Мал стан мислев на мали соби ама 4 да се или 3 ако во дневната има кујна. 4 вклучувам за купатило,кујна,дневна и соба за спиење.
Тоа во мк се вика двособен мислам За стан со 1 спална збориш? Купатило и кујна не се рачунаат за соби.
Ова е двособен стан. Кога бараш стан се брои дневната и бројот на спални. Другото не се брои како број на соби.Купатило ти доаѓа „гратис“ во бројот на соби (читај не може да ти продадат стан без купатило и кујна).
Јас знам дека стан со една спална се брои како еднособен Инаку стан без спална како ќе се води? Еднособен? А гарсоњера што е?
Не се брои дневната кај становите никогаш, само спалните. И според бројот на спалните се определува дали е двособен, трособен, еднособен. Гарсоњера е стан со една спална, а становите без спална се студио. Тоа што компанииве се неписмени и под двособен стан мислат на стан со една спална е друго веќе...да не почнам да коментирам. Не знам зошто прават вакви забуни, ама собноста на становите секогаш се смета по бројот на спални.
По ЈУС стандард еднособен се викаше, ама ова се модерни времиња. Гледаш, ако има дневна, кујна, спална и купатило може и четворособен да се рачуна
Гарсоњера е мал еднособен, со една спална. Значи со минималка димензии најчесто до околу 40-45кв. Студијата се уште помали и немаат спална. Без спална нема еднособен стан. Ги преобликуваат поимите за маркетинг, а полошо прават затоа што настануваат преголеми забуни кај луѓето. Еднособен стан од околу 55-60 квадрати не е гарсоњера на пример, еднособен стан си е.
Колку пари, толку музика. Шо вика маж ми, ко бурек ги сечат. Порано трособен стан беше најмалку 72-4 квадрати, сега нашиот од 63 се рачуна за трособен, оти има 2 спални. Едната е 9 квадрати, али нема веза, за спална се рачуна.
Порано не знам како било, ама сега знам дека е чорба. Во школски клупи, во сите програми за станбени згради кај гарсоњерата ни барале спална и димензиите беа единствена разлика, тоа беше објаснувањето и мене ми има логика. Но во пракса нема врска - двособен стан е трособен и секакви зафрканции. Меѓутоа, факт е дека поимите во врска со собноста многу се мешаат и го пишав ова за да си знаете. Зашто имало безброј ситуации како инвеститор или во оглас се нуди трособен стан, а трособниот стан е со две спални. Упорно бројат дневна соба, се чудам како не им текнало све комплет да избројат сосе бања.
Аман,бре. Некаде гарсоњера и студио ги сфаќаат како исто,некаде како различно.Тоа е. За џабе се контрирате.
Порано поимот студио не постоеше кај нас, под гарсоњера се подразбираше најмала отворена станбена единица, со кујна во неа, без посебни спални соби. Ова "студио" ми е термин од понов датум. Од букинг препишале.
Има некој информации за фимава, дали се квалитетни градбите, и која им е цената на м2 конкретно на 3та македонска бригада комплексот?
Od forumov razbrav deka danok na prenos za kupuvanje stan vo centar e 3,5%. Znae li nekoj kolku od prilika go procenuvaat m2 vo Grad Skopje?