@Dust извини ако сум грешка некаде прочитав дека имаш идено во алфабетико или било кој друг да ми каже искуство , дали сте задоволни од професорите? Дали убаво објаснуваат , бидејќи порано каде што идев проф буквално ја мрзеше да објаснува , се надевам дека не се и ваму исти да си губам време. Фала
Одамна одев и супер беше професорката Зависи за кој јазик си заинтересирана, ама газдарицата на алфабетико е супер жена, не верубам да прифати кај неа да работи лош кадар
Здраво, Јас учам моментално онлајн руски јазик. Онлајн школо ru_en_languages. Имаат и програми за англиски колку што знам. Види, прашај за сигурно. Ги има на инстаграм и на фб. Јас на инста им пишав, плаќам 250 ден од сат и зборам со девојка што студира у Русија. Прво на скајп почнавме, ама сега на zoom, бидејќи мене ми треба и граматаика и правопис, а не само разговорен руски.
Здраво, сакам да почнам на курс по Германски во Штип, некој да знае да ми предложи некој добар за курс по Германски во Штип? И колку месеци се оди за да се добие Сертификат?
За сертификат можеш одма да полагаш не ти треба посета на часови и дипломи како резултат од посетеноста и реализирањето на обврските, односно сертификат се зима од како ќе знаеш доста солидно одреден јазик и само си полагаш.
Да ми препорача некој професорка која држи индивидуални часови по англиски јазик, ми треба повеќе за комуникација. Пишете ми во лп.
Здраво Дали знаете некој добар што дава часови или држи курс по Германски јазик во Битола? И каков курс би требало да побарам ако немам никакви претходни познавања од Германски јазик, а ми треба А2 ниво за летна студентска работа во Германија?
Дали некој знае забрзан курс по германски во Лисиче или Аеродром или курс по германски за медицинари?
Може некој да сподели искуство за јазичното школо friends? Планирам да се запишам од септ. таму или да ми предложите некое школо во Скопје, може и преку лето што држат часови, ако воопшто постојат такви, би ви била благодарна!
Дали има некој информација за приватни часови по словенечки јазик во Кавадарци?Ви благодарам однапред..
Гледам ова пред една година си го пишала. Дали посетуваше курс кај нив од тогаш, сега мене ми треба мислење.