За орочување каматите се многу ниски, еве јас штедам, и парите ми се во банка колку да не се под перница. За кредит каматите се повисоки отколку за орочени пари.
Јас пак не знам што се пронаоѓате. Сегде игла во сено да се најде. Инаку 200 евра не знам баш дали толку се одбива за кредит. Така да се сложувам со @CameliaMiller дека парите што ќе ги дадеш за кирија ќе ги дадеш и за рата. Ама па и мислењето на @mime87 држи вода дека скапи се становите и дека 30 години ќе имаш на мисла дека имаш стан да плаќаш. Точно е,не е едноставно со кредит. И нема потреба да се суди со “еј сте се иселиле си заборавила од кај си дошла,жално бла бла” со доза иронија. И јас не би зела кредит за стан (неам ни потреба). Реалноста е дека се скапи од квадрат и цената го надминува нормалното, ќе дадеш толку пари за празен стан на твое име, а тек да се потполни и среди по желба и вкус.
Јас не ја сфатив дека ги навреди. Сигурно има пари да купи стан во некое помало место, или куќа на село на пример, но нема по своја желба и замисла. Тој стан треба и да се среди, не е само да се купи. Реално таа се спасила што заминала надвор. Не мислам дека ги навреди. Зошто се наоѓате повредени и ги извртувате работите? Имам кеш, ама купувам на кредит, абе ајде. Кој така прави. Знам многу печалбари кои беа во Авганистан, си купија стан, куќа, некои почнаа бизнис, и пак им останаа пари во банки да си грицкаат, да имаат за црни денови. Со овдешниве плати само се преживува, и тоа е факт. Да се отплаќаше кредит така лесно немаше да ни се иселат 450.000 луѓе.
мене трајно. Нема стан што би можела да го купам и да плаќам рата колку кирија. Ратата ми е со минимум 50 eвра повисока за стан ист како овој во кој живеам под кирија. А ваков како овој не купувам. За стан каков што сакам локациски каде што сакам, рата ми е 300 евра. Немам. јбг
Па која е другата опција никој не ми кажува Каде да живеам? И тоа странции не се за секого, јас на пример после фина обиколка сфатив дека сакам во Македонија да живеам. А моите блиски отселени, при прва можност земаат кредити и купуваат недвижнини. Заработуваме доволно за рата од кредит да не ни ремети сон
Зависи... Јас поднесов за стара зграда, кај што сакам, до душа 10-15м2 помал од што сакав, ама тоа се нудеше на локацијата. Не сакам во нова зграда, во таква живеам... Ратата буквално колку киријата ми ја пресметаа, некои 500 денари пониска.
Точно, тоа и го напоменав, ние имавме заштедено за плац, плацот го купивме и продадовме, со тие пари учествуваме во кредитот + хипотека.
Се тоа стои. Ама дали ќе биде исто по 10 години? А дури 30 години... Моите брат и снаа средуваат куќа, и снаа ми му вели „добро, ние оваа куќа кога ќе ја средиме комплет, кога ќе остареме, и веќе ќе биде небитно“. Со овдешна плата, немаат кредит, полека средуваат. Да имам кеш пара заработена во странство, ќе си купам недвижен имот, не би чекала. Работа во странство додека човек нема фамилија и деца кои дома го чекаат е идеално според мене.
Ама за тебе е идеално, јас тоа не ти спорам За мене е идеално партнерот да продолжи да си го развива бизнисот, јас да работам послабо платена но сигурна работа, да плаќаме кредит и тоа е тоа И до сега имав кредити и никому ништо, за кола пример, ми одбиваа од плата и 2% не се замарав ниту ми тежеше, и ете го исплатив, и утре кога ќе купувам нова кола, пак така ќе ја купам. Не викам дека секој треба како мене да прави, ама еве, за мене лично, да работам или работиме во странство не е опција
Ама не секој зима по 2000 евра како тебе ( ова лупам бројка ) и не сака да се оптеретува со кредити. Со 250 евра плата самостоен човек без ничија помош не може да земе кредит за стан да купи. Не сфаќам како се пронајде баш дека некој те условува да ти каже каде да живееш. Миме кажа дека се скапи становите и е изненадена, еве јас не сум и точно е. И јас барав да купам стан и скапо е на ново.
А каде кажав нешто поинаку? Препрочитај мислења. Изреагирав за достоинствено или недостоинствено, не гледам што е недостоинствено да плаќам рата. Само прашав која е другата опција, да не живеам под кирија и да не живеам со родители. Како да живеам сама, без кредит?
Со 250 евра немаш ни за основни трошоци за живот, така да и за кирија немаш. Муабетот е кирија или кредит. За двете пари треба.
Никој не те праша дали е или не е достоинствено, тебе те чуди зошто некој не сака да плаќа. Не знам зошто се пронајде ако тебе ти е ок,ок плаќај. Остави другите да си го изразат мислењето дека не им е ок. Ни мене не ми е ок да плаќам долг период. Точно. Ако ме прочита кажав што мислам. Муабетот е за становите и кредит од првото мислење на Миме.
Не ме праша, ама пак прочитај го првото мислење на Миме. Нејзини зборови се тоа, не се мои. Што има недостоинствено во тоа да плаќаш кредит? И ако немаш кеш за стан, кои се опциите? Само тоа прашувам цело време
Леле Бубаче, ај не ме зезај Дискусија не значи дека некој се пронашол некаде. Како замислуваш дискутирање ти?
Ако не се лажам на Миме некако и паѓа криво зошто сите тука кукаат дека немаат пари а сепак купуваат станови. Да, купуваат станови на кредити и затоа кукаат, бидејќи плаќаат рата секој месец и мора да си кратат од друго, се со цел да си имаат свое живеалиште. И мене тоа ми е сосема океј. Не гледам ништо недостоинствено, баш напротив, секоја чест бидејќи треба голема храброст за таква одлука и обрзување на толку голем временски период. Ама таа е реалноста и начинот на кој тука можеш да си обезбедиш нешто свое.
Дискусијава мислиш во снаи и свекрви си, крај нема. Се губи смислата на темата, кој како сака и ако сака нека купува стан, аман