во Македонија, јас ти објаснувам како, не ти кажувам како ти да купиш. Мислењето е сачуј боже затоа што звучи деградирачки, впрочем како и на мнозинството излезени од Македонија.
потрошувачкиот го зема маж ми во друга банка, и непосредно пред да одиме на нотар за потпишување преддоговор го уплативме учеството, не можеше да се потпише без уплатница. После потпишувањето со преддоговорот отидовме во мојата банка и аплициравме за станбен, па после следеше пак на нотар за потпишување хипотека и на крај уплата од банката кон инвеститорот. Сето тоа траеше точно несец дена. Нормално пред сето тоа отидовме во банка кажавме кој стан ќе го купуваме и ни ги кажаа сите услови.
Фала ти. Ме интересира пример што ќе се случи доколку учеството е уплатено а станбениот еве не се одобри? Се распрашавте ли за ова пред да аплицирате за станбениот?
Девојки здраво, моментално сум во фаза на разгледување станови и сакам веќе готов зошто немам време да го чекам да се изгради, па ме интересира дали некоја од вас има стн во Џевахир и како е со давачки и дали е квалитетно изграден и сл? И секако, ако имате некоја дополнителна препорака ве молам пишете ми, многу ќе ми помогнете