Да и јас така слушнав со вселувањето ама не бев сигурна Ајде уште малку ваљда ќе биде.. Фала на информација
одлична хрватска ТВ емисија за домот и градинарството. https://www.youtube.com/channel/UCTsMVCiUurev7pGYSXR4Y6Q
Здраво на сите вака сакам да купам стан во Скопје намената ми е да го изнајмувам. 1.Прашанјето ми е дали е по добро да купам нова градба или стара? 2. Која локација би ми ја нјдобро препорачале? 3. На што треба да внимавам? Благодарам однапред, убава недела на сите. Поздрав
Девојки дали има некоја шо продава или познава некој шо продава стан во Битола во населба Довлеџик, по можност не многу стара градба?
Здраво имам проблем со жена ми околу Станбеното прашање, упорно и упорно, со месеци неможам да ја убедам да не купуваме стан, моментално плаќаме кирија 200 евра у центар на пет минути од плоштад. Стан во скопје не вреди за пари од 1000-3000 евра за квадрат, тоа е сурова цена, несакам да почастам 50.000 евра плус. Како може да и се допаѓа Скопје мене не ми е сфатливо, толку многу загадено секоја година од ноември до април, Не е ни урбан град, Вардар смрди секое утро на кеј и плоштад, Сообраќај секој ден лудница... Па тоа ли е живот? 100 пати и реков дојди да изградиме куќа на 13-15км од Скопје, па за 20.000евра ке направиме стан у куќа, едноспратна 50-65м2, нити двор, нити подрум, нити втор спрат не ни треба. Зошто да дадеме 100.000евра во Центар, кога вака ќе заштедиме 80.000евра. Ненормална жена. Си имаме eco електрична кола, кога сака може у град да доаѓа, не ни одиме на работа од дома remote сме, Ништо не не врзува со градот јас не знам што се фолира. Ништо не ја врзува да мора да живее у центар. Нели сум у право????
Според мене не си. За 10-15 год од сега ќе имате дете што секој ден ќе треба да го качиш во кола и да го носиш на спорт или курс за јазик. Кога ќе излегува ќе треба да го носиш и враќаш бидејќи ќе биде проблем превозот. И на крај на 18 год ќе бидеш приморан да му купиш кола или ќе го осудиш да не искочи од населбата која е 15км од центарот. Ова ти го кажувам како некоја што бил растена во Ченто, и имам другарка растена во Радишани со истава ситуација. Ние две сме сега во Кисела Вода и Аеродром зошто не можеме да замислиме да ги растеме децата толку далеку. Не викам дека никој не треба да живее 15км од центарот на Скопје или било кој друг град, ама за Скопје конкретно ќе изиграваш шофер цел живот бидејќи така е поставен градот.
Ченто и Радишани за мене не е далеку, Далеку за мене е Бродец, Катланово, Маркова Сушица, Кучково, итн.. Суштината ми е, зошто да платам за стан што не е реална цена од 100.000 евра во центар, кога на 10км од центар ќе поминеме 80% поефтино. Ние нема што да планираме за 10-15 години, јас зборам за сегашнава ситуација во која сме ние. Убаво и реков на нејзе, Дај да изградиме мала куќа далеку од центарот, имаме кола, мобилни сме, што е проблем толку. Ама не и тоа е тоа.
Не сакаш некого да почестиш 50 000 евра со купување стан, а плаќаш кирија од 200 евра што би било отприлика колку и рата за кредит ако земете? Па го честиш секој месец газдата на станот во кој сега живееш и на крај тој ќе има 50 000 евра чисти од тебе, а ти ни стан, ни куќа, ни 50 000 евра.
3 месеци сме под кирија, да пропаднаа парите, тоа е. Што сега, 200 евра кирија е проблем што плаќам за туѓ стан, а не би било проблем да почастам +50.000 евра од вистинската цена за свој стан во центар? Бегај бе таму.
Па така е, и јас сум со кола и сеедно ми е кај ќе живеам. Секако секаде со кола идам. Ама ако градиш куќа сега во Драчево пример, за 10 год нема да ја продадеш за да живееш во Аеродром. Станбено прашање се решава долгорочно, а не за сега. И маж ми сакаше понастрана од центарот да живееме, па сега не може да замисли да сме на такво место. Никој не вика дека цениве моментално се нормални. Воопшто не се. Ама очигледно ти размислуваш краткорочно. Цените нема да паднат, само ќе се качуваат. Сфаќам да не сакаш да живееш во Центар од причините што ги наброја, скроз ти се легитимни, ама секој има различни приоритети, и очигледно твоите не се исти со жена ти. Ние плативме 87 илјади евра за стан од 80кв стар 10 год на 2км од Центар. За моменталнава состојба во недвижнини воопшто не ми беше скапо.
Супер цена Spidy предпоставувам 900 евра/м2.. убаво за вас. Ќе ја убедам мојава дома, не гледам проблем да живееме 13-15км од Скопје ниту пречка, поради деца или било што, ги знам сите pros и cons и свесен сум. Јас израснав во Центар на 1 минути од Плоштад, многу добро знам како е, цели 25 години со моите.. Сепак мојот став е дека јас нема да платам таква цена за стан, кога знам дека на блиски 10+км од центар дека ќе го имам истото за 80% поефтино. Исто така многу добро знам што е 10км од центар бидејќи од Драчево ми е саканата. И не е далеку.
Скоро 1100 евра квадрат. За 900е не знам ни дали има станови сега. Сигурно не си единствен што не би платил толку за стан блиску до центар, ама на крајот од денот двајца треба да живеете во тој дом така да сигурно има компромис меѓу вашите желби. Мене коментарот ми беше само да земеш во предвид какво ќе ти биде секојдневието во подалечна иднина, а не само во моментов (кога си слободен, со кола, и работиш од дома) бидејќи се тоа може многу лесно да се смени за само една година.
Што и да правите, топло ви препорачувам да си ставите се у договор, од најмали ситници до најголеми. Остај ти *срамота е* пошто луѓето се гоВна.
Кај нас проблемот е што, она мисли дека куќа е поскапо од стан, дека мајсторите ќе не зезнеле при градење, дека ќе има непредвидливи проблеми и такви некои глупости, а не го гледа финалниот продукт колку ќе е поефтино од стан, јас убаво и реков, дај да изградиме куќа до 60м2 едноспратна на мал плац, со други зборови стан у куќа, Да точно дека стан е супер работа, но цените се мизерни, Местото за живеење е човечка потреба, а не луксуз. Нејзе не и е проблем да живее далеку и во куќа ама незнам кој ја наснка и наполни главата со глупости, и сега се противи.. тоа нејзино противење ќе не стави во минус 100.000 евра па после ќе си ја чукам главата у бетон.
Цените се до небо отидени. Не верувам ни да паднат, пошто сите материјали се поскапени скоро дупло. Во Центар/Карпош више под 1300е/кв не може да се најде ништо што е океј, а не изгледа како да паднале 2 бомби внатре (со реновирано вц )) )
Потполно те разбирам како ти е јас неможам сопругот да го натерам да купиме стан или пак да правиме куќа . П.с ако се одлучиш за градење имаш опција и за брза градба, јас кога се распрашував за мене за 1 месец готова куќа со клуч на рака и нема потреба од плашење дали мајсторите ќе те зезнат
ако планирате да создававате фамилија,мала ви е куќа од 60м2. 100 м2 би била доволна за 4 члено семејство
Јас не се сложувам, сметам дека кога вложуваш за себе апсолутно не частиш некого туку инвестираш за својата иднина. Дури и станбениот кредит како таков не го гледам како зло туку како нешто што ми донело дом. Факт е дека цените се пораснати и тек ќе растат но тоа е што е, или ќе вложиме и ќе имаме дом или истите пари ќе ги дадеме на друг за кирија и ќе немаме ништо свое.
Zdravo pak jas posto ne gledam nikakvo novo video na nivniot fb za GA09 osven za najnovite zgradi Dali imate nekakvo soznanie sto se slucuva I do Kaj se so 09 fala odnapred