Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Добро,си се преселила од Македонија, но не заборавај од каде си дошла. Знаеш како се живее во твојата родна земја, за тоа и си се преселила, но жалосно е што многу брзо си заборавила како твојата фамилија и сограѓани живејат тука. Жалосно е да си толку цинична.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас сум надвор од Мк 3 и пол години само и неможам да купам стан сеуште, никаде не се печалат пари лесно тоа е факт.
    Не сум цинични жено божја изненадена сум,цинично би било да купам стан и да кукам нон стоп дека едвај го поминувам месецот тоа не ми е логично.
    Знам дека повеќето во Мк имаат кредити и кредитни картички но кога си купил стан исплати го достоинствено и испланирај си го месечниот буџет.
    На било кој начин да земам би била пресреќна...
     
    На buba4e89 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Од што си изненадена извини?? Без глумењава те молам, врати се тука и испланирај си го месечниот буџет. Овие барем со македонски плати живејат и плаќаат се ДОСТОИНСТВЕНО. Изненадена сум јас, како тоа не можеш да си купиш стан и тоа во кеш, а печалиш надвор од мк.
    А поминете граница, а заборавате се од кај сте дошле. Се срамите од сами себе. Бегаш од Битола кај што си родена и плукаш по својот народ. Не се прави холувуд звезда те молам. Не се резили
     
    На simona_baby, SuperGirl24, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Па не е достоинствено рата од плата да ти одбиваат секој месец?
    Од што си изненадена исто не знам, тие што работат можат кредити да земаат, постојат и субвенции итн.
    Нормално дека секој си го планира буџетот ама не знам што е недостоинствено да се пожалиш на блиски или на форум дека ти е тешко? Посебно па во државава, во Скопје цена на м2 е како во сред еу метропола, а плата помалце од социјална помош во еу метропола, нели. Па една плата оди за сите трошоци, една плата за живот.

    И да, еве ти не би плаќала кредит 30 години, тогаш еве посоветувај не` нас останативе што да правиме, да живееме со свекрви, со мајки, под кирија засекогаш?
     
    На SuperGirl24, Dust, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  5. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Пробува изгледа да ни долови странски менталитет или што ја знам....Но далеку е од тоа со ваков малограѓански однос. За 3ипол год живеење во странство, се губи сенсот од каде доаѓаш и каде си растена воспитувана..... а тие што се одселени по 30год кој знае какви се..... немам коментар просто
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Па и јас сите што ги знам во странство, меѓу кои и најблиска фамилија, во прв момент кога имаат можност во смисла жителство и исполнуваат услови за кредит, купуваат живеалишта.
    Не купуваат оние кои се доволно млади да сакаат да шетаат повеќе, и оние кои не исполнуваат услови за кредит.
    Не е дека во Македонија ги измисливме станбените кредити де :D
     
    На baby-star, Luminary и GirlVolley им се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    За се постои решение. Само за домашното воспитување не. Исмејување и судење....како што кажв без коментар сум, во 21 век што не ќе прочитам...
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е подобро да исплаќаш свое а не да плаќаш туѓо логички.
    Знаеш колку луѓе има кој имаат мали плати и немат услови да земат станбен кредит а ни банката не им одобрува ,па се осудени да живеат под кирија ,некој ако зема солидна плата си купил стан и си го исплаќа не гледам простор за секојдневно кукање и жалење.
    За све што вреди треба и да се жртвуваш,јас сум далеку од своето семејство од својот роден град само за да направам нешто во животот сум се жртвувала и откажала од многу работи.
    Ама кај нас жртвата се слаба страна ако се купи стан макар и на исплата мора да се искршат нозе и да се оди на летувања и на зимувања бидејќи како тоа купија стан а немат да одат на одмор.
    Со чесни и ретки исклучоци се разбира.
    Долга е и широка да не должам и да не одам оф топик .
    Не би сакала да отплаќам стан на 30 години бидејќи до утре незнам што ќе ме снајди и дали ќе бидам жива а не пак по 30 години тоа е мое мислење...
     
    На Mnik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Машки
    Проверувајте детално се’ пред да земете стан. Имотен лист чист, инвеститор кој е, да не е станот под хипотека. Пријателка моја триста проблеми најде на станови каде што гледаше да купува. Многу внимателно треба.

    А мој совет? Купете стан во постара зграда, голем дел од новите згради се чудно проектирани, со големи ходници во зградите, а тука губиш на квадратура. Со стубови чудни среде соба... страшно ...
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Пак нешто не се разбираме, или не ги знаеш баш работите.
    Не можеш да земеш станбен кредит без да имаш животно осигурување. Тоа едно.

    Второ, која е разликата дали плаќаш 200 евра кирија, или рата?

    Бидејќи буквално е тоа мојот случај, чекам да ми одобрат кредит, до тогаш живеам под кирија која ме кошта колку ратата за стан.

    И кој колку кука, некако немаме право да судиме, оти еве мене ми се кука што воопшто работам и што немам некоја куќа на море, и? Зошто да не си кукам?
     
    На buba4e89, baby-star и GirlVolley им се допаѓа ова.
  11. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Не би сакала да отплаќам стан на 30 години бидејќи до утре незнам што ќе ме снајди и дали ќе бидам жива а не пак по 30 години тоа е мое мислење...

    Од целиот разговор, само ова требаше да го напишеш
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Важи тебе ќе те прашам напред пат.
    Научете се да почитувате туѓо мислење.
    Крај на дискусија:hai::hai::hai:
     
    На Mnik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Aко купиш стан не значи дека мора животото да ти застане и сите пари на станот да се трошат. Мора да се планира да имаш и за други работи не може само за тоа да има и за ништо друго да нема. Барем според мене. Одење на одмори и слично е нешто кое што е исто така потребно.
    ЕВе јас имам станбен кредит од тој што долго се исплаќа, како впрочем и секаде низ свет (такви се станбените кредити долгорочни), ама висината ми е планирана на сума да можеме да одиме и на одмори и на шетања и на се. И да доаѓа некогаш тешко и некогаш ќе се пожалиш чисто колку да ти излезе од душата некогаш тешкото и толку. Не значи дека ако си се пожалил живееш во потполна депресија зашто си купил стан. Сопствен стан значи и самостојност и стабилност. Значи уредување на простор како јас сакам и кога сакам. И тоа е дел од стекнување лично богатство. Секаде во свет.
    А дека е личен избор и дел од животенм стил можеби е.
     
    На IRBBB, Mnik, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Е ова,
    И јас истото го кажувам, посебно кога одредувавме висина на рата.
    Не ми треба само живеалиште, ми треба и да живеам меѓувремено.
     
    На JoyJoy и baby-star им се допаѓа ова.
  15. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Научете се да не судите. Туѓото мислење е секогаш добредојдено, а ќе го примените правилно кога ќе научите што е мислење, а што осуда
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.087
    Пол:
    Машки
    Се согласувам.
    Ако се купуваат станови во градба обавезно треба да се провери инвеститорот дали е задолжен и колку, затоа што така некому врз основа на преддоговор да му се дадат 7-8000 евра или повеќе па и помалку во денешно време е ризично, затоа со преддоговорот пред да се потпише и имотен лист/или евидентен лист, прво кај адвокат за консултација па после потпишување и аплицирање за станбен, сепак сигурно си е сигурно.
     
    На Jordanco Smart и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Ама и вие ја судите девојката. Сфатете дека не секој е спремен на тој ризик да има два кредита. Еве јас ќе тргнам од себе, јас доколку би немала за учество никогаш, ама баш никогаш, не би земала кредит за стан. Тргнувам од тоа дека ако нормално не сум можела да заштедам за едно учество, како тогаш би заштедила за два кредита. И да, не би идела на одмор и не би се отпуштила така лесно зошто постојано ќе го имам тоа чувство дека некаде должам. Ама тоа сум јас. Сфаќам дека има луѓе кои се спремни на поголем ризик, но јас не сум. А и муабетот дека ако е настрана па морала да има пари ви е е врв.
     
    На Mnik, buba4e89, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vidoviks

    vidoviks Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    пред било што да се прави, прво се оди во банката за станбениот кредит и врз основа на бараниот стан што ќе се купува (банката веќе имаше проценки на становите), банката прави профил на клиентот и дава понуда за износот на станбениот кредит. Е дури после тоа бркавме за потрошувачки итн. Целта на банките е да "продадат" пари, тоа им е основната дејност. заработката им е разликата помеѓу каматите на депозитите и кредитите, која во моментов им е околу 3-4% Во некои банки вработените земаат бонуси ако одобрат кредит, а во други дури се на норма и мора да продадат толку и толку кредити месечно
     
    На попкек му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски

    Не знам кој е тој што му дале кредит, без да има да плати учество??? Јас сепак би кажала дека секој може да си дозволи повеќе работи, доколку работи па макар и две работи истовремено. Нажалост секој втор во мк е приморан на тоа.
    Не ви ја разбирам поентата со коментарите.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Ok chill.
    Нема потреба од толку потресување
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.