Ти пишав и погоре за кај што учам јас . SUNRISE Центарот за странски јазици . И број ти пишав во порака мислам , ама не знам дали си се јавила .. се плаќа 1400 . Има повеке јазици ..си бираш за кој си заинтересирана за да учиш .
Школо во кое се одржуваат курсеви по албански, од кое сте лично задоволни или за кое сте чуле позитивни коментари? Нормално, во Скопје.
Одел некој на англиски во некое од овие училишта? http://naucijazik.mk/cenidatumi.html http://www.bronco.mk/ Каде е подобро, може некој да ми каже? Или да ми препорача некое друго каде би можела да се запишам, да биде во Центар или Кисела Вода.
Има ли некој учено курс за возрасни по германски јазик? Сакам да одам во Лингвафан, па ме интересираат мислења.
Сакам да се запишам на забрзан курс по англиски.. ќе може ли да ми дадете некој коментар за ХЕРЦ школото, во центар што е? Или воопшто да ми препорачате некоја друга понуда зошто во принцип не сум доволно информирана па да не се залетам..:/
Некои подетални информации за "Центар за странски јазици" ? Сакам да запишам курс, само многу се мислам дали германски дали англиски... Германски имам само во школо учено, а англиски исто така немам одено на курс како 'некои' мои врсници (има и доста што не оделе), и мене ми е најмногу ради диплома, доказ, дека нели сега сегде бараат познавање на англиски јазик, а јас немам сертификат, така оди таа работа нели? А за германскиов шо знам дали некогаш ќе ми затреба во живот, не е на одмет, а и интересен е.. Многу ми битно ако може да ми кажете оние кои се/биле студенти и посетувале курс, дали има време да се постигне? За горенаведениот цсј најмногу се интересирам затоа што видов на страната нудат квалитетна програма од гете институт, ама далеку ми е, со автобус во еден правец 40тина мин. и затоа прашувам. Втор на листа ми е Р.У. Кочо Рацин зашто имам слушнато дека имаат квалитетен кадар и дипломите им биле признаени, колку е точно не знам... а од феминки на форумот добри коментари прочитав и за Picacdilly и surise, ама за англиски нели, за герм. не знам каков кадар имаат. па, некое искуство, совет да споделите?
Го видов на фб. Можеби ќе му помогне на некој Во периодот од 25.08 до 05.09.2014 година, Интеркултура врши уписи на кандидати на еден од следниве јазици (два вида курсеви: стандарден курс во времетраење од 4 месеци– два пати неделно по 90 минути и интензивен курс во времетраење од 2,5 месеци – два пати неделно по 120 минути): 1. АНГЛИСКИ ЈАЗИК: - курс по англиски јазик (стандарден 1.600 ден. и интензивен 1. 800 ден.) - деловен англиски (стандарден 1.800 денари) и - англиски за правници (стандарден 1.600 ден.) *цените се по месец т.е. 8 предавања во месецот, стандарден 2х90 мин и интензивен 2х120 мин неделно) 2. ГЕРМАНСКИ (почетно ниво А 1, А2.1 и А2.2) , ФРАНЦУСКИ И ШПАНСКИ ЈАЗИК (сите нивоа): СТАНДАРДЕН КУРС: 32 ЧАСА по 90 минути (2 пати неделно) – времетраење на курсот: 4 месеци - ИНТЕНЗИВЕН КУРС : 22 ЧАСА по 120 мин. (2 пати неделно) – времетраење на курсот: 2,5 месеци Цена: 5. 100 денари (можност за плаќање на 3 рати) 3. ШВЕДСКИ (почетен А1 и А2 ниво) и НОРВЕШКИ ЈАЗИК (почетен А1, А2 и Б1 ниво) - стандарден курс – 7. 400 денари (можност за плаќање на 3 рати) - 2х90 миннути неделено - времетраење 4 месеци 4. АЛБАНСКИ ЈАЗИК стандарден - 2х90 миннути неделено - времетраење 4 месеци - 5.600 денари (или на 3 месечни рати) 5. Македонски јазик за странци Пријавувањето е до 05.09.2014 година, а курсевите започнуваат на 09.09.2014 година. Телефон за контакт: (од 10:00 до 18:00): 070/341 951 Спојлер Опис и информации за Интеркултура: ИНТЕРКУЛТУРА Е УЧИЛИШТЕ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И СТУДИО ЗА СУДСКИ ПРЕВОДИ кое се наоѓа на Ул Македонија 21/2-8, 1000 Скопје. ИНТЕРКУЛТУРА работи по најновите и најсовремените методи за изучување странски јазици. Нудиме стандардни и интензивни курсеви за деца и возрасни, мини групи и викенд курсеви, индивидуални часови и часови по конверзација, летни курсеви во странство како и прилагодени курсеви за фирми со посебен фокус на професионалните комуникативни вештини . Со посетување на курсот по еден од понудените јазици, слушателите добиваат и 10% попуст на речниците кои се продаваат во Интеркултура како и 5% попуст на одредени летни јазични курсеви во странство по најповолни цени. По завршување на курсот, слушателите ќе се здобијат со основните познавања на јазикот и културата (азбука, правила на читање, пишување и изговарање, членовите, падежите и основните глаголи, начин на претставување, опис на професија и возраст како и интересни содржини за земјата и културата) а со завршување на целокупниот почетен курс, слушателите ќе знаат како да се снајдат во секојдневните ситуации (поздравување, поставување прашања од секојдневниот живот, запознавање на гастрономијата и сл.) Флексибилност во работата и многу дополнителни материјали за работа надвор од час, корисни линкови за дополнително и брзо изучување и совладување на германскиот јазик. Во склоп на курсот ќе се организираат едно до две дружења на коишто низ конверзација ќе го вежбаме она што сме го научиле Во цената на курсот не влегува материјалот за изучување на јазикот (оригинал книга со ЦД, работна тетратка – 1.100 денари – за два степена). ИНТЕРКУЛТУРА Ул. Македонија 21/2-8 1000 Скопје Тел : 070 / 341 951 Е- mail: contact@inter-kultura.com.mk http://www.inter-kultura.com.mk Facebook : Inter Kultura
нешто повеќе да ми кажете за cambridge наспроти скопјанјка што е? дали имате одено таму и како сте задоволни?дали имаат страна негде на интернет или имате телефонски број.фала ви
Девојки, дали некој веќе посетува курс по италијански јазик или планира да посетува? Некој предлог за каде да се изучува јазикот? Јас веќе сум информирана за тоа како стојат цените за курсот (стандардизиран наспорти интензивен) но ме интересираат препораки на школи, кадешто има квалитетни професори.
Каде има во Скопје, добар курс по португалски? Барав во Каста Дива, ама има само шпански и италијански. Ве молам кажете ми, зошто веќе пукнав. Ептен ми е желба да го научам јазикот!
Ако најдеш кажи ми и мене. Според мое мислење нема добри професори кога се работи за јазик различен од англискиот и францускиот. Јас одев на курс по шпански и не бев задоволна, професорката беше мн неспремна, незнаеше ништо ни за културата ни за тоа што го предаваше и се отпишав после 1 степен. Не ми требаше ради реда јас имав основа сакав повеќе да научам и затоа плаќав но ништо.
Супер искуства имам од Центарот за Странски Јазици! Тоа е установа каде што стварно ќе научиш јазик, иако лично малце ме потсеќаше на обично школо...ама без разлика. Топло ги препорачувам Од Работнички гледам дека имаат многу ниски цени, ама за квалитетот не би зборувала, таму професоркине за толку бедна платичка работат за греотка се ... колешка на мајка ми работи таму и по неа знам.
Луѓе мили, цело лето размислував каде ќе се запишам на турски јазик, и одлучив тоа да биде во Јунус Емре, турскиот културен центар. Поднесов барање, ми дадоа и профактура за плаќање, само се чекаше да ме известат за датумот кога ќе почнам со часови. Сега дојде до компликации, немало место, имало премногу заинтересирани а и истовремено проблем бил терминот (сабота недела), сеуште не биле обработени тие смени. Скоро во сите центри за странски јазици уписниот рок е веќе поминат, а цврсто сум решена дека морам да почнам од оваа година на курс (ми треба сертификат). Може некој да ме упати каде (по можност во Центар/Аеродром) се изучува турски јазик а и да не ми прават проблем што барам упис покасно?