Здраво, дали некој продава стан со двор? Ве молам пишете ми лп ако продавате или познавате некој да продава.
Zdravo. Ako moze nekoj da mi dade informacija kako se presmetuva kolku stanovi t.e kolkava kvadratura mi sleduva ako ja dadam kukata na investitor da izgradi zgrada?
Зависи Инвеститорот колку ти нуди 1:1 или 1:2 ако е 1:2 тоа значи дека таа квадратура што ја имаш х2 се рачуна. Е сега зависи во која општина е куќата и тоа го гледа инвеститорот.
Здраво феминки. Купувам стан, па сакам да знам кога треба да ми го дадат клучот од станот претходните сопственици? Во која фаза? Кога ќе им се исплатат средствата од банка или на крај?
Koga celiot iznos ke go platite,ke platite danok vo grad skopje i plys vo kupoprodazniot dogovor ke mora da stavite datum do koga mora tie da se iselat od stanot..
На денот на солемнизација на договорот, предавање на клучот е чиста формалност, но тоа се прави кога се заверува/потпишува договорот кај нотарот ако поинаку не е меѓусебно договорено, на пример во пракса некогаш им се остава 30 дена на продавачот да се исели и тоа е вметнато во договорот или усмено е договорено помеѓу продавачот и купувачот, и слично.
Ќе прашам тука бидејки е поактивна темава. Дали некој има искуство со Халк банка за станбен кредит. Ги разгледував сите банки и некако ми се видоа најповолни условите. Ќе купуваме стан( не е новоградба) поголема сума кредит ќе треба да земеме. Или да ми препорачате друга банка од која сте задоволни. Фала многу однапред
@Peperutka letka Јас од барака 30кв земав 115кв, т.е 2 стана, земав 112 другите 3 ми беа исплатени во кеш. Зависи маркицата многу, ние бевме на супер маркица. Тоа распрашај си убаво со инвеститорот и не брзај, кај нас имаше доста понуди.... ова за пред 4-5 год, сега не знам како е.
За другите банки не знам, ние сме многу задоволни од Стопанска. Често имаат некои промоции, па ние двапати кога земавме кредит ни се погоди случајно така, имаше ослободување од некои трошкови, а и каматите не беа многу високи (3,2% во првите 5 год на едниот кредит ако не се лажам). Сега баш гледам имаат пак промоција. Спојлер ПРОМОТИВНО Сите апликации примени од 01.08.2021 година добиваат: 100% ослободување од административни трошоци 100% ослободување од трошоци за процена Инаку нас и жиранти не ни бараа, не знам дали тоа зависи од сумата на самиот кредит. За одобрување чекавме околу 1 месец.
@Сара Лав сега гледам во Халк на сајтот имаш калкулатор да си пресметаш колку би била една месечна рата во зависност од тоа колкав е кредитот и на колку рати сакаш да го исплатиш. Баш пробав, не знам зошто во условите пишува дека првите 5 години каматата е 2,9%, а мене ми го израчуна на 3,3%. За вакви работи треба поубаво во банката да се распрашаш. А и мислам дека висината на месечните рати треба да зависи од примањата, па според тоа се рачуна на колку години ќе го исплаќаш (барем во СТБ е така). Едит: и од учеството зависи, можеш да учествуваш со 10%, а можеш и со 20% мислам. Вака не можеш да знаеш каде највеќе ќе ти се исплати додека не ти го израчунаат во банката.
Ти благодарам на исцрпниот одговор, ќе почнам деновиве по банки лично, вака направив некоја прелиминарна селекција. Тоа со учеството воопшто не ми е јасно ама и тоа ќе се распрашам. Тие 10% се од износот што го земам како кредит? Ќе земам поголем кредит па ми е битно не само каматите него и која банка би ми одобрила Мрзам кредити, никогаш во живот кредитна картичка сум немала, ама сега нема друго мора да се решава станбено прашање.
10% од вредноста ..во мојата банка. Ама за станови многу често бараат и 15 или 20% ..зависи и од проценката, од вредноста, од примањата.. Секоја банка си задржува дискреционо право да побара повеќе документација или да ја прилагоди каматната стапка..
Не од износот на кредитот туку од сумата по која се продава станот. Пример станот се продава за 70,000 еур и оваа сума треба да ја добие сопственикот на станот или инвеститорот. Твоето учество овде ќе е 10% од 70,000 (или 20% зависи од банката).Што значи ти треба да имаш 7,000 еур заштедено и да ги уплатиш, останатите 63,000 ќе ти ги даде банката како кредит.