Битолчанки некоја да има стан во сохо касарната па да кажи мислење за становите? Заинтересирана сум да купувам,а мн се жалат дека не се квалитетни во касарната Битола, цени прескапи ... Фала
Дозвола за градба се зема пред да се почне со изградба на објектот. А, во државава дека ќе срушат објект со плус некој кат не ми е верно.
Никој нема да добие, освен ако тие што градат не се со длабоки врски, па да најдат начин да им пројде, затоа што кој и да ја поминува згардата така кривично ќе одговара.
Некој дали има информација за Саник Алуре комплекс дали направија технички прием или кога планираат? На договорот пишува 31.12.2021
Здраво Дали има некој повеќе искуство во врска со купување на стан преку агенција и уплата на депозит од 2% за станот, за што е нагласено дека 1% плаќа купувачот а 1% продавачот. Дали тој дополнителен 1% после ти се враќа и дали имаат основ да ти го задржат и тој против сила. Како правно да се постапи во вакви ситуации за да се осигураш дека ќе ти се врати. фала ви многу
Не сум сигурна дали за истото збориме. Но тие 2% се агенциска провизија и тие не се враќаат. Сега дали на истото и ти мислиш не сум сигурна. Моите скоро купуваа и платија 1% и продавачите 1%, но тоа не е депозит него провизија што си ја зема агенцијата и таа не е повратна. А друго е депозит(капар) што купувачот по склучување на преддоговор го исплаќа на продавачот и тој си се одзема на крај од вкупната сума.
До сега немам слушнато за депозит од 2%, препрашај си во агенцијата, но сигурно е аганциска провизија и тоа е неповратно. Која агенција е?
Не се враќа тој 1% што го плаќате на агенцијата затоа што тоа е провизија односно наградата за направеното посредување за купопродажба на недвижниот имот. Согласно Законот за облигациони односи на агенцијата и' следува награда која што ќе ја договори со купувачот и продавачот заедно, или одделно со секој од нив. Во вашиот случај вие сте се договориле да платите 1% од вкупната 2% провизија, другиот 1% го плаќа продавачот.
Бевме пред месец дена кога земавме клуч ама за корекции само за кречење не викнаа. Реално вака ако бараме корекции за друго како кривите ѕидови ќе треба од ново да ја градат
Па добро тоа ми беше зборот, зошто ние бевме пред нова година и ни кажаа дека веќе ги викаат з корекции, затоа. А клучот кога ви го дадоа, договорот кога го потпишаавте?!