Здраво Ја пролистав категоријава и не најдов слична тема. Поради одредени проблеми кои ми се повторуваат (иако обично за тие проблеми би рекле луѓе- ех во секоја фирма истиве проб. ќе ги сретнеш) стварно чуствувам потреба дека треба да работам на себе и не сум сигурна од каде да почнам. Видов дека имаме некои центри за личен развој но лично имам слушнато не баш најсјајно мислење. Помислив и да побарам психолог кој е специјализиран за корпоративни односи и развој во раб. место но немав среќа да најдам. Можеби знаете некои курсеви или лични тренери/психолози кои можат да помогнам во градење на силни комуникациски вештини, soft skills, (critical thinking, problem solving, public speaking, professional writing, teamwork, leadership, professional attitude, work ethic, career and time management ) business mindset како и подобрување на сопствената ком. со клиенти, директори, луѓе од висок калибар. Сум присуствувала на неколку корпоративни soft skills/leadership тренинг сесии и искрено не сум задоволна. Мислам дека ми треба one on one пристап и no-bullshit персона, дирекна, реална и отворена личност која може да ми помогне. Лично мислам дека problem solving, professional attitude и work ethic ми се силни страни. Одговорна сум, сакам предизвици, да решавам проблеми и секогаш се трудам да придонесам нешто плус. Креативноста ми е најсилна страна. Но проблемот настанува кога соработувам со повеќе луѓе и клиенти кои се "тешки" за комуникација, лоши за feedback и проектите скроз ги реметат или кога веќе сме скоро готови со проектот (сме поминале безбројни состаноци, проверки, преработки, сме се согласиле итн итн) наеднаш комплетно се менува нивната желба, се премислуваат последен момент итн... Искрено да се случува ова еднаш или барем максимум 3 пати во годината ќе го сварам, но во последно време некако мнг ми се зачестија овие случки. Повеќето мои колеги од разл. фирми имаат развиено некаков механизам на заштита, отворено сум ги комуницирала проблемите и ми имаат дадено совети ама нивните начини на заштите баш се персонализирани, не можам да ги применам скроз. Пред некое време мислев дека вака се чуствувам поради burnout, земав подолг одмор, убаво се одморив но очигледно не е тоа. Помислив ако се одморам доволно ќе имам сила да се носам со овие предзвици но сериозно мислам дека проблемот е подлабок. Го пишувам ова бидејќи на денешниот состанок, каде пак имавме несогласување со клиентот кој се премислува по 30ти пат а веќе рокот си тече, на лицето имав огромни знаци на незадоволство и блага агресија во тонот. Не го навредив клиентот но не си се допаѓам ваква ич, знам колку е битно да си професионален и смирен во сите околности. Денеска мојот professional attitude падна од 100% na 25%. Помош?
Секогаш ќе има такви клиенти, за мене најдобро звучи советот што ти го дале од останатите фирми колеги, да се заштитиш со договор и колку ревизии да имате според мене е најдобро. Друго научи да бидеш смирена, ако не им се допаѓа, не им се допаѓа али дознај што е тоа. Променете ги работите и после настапи со факти. Можеби треба да си поубедлива и да не попушташ со такви клиенти, не можете вие цело време да тапкате во место и да се вртите во круг со промени. Со договор најдобро ќе се заштитиш, па и на крај краева ако веќе таков е клиентот не знам ни дали би сакала да ми е клиент. Некогаш може е и добро да си малку дрзок со клиентот, ако он цело време де премислува и не знае што сака зошто ве најмил вас, треба да си ја вршите вие работата, или пак прави како он што ќе ти каже и готово. Клиентот ви плаќа од сработени саати?
Фала за одговоров. Поминав време и на reedit барајќи слични искуства. Да ти одговорам на прашањава. ако не им се допаѓа, не им се допаѓа али дознај што е тоа - ова е проблемот. Се согласуваме на концепт, почнува да се работи и после се премислуваат целосно. Ова мнг ме нервира бидејќи имаме ммнг состанови, мнг ревизии и на крајот се е за џабе. Кога барам точно да ми се каже што е проблемот ми идат со муабет дека имаат тотално нова идеа и треба да се проба (мнг работи поради ова не се довршуваат). Ова се тип на луѓе кои не седат мирно (big thinkers/entrepreneurs) и цело време нешо ново ќе им текне а сакаат да се фати рокот. Можеби треба да си поубедлива и да не попушташ со такви клиенти - затоа мислам дека ми треба soft skills upgrade. Деновиве стварно размислувам и се спремам како да му пријдам на овој проблем бидејќи не сум само јас, тим на луѓе работат со мене, јас ги раководам (барем за овој проект за други сама некад работам) и не ми се допаѓа како идат работите. Клиентот ви плаќа од сработени саати - ова е болната точка. Парите не се проблем! Спремни се да горат пари и ме плаќаат плус за сите промени. Поради ова скоро сите мои колеги ми викаат да издржам, чим им се фрла пари ти иди по нивни гз, но јас едноставно не можам тоа да го правам. Да, задоволна сум од парите но мојата трпеливост се претвори во трпење и веќе мислам дека не се испаќа целиот овој стрес. прави како он што ќе ти каже и готово - нема готово со овие луѓе. Ке ти каже прави вака, па после прави така и нема крај. Имам и други таскови и обврски кои веќе ми се поисплативи да им се посветам. Очигледно наредна недела ќе имам состанок и ќе барам да се повлечам од проектов. Собрав документација од тоа колку верзии се направени, колку време е потрешено, колку стилови се сменети, колку состаноци и ревизии имавме и да стигнеме до некаков заклучок.
Јас имав(м) проблем со горе-доле истите работи, и после многу едукација и разговори, дојдов до заклучок дека комуникацијата е клучна. Кога страните ќе ги отворат картите и се отворени да најдат компромис за понатамошна соработка, тогаш се работи токсичната средина да ја снема. Затоа веќе место да играм кралица на игнорантноста и да глумам недопирлива, сама можам, комуницирам со другите и ги пегламе работите заедно. И се е многу поефективно и се случува побрзо. Повеќе глави се поумни од една, колку и да е умна таа една. Последното за себе си го кажав. Ако не се адресне некој проблем, никогаш нема да има шанса да се реши. Ниту една лекција за лидершип, проблемсолвинг скилс, ефективна комуникација итн. нема да промени ништо додека не си отворен за тоа што треба и не покажеш дека си готова да дејствуваш. А ако не бива, продолжуваш напред. И ако тие од другата страна се разумни, ќе разберат и ќе те поддржат, а ќе пробаат и да промен ат за тие другите што остануваат ако не ги кошта многу.
И јас се согласувам со членката погоре ниту една лекција или курс нема да помогне ако самите не сме отворени да искомуницираме квалитетно со клиентите и тимот со кој соработуваме. Ама па и лидер и лидерски вештини не се учат, да основите и принципите на делување ќе ти ги откријат низа курсеви ама ако не знаеш да ги применуваш џабе ти е се. Имам мн. искуства во оваа област, сум соработувала со секакви компании и лица, махери по секакви курсеви, со брдо дипломи и сертификати дури и дел од нив држат вакви курсеви, ама кога не ги бива во комуникацијата се приметува. Мн. вообразеност не е добра, исто како што не е најдобра преголема приступачност без јасно дефинирани граници и замарање за секакви ситници наместо фокусот да се стави на клучните нешта во соработката.
Кај маж ми на работа имале работилница со актер изверзиран за вакви тренинзи, плус некој веројатно психолог. И самите вработени бираа ситуации во кои им е незгодно кога ќе се најдат. Разликата е дека во сркојдневието еден од "актерите" се повлекува и конфликтот неразрешен се става под тепих. А овде актерот продолжува да врши "притисок" во дадениот контекст. И вработениот се соочува со ситуација каде "мора" да одговара , еве на пример на лут или неразумен клиент. Или колега. Софтвер работат иначе. Маж ми рече дека корисно би било ако се повеќе сесии. Од еднаш, тешко бенефит. Кај нив се сменија сопствениците, па прекина воркшопот.
Здраво девојки Темата ми излезе ко новосоздадена и ве исчитав, ме заинтересиравте- Чисто информативно ме интересира со што точно се занимавате, шо ви е професијата и како се вика???
А да видиш некои курсеви на LinkedIn Learning? Мислам дека таму баш има вакви работи, првиот месец имаш free trial, направи акаунт и разгледај што има. Верувам дека можеш да најдеш затоа што има многу вакви курсеви за бизнис вештини и лидерство.
Се‘ ова што го имате пишано си е на место, но колку и да се бусташ со обуки, работилници и тн.. искуството како во работата така и во приватниот живот си го прави своето, и едното и другото е многу тесно поврзано! Убаво е човек да сака брзо да напредува, брзо да се развива како на приватно така и на професионално поле, но, пак ќе кажам, искуството си го прави своето. Од друга страна има луѓе што го носат тоа во себе и во секоја ситуација знаат многу умешно да се снајдат, да не‘ речам да изменаџираат, за разлика од другите, тие треба малце да се потрудат за да го совладаат тоа! Факт е дека ништо не е невозможно! Жал ми е што си западнала во таква непријатна ситуација. Се надевам брзо ќе го пребродиш овој проблем! ПС. Многу луѓе се пишман родени (не дека имаат идеи, туку дека не знаат што точно сакаат)!
Фала за одговорите, ми требаше малку повеќе време убаво да го разм. проблемов.Искрено 100% се сложувам дека искуството си го прави своето. Листав неколку книги и курсеви но искрено ништо не ми фати око деновиве. За останатите што ги интересира го решив проблемов некако. Ментално се спремав два дена. Имав состанок каде ги потсетив се што досега сме направиле (кога визуелно видоа не само на муабет мислам дека им кликна,) јасно кажав зошто нема да продолжам со нивните барања, и инсистирав на директен feeeback и на критика бидејќи чим толку мнг драстични промени се бараат цело време очигледно нешто не штима. Имаа пофални зборови и ако не признаа ништо конкретно, се изненадив дека се почуствуваа одговорни. Се согласивме дека не се продолжува со барањата и дека сакаат повеќе да се едуцираат за работниот процес, што е супер. Така да all in all испадна ок. Како и да е, најдов неколку добри youtuberi кои веќе ми помогнаа со вакви прашања, сеуште сум по потрага на начини да се усовршам себеси
Фино. Баш ми е драго! Инаку тие наши беа или странци?! Пс. Можеш да ги споделиш видеата или каналите тука, можеби на некој во иднина ќе му завршат работа Поздрав
Сигурно биле странци, прбо по речников на девојкава се гледа дека не работи на македонски јазик, второ на наш човек да му кажеш дека нема да сработиш како што рекол он, а он ги дава парите, одма се праи сељак, јас плаќам - јас кажувам. Ни требаат на сите обуки за меки вештини, не само на работа туку и во животот.
Клиентите ми се странци, соработниците пола тука пола странство. Чат пат и во МК имам по некој проект но не се фокусирам ммнг тука. Иако мислам дека МК страда од тоа што се нема квалитет тука дополнително уништува лош менаџмент, ама имало и неколку супер клиенти..како ќе ти се погоди Да речников ми е хаос Фала за разбирањето Девојкава има мнг интересен carrier path. Мнг модерна работа, работела за најмодерниве comp и брутално искрена е https://www.youtube.com/c/ColorsofChloe Го открив случајно ми се допаѓаат видеава https://www.youtube.com/c/andylacivita Иако нејзината раб. нема врска со мојава пристапот и е доста добар но немам гледано мнг видеа https://www.youtube.com/c/Erika2
Devojko sto rabotis ,ako ne e tajna?Ucis novi vestini i kursevi za promena na rabotno mesto? I jas sakam da smenam nesto novo.
Не мора да значи, зависи од твоето реноме и од тоа на фирмата која ја претставуваш. Има такви кои не се ставаат под лупа, се' што ќе сработат носи чист успех, им се плаќа и им се даваат одврзани раце да работат на проектот. Ретки се, ама ги има. Исто како што има проблематични клиенти има и такви вработени. Сепак за успех во работата искуството е пресудно, ама и вештините, особено кога си лидер на проект треба да те бива, да го имаш и носиш тоа во себе и да го развиваш се подразбира тоа. Ама па лидер не се станува преку ноќ и секој не е за таа позиција. Kолку сака нека има дипломи, изучено школи и поминато обуки ако нема тоа што е неопходно како основа, џабе е се'.
Тоа што ти сакаш да го кажеш, без употреба на англицизми, на обичен македонски јазик, е дека ти фали сенс на убедливост. Тоа се нарекува уличен сенс, нешто што те учи секојдневието и улицата преку комуникација со разни луѓе, од различни економски средини, различни карактери. Затоа имаш луѓе што успеваат да продадат исклучително лоши продукти и проекти на други луѓе по добра цена, затоа што веројатно го имаат тој талент на самодоверба. Плус, курсот на улица.
Па ако сакаш да смениш нормално ќе учиш нови вештини Работам проекти поврзани со маркетинг и филмската индустрија. Моја препорака е ако сакаш да смениш прошири си ги скиловите во твојата професионална област. А ако сакаш комплетно да преминеш во друга индустрија продолжи си каде што работиш, истовремено учи и спремај се за другата индустрија и истражувај како да се вклопиш таму, што се бара. Или ако има некоја личност чиј кариерен пат те инспирира, истражи и види како стигнал/стигнала до таму. Поточно каде претходно работел, кои книги ги чита, чии курсеви поминал итн (LinkedIn) И мислам дека вистински талент е попрепознатлива работа отколку човек кој само со врски успеал. Само додека го правиш ова размислувај за големата слика и нека не те обесхрабрува што ова е МК и патот ќе биде мнг потрнлив. Мнг опширно одговорив, ако сакаш пиши ми порака
Па никогаш не сум сакала да бидам sales person и да убедувам некого во нешто. Мојата самодоверба се потпира на добро сработен проект и на реакцијата на луѓето, јас сум обично човекот што работи во позадина тивко и неприметливо, и после the work speaks for itself. Иначе се согласувам до некаде со тебе, треба да бидеш убедлив и да имаш силни презентациски вештини, па и да бидеш street smart.