Штом станот ке го земате со кредит, ИЧ да не се секирате за преавара. Банката која го дава кредитот има ,,да ве истресе од гаќи,, со податоци, не дава пари таа ако на станот има и најмала црна дамка. Ако го купуваш во кеш, тогаш би ти бил потребен адвокат/правник за да ги избутка работите до крај како то треба. А Банката штом ќе и побараш кедит, прво тебе и ко-кредитобарателот ке Ве претресе дали имате од каде да плаќате, а воедно и станот ќе го провери дали е под хипотека, дали има Имотен лист и се по ред.
Веќе ти пишале, кога земаш на кредит си доста осигурана зашто банката бара еден труп документи. Нели оди под залог кај нив, ако не плаќаш ти тие треба да си го продадат станот. За поситните работи: -Бирате стан, барате преддоговор ако имаат тие(за купување од инвеститор). Ако не ќе составите кај адвокат. Макар и електронски формат да е однесете го кај адвокат кој знаете дека се занимава со недвижнини, да го разгледа и да ве посоветува дали да измените нешто. -Се она што ви го нудат треба да е наведено во договорот (кај нас беше гратис во истата цена паркет, плочки, санитарија и бојлер и истото стои во договорот) -Никаков капар на рака, ниту превод на пари пред потпишување, без разлика каков притисок ви прават. - (за купување во градба) Наведен рок на завршување! Многу, многу битно, најчесто е наведено пример дата на завршување: 10.10 ако не се заврши инвеститорот е должен да ви исплаќа месечна кирија во износ од просечната кирија во населеното место. Па и да се тужиш пак ќе добиеш кога си осигурен со договор. -Добар нотар и добар службеник во банката од која ќе вадите кредит. И со среќа
@Emotional123 Па и да имаш земано, станбениот кредит не е ни приближно до потрошувачкиот, уште брис што не ни земаа во банка Следете за промоции без манипулативни и трошоци за проценител. Ќе заштедите минимум некои 5 000ден. НЛБ знаат да пуштаат на неколку месеци вакви понуди.
900 евра на север,1000 евра на југ, e тие што се од внатрешна страна и вилите се движат од 920 до 980 евра за квадрат. Ако барате нов или во градба, банката се чешла и под хипотека ти го става истиот стан.Ако купуваш во градба имаш опција за промени внатре во станот да не е по стандарден редослед според проект.
Да да за таму мислев. Дали во брзо време прашуваше за стан таму дали имаат уште останато? Гледавме пред една година уште не беше ни првата зграда завршена како поскап да беше квадратот
Толку беше и толку си е ама мислам дека нема останато.Имате на страната нивна Интерактивна брошура и пишува дали има слободни станови само паркинг место не може да се купи се е распродадено бидејќи си купувале по 4-5 паркинг места.
Здраво Феминки. Моментално разгледуваме стан за купување во Влае-Ѓорче. Еден е во близина на кружниот тек на Партизанска (зградата со белите Ytong тули), инвеститор е Деа-Ком. Вториот е во комплексот Александрија, инвеститор е Саник. Дали ќе може некој што има искуство или слушнал за искуство на блиски луѓе со овие две фирми, да сподели, бидејќи за Саник имаме нешто читано, но Деа-Ком се нови за нас и навистина се мислиме...
Ние уплативме во Саник Алуре Комплекс. Прочитав и позитивни и негативни коментари, како и за сите инвеститори, но сепак се одлучивме да купиме.
Зградата треба да е вселлива на 31.12.2021, пред некој ден потпишавме преддоговор, рекоа дека се во понапредна фаза и можно е да биде порано. Помеѓу становите има ѕидови, помеѓу собите е гипс, како и во повеќето нови градби. Не знам што друго те интересира, прашај. Вака за комуникација се ок, неколку пати сме биле во станот, плнаираме секако уште едно 100 пати да идеме ахах.
Zdravo Zainteresirana sum za stan vo Zevahir.Moze nekoj da mi kaze kako e za zivot,kolku plakaat kvadrat,kolkavi se smetkite...
Па прозорите се ок, мислам не се слуша надвор, блиндор влезна врата, во спалните немаше сеуште ставено врати, греењето е со клими инвертер сплит систем на Gree, подот ќе биде таркет. Во преддоговорот е наведена сета потребна документација што ја поседува инвеститорот, при заверка на преддоговорот на нотар се прави тоа предбележување, доказ дека станот е заверен во катастар. Можни причини за непочитување на рокот за вселување се пример доколку евн или водовод доцнат, доколку сте под кирија, ви плаќаат кирија додека се вселитњ, но тоа треба да го напоменете да се стави како член во договорот.