Sakam da se zapisam na angliski jazik, go znam delumno, no sakam da go usovrsam. Dali ke mi preporacate nekoj kurs ili nekoj sto dava privatni casovi?
Сакам да почнам да го изучувам германскиот јазик, но од 0, затоа што не знам ништо. До сега не сум го учела, па се плашам дека ако се запишам на курс дека ќе ми биде тешко за совладување..Што мислите вие..? дај препорачајте некој центар за странски јазици, ама да има некој што убаво објаснува..
Зошто би ти било тешко за совладување кога веќе имаш некој за да те научи? Мораш од негде да почеш ако сакаш да го научиш јазикот. Еве еден линк што ми се појави на facebook http://grouper.mk/skopje/deal/interkultura-germanski-jazik
Има некаде во Аеродром училиште за странски јазици кој нуди курс во лето? Конкретно сакам да учам германски јазик летово, но почнувам од 0
Поради неколку проекти потребен ми е некој кој говори и пишува одлично Италијански!Би можело тоа и да е некоја школа која одржува курсеви или пак самостоен човек.Напомена!Преферирам школата или човекот да биде од реонот на населба Лисиче,Аеродром,Ново Лисиче или Кисела Вода. Значи работата е многу едноставна и не бара многу време.Единствено само првиот пат ќе одземе малку време од околу 20-30 минути.После тоа само Единствено лицето треба да е достапно на телефон во поголем период од денот,за во случај доколку заглавам со јазикот,да можам да го добијам. Работата е за подолг период,па доколку знаете некој човек,школа или пак тука има некој-а,која знае италијански нека пише порака. Ќе ги објаснам детаљите поконкретно.
поискусни со школите по стански јазици итно ми треба совет сакам да запишам интензивен курс по англиски јазик со комуникација ама се мислам дали да запишам во Aполо или LINGVAFAN?
Јас одам во Sunrise во центар , во една од кулите кај Јосип Броз средното. Учам веќе 9 години , англиски знам подобро од македонски , има посветени професори што би дале се за да наушиш нешто . Оваа година ми е последна , учам FCE главен испит ..супер е
Во Битола има скоро во сите училишта за странски јазици колку што знам. Јас одам веќе 4 години во Лингва (до католичката црква) и сум презадоволна од досега наученото. Имаш можност да полагаш и испит кој е интернационален и секаде признат. Ако те интересира нешто поконкретно, слободно контактирај ме
знае ли некој каде можам да учам турски јазик ? некое училиште каде знаете или некој од вас учи ? пишете ми во лична порака
Препорака за школо за учење на шпански јазик за возрасни? По можност на професорот/професорката мајчин јазик да му/и биде шпански?
Ми треба предвод на реченицата ако некој знае основни познавања од германски Du bist mein ein und alles. Ich liebe dich über alles auf dieser Welt,
Феминки мои мене ми треба онлине курсеви по; англиски, германски, руски и шпански. Ајде ве молам помогнете ми со линкови. ФМП
Здраво женски, сакам да одам на часови по англиски јазик ама не знам во кое училиште да се запишам. Препорачајте ми некое училиште во центар, и кажете ми по колку се плаќа. Поздрав