Nemate Potreba da begate od nikogo zalepi mu tuzba na stetnikot I ke si plati na sud za komsii sekade ima sekakvi vlezete vo zgradata I probajte da is kontaktirate so nekoj sto veke zivee tamu inace za stetnicite dobar preporacan advokat PA Neka plaka posle
Да не те разочарувам, но денес бевме да го видеме станот во делот порано што треба да е готов, рекоа дека би требало да биде до нова година
Разочарувачко е зошто ако кажале најкасно до септември дека ќе биде готово и треба да биде а не после 6 месеци до година дена да чекаш едни плочки да залепат, а за имотен лист па да не правам муабет за едно 3 години од вселување можеби и ќе ги дадат.
Некој што е поупатен во темава, моментално со која цена се движат становите во Тафталиџе и Карпош? Ме интересира и стара и нова градба? Фала ви
Дека ако делот што требаше да биде готов во октомври најверојатно биде готов до нова година, другиот дел кој знае кога ќе биде. Само претпоставувам.
Првиот дел е во завршна фаза и од следен месец може да се вселуваат, нас така ни кажаа. Баш во сабота ќе одиме до станот, па ќе видиме до кај е работата.
Кој се вселил точно на рок во договор што стои не зезај, секогаш се одложува... па кај ти е уредување, средување... мислам ок е да се одложи некој месец, не ми е проблем.
Месец да ама 3 пати да ти преместува дата не е океј. Нашите згради се соочија(не е битно кои) при градба 3 пати се поместуваше рокот и тоа тој од договорот и имаше луѓе што спиеа по коли на паркинг од што немаа каде да одат.
Е извини стварно ама малце не ми иде ова. Во преддоговорот се става ставка дека ако си под кирија, инвеститорот треба да ти плаќа кирија.
Становите во првиот дел се завршени и исчистени и толку не се работи во нив, уште влезот и надворешниот дел од зградата се останати. Туку, баш прашав за кога би биле готови за вселување, за да си порачам мебел, да отакажам кирија, едно друго и ни рече најверојатно до нова година. Што е до мене, ми одговара и на први да се вселам
Ние Станот беше готов, внатрешноста исто така, е надвор не беше готово, ниту гаражи имавме, ниту паркинзи, ама битно пред крај на рокот бевме вселни. И во рок од 6 месеци добивме имотни листови.
Ќе бидат мислам, некако споро им оди со надворешниот дел мислам и гаражите, ама се работи. Ние пред месец дена бевме, имаше ставено надворешна врата, бојлер, вц школка, туш батерија,така да внатре и нема толку работа. Ај може двата влеза ќе бидат во исто време готови
Ние и предвреме се вселивме и добивме имотен лист. Инвеститрот ни даде клуч од станот пред договореното бидејки беше готов за да може да се местиме во меѓувреме. Ако требаше да земеме имотен лист во ноември ние зедовме во мај значи 5 месеци порано. Зависи и од инвеститорот и од големината на зградата секако.
Совет за сите од Саниќ што имате купено - Јавувајте им се, досадувајте им по ред на Перо, Стево, Марко... Ние не бевме такви, и се демек културно. А комшиите сите кои им досадуваа си имаат завршено работа. И сега како станари заедно само со досадување успеавме да се реализираат работи како рампа, заградување, зеленило и слично. И за лифтот да го пуштат ако ги чекавме нив, уште лифт ќе немавме. Исто, земете си ги гаранциите од климите и сл од нив што се поставени, и проверете дали се тие точните.