Здраво да не знаеете некој професор/ка која држи прватни часови по германски индивидуално во прилеп? Ако има некој број да ми остави многу ми е итно.
Здраво . Дали може некој да ми каже која цена се курсевите за турски јазик во институтот "Јунус Емре". Благодарам.
Za kurs ne znam, brat mi barase no ne najde, nikogas nemase dovolno zainteresirani za da se formira grupa. Sega posetuva privatni casovi i mnogu e zadovolen, dokolku sakas moze da ti dadam kontakt da si prasas. Pozdrav
Здраво девојки, дали би можеле да ми препорачате некој добар курс за странски јазици (поточно германски) со меѓународно признаена диплома? Во Скопје.
English Together. Одев тука буквално цел живот, има неколку различни курсеви за различни нивоа, спецојализирани за деца и посебни за возрасни и за некои на кои им се "брза". Има во Пелагонка 1 и Пелагонка 2. За др место не знам. Да не беа толку добри, искрено немаше да одам толку долго и да сакам да се посветам на јазикот буквално пола живот (зборам од моменталните години). На крајот од годината полагаш испит со кој се потврдува она шо си научил. То е во Јуни, ако не го положиш имаш уште една шанса Септември. Ако и тогаш не го положиш не смејш да продолжиш со следното ниво. Исто така те спремаат за поголеми испити од Кембриџ, шо се полагат Скопје и одите како група, само нели тие не се организирани од нив така да за овие доплаќаш пари. Сите професорки се супер. Колку години си ти? Вервај колку помали одат децата мн поќе домашно имаат и не е то за џабе така. Мн мн се учи во тие почетни години ко ќе си дете. Јас од 2-3одд одам, уште не знаев да пишам шо се вели ама тука научив. Ако денес од текстот извајвме 10 збора тие одат по 10 пати плус да се обидиме да напишиме реченица расказна + прашална. Ова со обидиме е уште на почеток кога основата не ја знаевме добро. После то пак е стегнато, пак многу се има за пишење, многу ливчиња даваат за дома за решавање, имаш работна тетратка плус најмалку две големи тетратки ти требаат за цела година не рачунајќи ја "училишната" т.е. та шо пишиш дури си на час таму. Часа има два пати неделно и цената варирала во цело она време бев ако не се лажам кога завршив беше 800,ама стварно не се сеќавам. (рекламата е поставена мајтап, само реално сум задоволна зато вака опширно)
Здраво , сакам да запишам CAE - ADVANCED . центар за странски јазици е дупло поскапо од Challenge, така да тоа отпаѓа како опција . Какви искуства имате со предавачите во Challenge и со квалитетот на знаење? Или ако сте биле во некое друго школо препорачајте ми.
moze nekoj da mi predlozi kade da odam vo skopje na kurs angliski oti mi treba da go usovrsam epten do juni