Добро ќе се сложам ајде, инвестиција на некој начин, се разбира без профит бидејќи јас живеам таму (свој дом), Ама за Станбен кредит да кажеш дека не е зло?? епа е.
Секој со своите планови, ама треба да се има предвид и оддржувањето и сметките. Од личен пример, со маж ми живееме во куќа (сами двајцата), се грееме на струја и на дрва, а двете децв живеат во стан со парно. Нашите месечни сметки се два пати поголеми отколку на децата, како на пример за струја во зимските месеци даваме и до 8.000 денари , а во станот сметката за струја е 1000 денари плус парно 950 денари (или 1900 ако би плаќале во само во грејна сезона). Во станот ги имаме на располагање сите интернет провајдери, а во куќата само а1 и телеком. Да не зборувам за снабдување, маркети, - кај што живееме (Бутел 2) за една месарница треба да возиме 2 километри. За оддржување на дворот - бескрајна приказна - чистење лисја, паднати цреши, снегови, најмалку 10 месеци во годината. Во вашиот а и во нашиот случај изгледа секој го посакува она што го немал...
@1998296 глеј, до негде си у право со муабетот, околу загаденоста, тишината итн, ама не можеме да кажеме дека си у право пошто е субјективно мислење Ја пример не би живеела на 10-15км од Скопје, навикната сум на гужва, на луѓе, на сѐ. Плус, заборавив кој ти спомна претходно за деца во иднина за превезување, во право е. Плус ќе ги мислите, а и подалеку ќе сте ако исксчаат во Скопје, за било какви не дај Боже ситуации. Мене до Илинден, Сарај, Геге паа и Волково ми е океј таму негде би живеела, и Радишани е убаво.Мада и тоа е подалечку од Центар, Клиники, факултети, институции молови дрндрн
Здраво феминки, со вереникот сме во потрага по стан со 3 спални соби, дали знаете каде се градат моментално ваков тип станови, во околина на Кисела Вода, Аеродром, Влае? Денес разгледавме стан од 90 квадрати во зграда во изградба кај кружниот тек во Ѓорче, но не ни одговара бидејќи низ цел стан има столбови што го кратат просторот и не може целосно да се искористи, а некако има слабо огласи по страните за продажба.
Moj sovet ne zemajte tolku golem ako ke treba da go prodavate nataka pogolemite stanovi I Garsonjerite tesko se prodavaat.do 70 m2 vie najidealno.no sepak vie se znaete
Ти имаш едни желби и размислувања, жена ти други. Според пишаново ти размислуваш покарткорочно, а жена ти долгорочно. Тебе ти смета гужвата, неа не, различни работи сакате, нема тука ти си во право, таа е во право. Јас го делам мислењето со жена ти. Како што ти пиша и членката погоре да сега кога сте двајца и работите од дома нема да имате проблем, ама кога ќе имате деца нема да е така едноставно, постојано ќе треба да го носите и да го земате од некаде, кога ќе пораснат со јсп ќе се отепаат од време губење, за излегување на вечер да не зборувам кога или вие ќе бидете шофери или ќе треба да имате уште еден автомобил или пак ќе даваат пари за такси. Верувај ова жена ти се го има поминато со тоа што има живеено во Драчево и не сака повторно истото да го поминува со децата. Се согласувам дека цените на становите се превисоки, и допрва ќе растат, материјалите се скоро дупло поскапени, побарувачката секогаш расте. Ама тешко дека ќе изградиш куќа со толку пари. Ако веќе се одлучите и се нафатиш со градење куќа, гради ја околу 100 квадрати, да имате сите комоција, сега сте ти и жена ти, потоа и деца ќе имате веројатно, кога веќе правиш нешто сопствено, прави го по твоја волја. Мора да застанете со жена ти и да се договорите на долгорочен план како ќе функционирате бидејќи инвестирате пари, станбенотот прашање се решава на подолг план, еднаш засекогаш што се вели.
Здраво дали некој има искуство со Дора Инвест? Дали вистински постојат? Со сопругот сакаме да купиме стан и нивните понуди без учество се баш совршени што ми прави сомнеж да не се реални. Дали може воопшто да се купи така стан, без учество? Да ми препорачате некоја друга агеција? Фала многу!
Мислам дека моментално поќе се исплаќа да купиш стан во Мајами него во Скопје. Никогаш не би дала пари за да се трујам. Волково ми е топ за живеење, и тоа во куќа за некој денар плус. Сепак, секој со потребите, вкусот, можностите и навиките али дека цените за становите не се нормални не се.
Ај, помош, има ли некоја нормална страна со ажурирани огласи, кај што се продаваат стари станови? Има ли?
Ние се јавивме пред 4 дена, ни кажаа дека морало прво доле улицата да ја завршат за да биде пристапна па ќе давале клучеви - до крај на месецов ќе ни ги дале... Што е како е стварно вистина, не знам Бар да дадеа мерки да земе човек...
Да, и јас мислев така ама не дозволуваат. Било се веќе исчистено и заради тоа не смеело да се влегува - мерки ќе сме си земеле кога ќе го земеме станот на крај со предавање на клуч
Чудно. И јас купив стан во градба, колку пати сум пошла никој не ме запрел. Си влегувам внатре, гледам до кај си, зедов мерки за шо ми требаше. Тоа е мој стан, купен платен, кој нема да ме пушти во него?!