Не е до мрзата, си постојат стандарди кои мора да се почитуваат. Ако сакаш нешти специфично, си постојат индивидуални часови или апликации на кои ќе си учиш со изворен говорител како тутор.
Дечки, препорака за школо за германски јазик во околина на Аеродром, Н. Лисиче или Кисела Вода од кое сте задоволни?
Здраво. Сакам од септември да се запишам на курс по шпански или италијански ама нормален, не убрзан. Дали знаете како се движат цените отприлика?
Со оглед на ситуацијата, локално и глобално, од 2500 докај 4000 денари месечно, зависи каде сакаш да учиш. Данте Алигиери за италијански или Каста Дива за шпански држат повисоки цени, делумно поради реноме. Меѓутоа не верувам дека во моментов има нешто поефтино.
Охх, многу некако Како дете кога одев на англиски по 1000 беше месечно. А можеби па и англиски е поевтино, што знам.
Да, ама кога си била дете ? Толку е. Инаку не е исплатливо, лиценци, кирии, сметки, исплата на професори.
Здраво, дали некој знае курс по норвешки А2 каде можам да посетам, барав во неколку школи ама пауза за лето ќе правеле. Или можеби попригодно би ми било приватни часови
Добарден. Дали некој може да ми препорачува интензивен курс за возразни ( по можност Ѓорче, Карпош или Центар). Ви благодарам
1. Само часови индивидуални интензивни знам професорка од Битола нуди, сестра ми се запиша на онлајн, пошто не живееме во Битола. 2. И како додаток на индивидуални часови, пошто 500 ден е час (некако скапо и беше за да земе 2 часа неделно - 4000 ден месечно, зеде 1 час неделно - 2000 ден месечно), се запиша на курс со септемвриска група кај Деа, ако не ја знаете еве го сајтот https://deaedu.com/ . Курсот беше 59 евра - еднократно плаќаење, знам има многу вежби и таа секој ден учи по 20тина мин, веќе има резултати огормни (+ има некои предавања во склоп на курсот и часови за зборување). Сега планира да земе од тој новиот курс што го најавува Деа за 30 евра - сите англиски времиња. Би ти препорачала најискрено нешто онлајн да нема патување и трошење на тоа време. 1 на 1 со камера е лек, јас самата порано држев часови по Руски и знам како беше со учениците, плус ова со курсов е топ, пошто преефтино се фаќа и многу обемни материјали. Исто потруди се да следиш на инстаграм некои такви профили, освен Деа, не знам дали има некои такви во Мк (https://www.instagram.com/dea.education/) И ако сакаш скроз интензивно, само часови или курс не е доволно. Мора да се опкружиш со работи на анг јазик (серии, филмови, музика, книги, дури и работа ако нешто ти е поврзана со анг - е одлично).