Наставата е супер ама настава со 16-17 души не е настава. Дури и Ш класа приватни школи не ставаат повеќе од 12 Дипломата е локална како кај сите. 2400 ми се чини се доплаќа за меѓународната. Или 2000. Не ме држи за збор, меѓу 2000 и 2400
16 луѓе... Не бе, 10 преку сила... Премногу е 16, цела паралелка во школо ти е тоа. Па што ќе научиш така?
Зависи за кои јазици одиш. Еве јас сега одам на германски јазик веќе некоја недела и малку души сме во група. Одам на брз курс за поголема цена.
Според мене зависи од многу фактори. Квалитет на професорка, твојата посветеност и јазикот кој го учиш. Не можам да најдам во Скопје кинески да почнам да учам. Некоја препорака?
Лесно учам јазици, туку ме интересира со забрзан курс до кое ниво би можела да дојдам отприлика. Ако можам и сама да го постигнам ич да не си ги трошам парите, ако е само некоја основна комуникација на пример.
Тоа зависи од тебе. Пробај. Не се тоа залудно изгубени пари. Зависи кој јазик и од кој степен почнуваш. Јас почнувам германски од нула, па ми е тешко на почеток.
Како мислиш се доплаќа? Од кога ќе ја земеш дипломата плаќаш 2000 за да ти биде меѓународна, или уште пред да почнеш плаќаш за меѓународна?
Не. Дипломата си е диплома. Таква е каква што е. За меѓународен сертификат се полага посебно Почнуваш со GOETHE-ZERTIFIKAT A1: START DEUTSCH 1 па нагоре
Каде одиш со по неколку души? И колку брз е курсов? Во Гете е 12000 за А1.1 на пример, па и сите останати
Ве молам ако некој има некаква информација за изучување на словенечки јазик,во Струмица,нека ми пише,може и лична порака...Однапред ви благодарам