И јас не би. Сега штедам, и ако има готова пара еден ден да купам недвижен имот, ок, а ако не, не знам, ама кредит не се враќа така лесно. И јас би имала чувство дека должам. И сега не се лускузирам, одам на скромни одмори кои мене ми се доволни, само за да тргнам пари настрана, а кога би имала кредит, деца, куќа, сите сметки на мој грб, не би можела. Не знам што е на форумов, ем кредити со леснотија враќат, ем одмори, ручеци, се било можно да се плати. Тешко. Знаеме која мизерија е овде, и какви се платите.
И јас цела младост штедев, и заштедив за плац Не сама, со партнерот. После 4 години заебанции со општина, го продадовме плацот, и ни' останаа пари за учество. Дај Боже да можеш да заштедиш за цел стан, ние не можеме, а далеку сме од сиромаштија. И да, ќе должам на банката, ама банката затоа има двајца кредитобаратели и ако едниот остане без работа, од кај другиот ќе си повлече. Во случај на смрт кредитот е осигуран. Ваше право е дали или нема да купувате недвижност, само не знам кои ви се другите опции: 1. Кирија - живеам под кирија и плаќам колку што би ми била ратата за кредит 2. Да живееме со мајка ми и татко ми 3. Да живееме со свекрва ми 2 и 3 да нас се неприфатливи, затоа 1 ни' е привремено решение. Ако постои и друго што јас не го гледам, кажи ми.
Планирам да земам станбен во брзо време, а веќе имам еден потрошувачки. Така да во меѓувреме и живеам и излегувам и на одмори одам и од ништо апсолутно не сум ускратена. Некогаш гледам да е поскромно, а некогаш баш си ги пружам нозете. Земам солидна плата фала му на Бога и доаѓа ред и да се пожалам, но тоа не значи дека ако земам уште еден кредит ќе ми застане животот и ќе јадам само леб и маргарин. Подобро да плаќам 30 години кредити, одколку на некој да му го исплатам неговиот станбен кредит со тоа што ќе плаќам долгорочна кирија.
Штедам, и би била задоволна да купам барем гарсоњера. Додуше јас и сега можам да купам гарсоњера ама во мал град каде нема да ми врши работа, оти не би можела да се вработам. Но, не е само да се купи, давачки, опремување и слично. Не знам, ама мене ми е поприфатливо да отиде барем мажот во странство да работи ако жената е врзана со деца овде, и по 2-3 години да си купат свој дом. Ниту кредити, ниту главоболки, ништо. Не е исто кога купуваш во кеш и кога земаш кредит. Кредитот според мене е камен околу врат.
Ти одиш на опција кога би се омажила,мажот да ти купи стан.... е ова е веќе друга тема. Ние зборевме за нас поединците и тие веќе што се во брак. Да не правам офтопици, но ИЗВИНИ морам да кажам дека тоа е ваше воспитување во малите градови. Многу жално.
Да остави бизнис или кариера што градел со години, за да оди во странство, и кога ќе се врати да нема ни бизнис ни кариера, ама стан. Ммммм....
Тој што има бизнис, може и го готово да купи. Имам колешка со сопствен бизнис, во една година во кеш купија и стан и плац во село, и фирма на село им изгради куќа. Ако веќе има бизнис, тука нема зима, но и зависи за каков бизнис се работи. Ако е едно гранапче, фирма човек, тоа и не е некој бизнис.
Не. Сега имам свои пари за да ,купам недвижен имот во некој мал град како Пехчево на пример, каде нема работа и е тотална утка да се купува имот кога сите бегаат од таму. Инаку живеам во голем град, не во мал. Не да ми купи мажот стан, сакам пред да стапам во брак, здравје ако имам пари, ако соберам да имам имот на свое име. Бракот не е гаранција за ништо.
Не се труди да објаснуваш,уживај. Ја сфативме поентата, мажот треба да купи стан. Стравот од кредит е само изговор и осудите за другите како што живејат...
Зависи што сметаш за бизнис. Едно гранапче купи ден помини, каде си плаќаш минималец, не е никаква сигурност. Тоа е колку да не ти висат газди на глава, да те уценуваат и да ти се дерат. Моите сегашни газди кои се полни со кеш, купуваат во готово, не се моткаа со кредити. Тој што има кеш, не е будала да се глави со кредити.
Не ве бива ако не се искарате. Така ја нападнавте девојката што е во странство, сега и мене. Осудувате беаз причина. Не прифаќате туѓо мислење. Зошто би штедела ако чекам мажот да купи стан. На таа фора се изгореа многу, мажот ќе купи, и сега удираат глава од камен. Сакам мој имот, на мое име, макар нешто мало и скромно. Ако мажот купи, тоа не е мое, негово си е. И ако сум сакала да најдам таков, цела енегрија ќе ми беше насочена да најдам некој со стан, има и такви.
Не бе златна, зборувам за огромни фирми, со милиони евра обрт и да, имаат кредити оти така функционира светов. И да имам кеш пари, нема во кеш да купам стан, ќе ги орочам Ама јас лично тоа. Некој друг ќе си има друга замисла и така.
Не, кредитот е само оправдување дека поинаку не се може. Младите ако сакаат да живеат сами, а при тоа немаат обврски во смисла семејство оформено, подобро работи 3 години во Германија, сега барем се бара, отколку да отплаќаш цел век и да немаш мирен сон.
Зошто мислите ако некој се спротистави на вашето мислење, дека се кара? Тоа беше твоја порака дека мажот треба да оди во странство и да заработи за стан. Исто како и девојката што се истакна со ниски коментари во 21 век.
Може и девојката да оди во странство. Знам и жени кои беа во Авганистан, и за 2-3 години си купија станови, коли, итн. Ако се реши навреме, е полесно.
Оди ти на пример ако мислиш дека таму се печали. Немој да чекате од мажот. Девојката ги извреѓа тука како живејат НЕДОСТОИНСТВЕНО со кредити и чуда, а тас се пофали дека работи 3год во странство и пак НЕМА купено стан.... значи некој проблем??