Значи воопшто не ја сфативте Миме. Таа не зборуваше за луѓе кои имаат бизниси и кои работат во администрација и кои знаат дека шансите да ги отпуштат се минимални. Миме зборуваше за обичните луѓе кои работат во приватните сектори со минимални плати чија работа виси на конец. За луѓе кои во државата имале периоди да бидат и без работа. Зборуваше за луѓе кои зимаат и потрошувачки кредити и стамбени без пари за учество, само и само за да купат стан. Зборуваше за овие луѓе прашувајќи се себе си а и вас како не им е страв да не ја изгубат работата и останат без ништо. Оти во МК ништо не е вечно. Ама се најдоа две од кои едната полна со предрасуди за луѓето кои работат во странство па и ги изврте зборовите. А другата пак изгледа ја погоди тоа што плаќа кредит па без да прочита за кого зборува фати да се брани. Истата таа да се наоѓа во оваа ситуација гарант не би земала кредит. Ама важно е да се одбрани зошто она земала кредит. Кога луѓето ве прашуваат вакви работи не прашуваат само колку да ви фатат сеир. Прашуваат затоа што поминале низ минимална плата и невработеност во Мк па затоа се отселиле. @GirlVolley смири си ги предрасудите нема ништо лошо во тоа да бараш од идниот сопруг да допринесе за купување на стан доколку ти ги вложуваш своите заштедени пари. Па идел на печалба или не, имаш право да го бараш тоа. Во однос на мислењето за луѓето од помалите места засрами се.
Под дискутирање подразбирам ненаметнување на мислење,без напаѓање,пронаоѓање и извртување зборови. Ете такво сосема нормално цивилизирано. Вашето на ништо не личи. Толку имам да кажам, ниту едно мислење не прифативте. Не мислам да продолжувам.
Уште не плаќам, држи среќа наскоро да биде Јас не знам како мислите дека даваат кредити, уствари не мислите и не знаете, затоа зборите туку така Со 250 евра плата не можеш да земеш станбен кредит, посебно ако немаш договор за вработување на неопределено. За да земеш станбен кредит, мораш да исполнуваш услови, кои не се исполнуваат со 250 евра плата. Мораш да имаш учество (или + кредит да земеш потрошувачки за учество) Мора станот што го купуваш да го ставиш под хипотека, а понекогаш и + имот бараат, зависи од учество Ако имаш приватен бизнис, мораш да покажеш дека не е во загуба, дека на време исплаќаш плати, дека плаќаш на време данок и дека си ликвиден И секако, ако си каде било вработен, мораш да земаш повеќе од 250 евра, плус да бидеш на неопределено - државно или приватно. И на крајот, кој како сака нека прави со своја плата, јас не знам како некој се чувствува повикан да коментира туѓ избор на живеење и трошење на негови пари. Едно е да кажеш дека не сакаш да земеш станбен кредит и да образложиш зошто, сосема друго е да мешаш достоинство, па каде да работи некој, па странство, па мажи, жени, гранапчиња и куров ми ленче. Никој не ве тера ништо да купите, ама да, малограѓански е да се замараш со избори на други луѓе. И секако дека не понудивте решение Не кирија, не кредит, ако не со свекрва ми да живеам?
Дали си ти реална жено? Ако сите вие замислувате дека ако работите надвор од Мк ќе купите стан за 1 година работа повели дојди истегниги нозете како мене и купи го станот. На крај краева зошто луѓето би отплаќале стан на 30 години како вие што кажувате сите нека одат во странство по 1 година и нека го купат бидејќи ние овде со лопата ги риниме парите. Поентата ми ја сватија неколку девојки фаламу на бога. Јас само реков дека кога одам Мк сите кукат како едвај го врват месецот а сите се дотерани и становите се распродадени па некако тоа не ми држеше вода воопшто . А дај боже сите да купиме дали на отплата дали во готово секој според можностите,но јас го кажав мојот став за догорочно отплаќање тоа е мое размислување зато и сум тука каде што сум. Без разлика како и да сум го зела ќе го отплаќам на достоинствен начин во секој случај ...
Не купува стан сиромашен човек, оти е сиромашен. А некој што исполнува услови, не значи дека е богат, најчесто пола примања одат на кредитот, режиски трошоци итн. Зошто да не се пожалат дека немаат, дека им е тешко, што зло прават?
Доколу ми ги пребараш старите мислења ќе знаеш дека баш јас добро знам што зборувам. Неопределено со потпишан бланко спогодбен лист не е е неопределено. Но тоа банкарот неможе да го знае. Го знаеш ти и твојот работодавач. Станот кој го купуваш го ставаш под хипотека. Земаш од државата учество (купи куќа купи стан проектот, незнам дали е уште валиден) позајмуваш или ќе земеш потрошувачки од 5000еур на име на маж ти а стамбениот на твое име. Има многу работи кои добар банкар доколку сака може да те извади за кредитоспособен. Е сега со 500еур нема да ти дадат 80м2 стан туку до 40м2. Твоето нерешение за живеење со свекрва за некој е секојдневие. Утре незнаш детето каде ќе ти живее. Може ќе има маж/жена што сака да си живее со мајка си. Твојот проблем е твој и ти си го решаваш на овој начин. Ќе се изненадиш што се има земано кредит. Тоа што ти мислиш дека само луѓе со добри просечни примања имаат земано кредит е затоа што ти размислуваш така.
А од каде заклучоков дека сите сакаат со неисправни и неискрени документи да земат кредит? Еве јас не сакам. И дај жити се', баби и жаби, нероденото дете кај ќе ми живеело, мислам... Епа јас имам можност толку, или да живеам под кирија, или станбен, или со свекрва Немам други опции
Во право си девојко. Еве кај мене на работа направија некоја финта со цел да земе колешката кредит. Е сега дали и пуштаат пари на сметка, па враќа во фирмата или не, не знам. Не исполнуваше услови, па некако и излегоа во пресрет. Сигурно има многу вакви.
Дури и да има, пак не сфаќам каква врска има тоа со вас и вашето земање/не земање кредит? На крај пак тој/таа ќе мора да го врати, нема вас да ви земат нешто.
@Tanjamm не знам зошто мислиш дека тука во земјава не може поштено да се заработи за стан. Дека мора некој да оди во странство па да заработи таму. Искрено имам искуство во странство и не е така баш лесно да се заработи. 2000 евра е навистина мала плата во странство. Иако од тука гледано тоа изгледаат како големи пари. Сум била и сум видела. А еве јас и маж ми сме пример дека може да се заработи и тука за стан. Односно да се заработи за солидно учество за стан и потоа да се земе кредит со прифатлива рата. Веќе 10 години отплаќаме станбен кредит и имаме уште толку. Нема да бидеме воопшто стари кога ќе го исплатиме кредитот. Има и други примери како нас. Зависи кој колку заработува и каде сака да купи стан во тоа се сложувам со тебе, ама не е мал бројот на луѓе што купуваат стан на кредит. Нема ништо нит лошо, нит страшно во тоа. Секаде луѓето купуваат стан на кредит. Ретко кој има да купи стан во кеш. На Запад ако купиш во кеш ќе се упалат црвени сијалички на сите инстанци. Од каде ти пари во кеш толку многу.
И кај нас е така Освен ако не ги штедиш во банка, отиди им со 30 000 евра, ќе ти бараат потекло на пари Едвај успеа да го купи плацот овој што го купуваше, оти имаше кеш, а немаше како да докаже од каде му е.
Знам дека е така. За секоја трансакција на 1000 евра треба потекло на пари секаде. И кај нас и на Запад. Само илустрација беше да се разбере тоа Западот фамозен. Каде тече мед и млеко. И сите имаат доволно кеш да купат што сакаат без разлика каде работат.
А тие кои немаат опција свекрва, каде да живеат? И зошто побогу само личности со добри примања може да земат кредит? По која логика вие се осудувате да судите кој и кога ќе земе кредит? Секој си го прави сопствениот есап дома. Мене па многу понедостоинствено ми е да живеам со свекрва ми отколку да плаќам кредит 20+ години
Какви 1000 евра, за најситна сума бараат потекло. Од моја странска сметка на моја мкд сметка пуштав пари и морав да однесам договор од работа за да докажам дека се мои парите. Ситница, 30 евра.
@Freya123 дали дозна нешто повеќе за Клико градба (зградата или фирмата) и дали се реши да земеш/те стан од истите?
Џевахир на гости сум била само и не сум баш воодушевена, барем станов што го видов од 60 и нешто м2 беше скроз без врска. До 900€ барај подалеку од Центар.