Дечки дај ве молам за совет , земам околу 25 000 плата , немам партнер сеуште имам 32 години и живеам под кирија , бев во банка да прашам за станбен кредит меѓутоа ми рекоа дека максималната сума на кредитот би била 42 000 евра на 30 години , меѓутоа дека првите 10 би можела да плаќам а за понатаму би ми требало партнер или некој од семејството да ми помогнел , плус мора учество од 15 % , е сеа незнам дали некој е во ситуација како мене , дали знаете некоја банка што не бара учество , јас за кирија како и да е плаќам 200 евра , си реков ајде барем стан да земам , но немам кеш за учество . Поздрав .
Здраво. Резервиравме стан во Саник Аllure Complex, во текот на неделава треба да пратиме лк за да ни изготват преддоговор. Ве молам доколку имате некој совет, искуство со нив што да бараме плус во преддоговорот, како се проверува тоа за земјиштето чиво е, водовод, евн дали се е регуларно? Ни рекоа дека во текот на септември ќе може да се вселиме, дали во преддоговор може да бараме пенали доколку не го испочитуваат рокот, за лифт дали може да наведеме да го пуштат кога ќе може да се вселиме, бидејќи станот што го одбравме е на 5ти кат, нема на раце да качуваме се. Планираме со адвокат да го разгледаме преддоговорот, но сепак да знаеме што да бараме бидејќи првпат купуваме стан и сме неупатени. Секој совет е добредојден.
И ние уплативме во Алуре Комплекс, делот во декември што треба да биде готов. Нека ви кажат дали станот ви е под хипотека, зошто дел од становите или цела зграда не сум сигурна се под хипотека во нлб, но со изјава за согласност се средува и се брише хипотеката затоа што секако вие ќе го ставите станот под хипотека. Пиши ми пп ако сакаш.
Здраво на сите Дали некој има искуство со Мараи ДООЕЛ? Гледам дека градат нови станбени згради, но не ги знам, па секое искуство или мислење ќе ми е добредојдено. Претходните проекти им се повеќе комерцијални како што гледам.
Пробај во повеќе банки сите имаат посебни услови, прават и отстапки не се врзувај со условите што се објавени. Секако купи ќуќа купи стан привери дали функционира.
Почитувани, пак јас за Мулти офис, да потсетам, купивме стан пред 2 години, рата ни тече, човекот нема абер да направи една зграда, гради во аеродром, тафталиџе, ѓорче и во новоселски веќе трета зграда, а другите не ги прави. Се оболевме и многу се потрошивме, пари немам за адвокат((човек ми пиша во лп кога прашував претходно, изгледа е адвокат, но немам пари и за нив)) па да прашам тука, некој ако знае да ме просветли, можно ли е да се пожалам во комерцијална како некој што зел кредит од нив, они да ги повлечат средствата уплатени на фирмава инвеститор, и јас да купам друг стан. Нели ме штити банката, по таа логика одам. Не знаеме веќе што да правиме.
Секогаш можете да го раскинете преддоговорот заради неисполнување односно ако рокот што е определен во преддоговорот не е испочитуван од инвеститорот. Може да го раскинете преддоговорот со еднострана изјава на волја заради неисполнување, само прашајте во банка дали ќе прифатат така или ќе ви бараат пресуда преку судот да се раскине преддоговорот. Во случај на раскинување на преддоговорот парите се враќаат во банката, инвеститорот треба на вас дополнително да ви исплати законска казнена камата, и дополнително ви следува надомест на штета освен ако не е исклучена одговорноста на инвеститорот со преддоговорот.
Тој си се заштитил во договорот, вели дека изградбата би се одолговлечила и наредил 10 подточки како и зошто, и не плаќа поени ако доцни, не само ние, туку кај сите од влезот. Затоа прашав дали можам некако преку банка иако он се заштитил, па ваљда и јас сум некако заштитена...
Дали станува збор за зградата во Аеродром кај болницата? Баш за таа зграда тука пишувавме дека е пропала
Ако се однесува на прашањето за мулти офис, да, тој гради и во Аеродром, но не знам каде, а јас прашувам за друга негова зграда. Проблемот со човекот е што гради 6 згради наеднаш и ниедна не е готова. Таа во Аеродром била долго време стопирана, сега добил дозвола за градба, онаа во Ѓорче од под неа само вади вода, сега се вселиле луѓе, ама на горните спратови немало вода, а во Новоселски гради 3,а ниедна готова. Го прекардашија!