Не знам што е паметно, дали нов или стар стан. Во нашиот стан на пример од 1980 год. градба, нема никаква изолација. Ги слушаш комшиите тие над тебе и под тебе буквално како да сте во иста просторија. Уште ако ви се погодат бучни комшии како моите немате мир никогаш.
Становите во Расадник КВ се одлични , и изолација многу добра имаат, во нашиот од предвидената цена од 1500 до 2000 месечно за парно, стасува 500 месечно бидејќи зградата ја достигнала температурата 500 ден парно е многу малку, а и не се слуша ни луѓе евентуално ако рокнат музика како овај надмене секој ден мозокот врева ми фаќа Е сега зависи до зградата , јас не би вложила да се купува во стара зграда макар и да се реновира старо е.. стара инсталација стари зидови .. Мислам .. ај да не должам
Јас би сакала да прашам дали може да се направи договор со некој што продава стан меѓутоа да се договориме станот да се исплати на определен број години со определна сума секој месец во текот на тие години, и се разбира и можност за побрза отплата доколку се успее во тоа. Дали има некој вакво искуство или пак слушнал или пак можеби познавате лице кое би продало стан на ваков начин, се разбира сето тоа да биде легално, преку нотар со договор и се што е потребно за двете страни да бидат сигурни.
Такво нешто никој нема да се нафати да ти даде, од инвеститорите и изведувачите Прво затоа што е комплицирано А второ затоа што они тие пари едвај чекаат да ги земат, за да ги завртат уште 20 пати ....додека ти им исплатиш. Такво нешто само со банка т.е кредит
Јас лично не сум чула. Не верувам дека некој ќе ти се нафати со години да те чека рата по рата, што добива тој. Со инвеститор може да се договориш, но тоа да биде на две-три-четири рати. Како што сакаш ти, само со банка кредит може.
Нема шанси некој да се сложи на ова, освен ако не станува збор за исплата за 4-5 години и тоа ако му понудиш добра цена. Во спротивно, наместо твоите на пример 300 евра месечно, тој може да му зема 250 евра од кирија. Така ем пари ќе си зима, ем негов/нејзин ќе си биде станот.
Ве молам, ако некој има билокакво искуство (позитивно или негативно) со агенцијата за недвижности "Citylife", нека ми одговори.
Се продава стан во Топнско поле, 67m2, со нови прозори, плочки, подови, изолација.Реновиран е пред 5 години. Станот има дневна со кујна и трпезрија, две спални соби, купатило и тераса. Се наоѓа на главната улица на патот за Шутка. Повеќе инф во пп.
Аеродром - 950 (во дупка) до 1100 евра Тафталиџе, Нерези, Козле Карпош од 1100-1400 (што е поблизу кон Соборна, толку поскапо е) Ѓорче - 780-950 евра Отворете на najdidom.mk, има пристојни понуди на стари станови
Мислам дека овие цени важеа пред 4-5 години, сега ситуацијата со недвижности е поинаква, барем мојот впечаток е таков. Заради кризата која траеше три години, многу помалку се купуваат станови а има голема понуда. Цената зависи од тоа дали е стар(зависи дали е реновиран и како или не) или нов станот. Изборот е индивидуален, на кого што му се свиѓа. Повеќе ми се допаѓа да купам стара квалитетна градба(заради распоредот и инфраструктурата околу старите згради) неизреновиран за да ќарам во цена по м2 и да го изреновирам по свој вкус, не би понудила повеќе од 800 евра/м2 од Аеродром до Карпош 4. За нова градба не давам повеќе од 1000 евра/м2. Не би купувала дупка во воздух, само нешто веќе изградено, да го видам станот. Сега е вистинско време да купите недвижност цените се многу пореални за разлика од пред 5 години. Се разбира не се залетувајте да се наддавате за цена кај некој што не се брза да го продаде станот, тој не е ваш таргет; ќе најдете стан по ваша мерка и за супер цена само расчешлајте ги сите огласи електронски и печатени. Со среќа пазарење
Јас ова горново од сопствена ,,истрага,, го пишав. Стан купив пред месец и пол по 750 евра за м2, во градба. И повеќе ми одговара оваа цена отколку 950 евра кога ќе е готова аградата, со тоа што сега кога е во градба можеш сам да си го креираш просторот каде да има зид и каде да ,,пуштат,, струја. Ама секој со свое видување, нели, секој си има слика
Рефке, во која населба земавте и како одеше исплаќањето и документацијата при плаќање? Со оглед дека си тазе запознаена со цените на пазарот, да не имаш инфо како се движат цените при градба во Аеродром? Скептична сум за однапред плаќање, мн често има зафрканции и завлекување...
Јавно неможам да напишам каде купивме стан. Во аеродром од 900 евра па нагоре се цените по квадрат и тоа во градба. За плаќање однапред место за скептицизам има секогаш, ама формава ни е ,,наша,, и сигурна и не и прва зграда ова, имам полна доверба во луѓето. Во договорот убаво си пишува кој датум е за ,,клуч на рака,, и после тој датум фирмата е обврзана кирија од 250 евра да ти исплаќа се додека не ја заврши зградата за да можеш да се вселиш. Фирмата си има свој адвокат/правник, па куртулена си од лутање.Тој куца, тој прави документи, тој собира , тој закажува кај Нотари....во Банка... На тебе е само да се стегнеш и железни опинци да облечеш и да си спремиш за Нотар добра сума
Рефи кажи ја барем фирмата штом се сигурни да видеме што нудат,и јас ќе треба да купувам стан,ако не сакаш тука барем пп пиши ми