Пишала @Baby warrior погоре, 3500ден. Јас дефинитивно сум решена дека ќе земам курс, само уште да се решам кој. Се двоумам меѓу Јасна и Моја акушерка, втората е со веќе спремни видеа ама и за Јасна да одлучам не сум сигурна колку би посетувала со физичко присуство. Сега може малку смешно прашање ама тие што веќе сте биле кај Јасна, објаснува на кукли или?
Не знам за понатаму, јас сум до третиот час на Јасна моментално со тоа што онлајн слушам до сега (се надевам од следен час да одам со присуство), не е со кукли можеби во следните часови. 6 часа се вкупно и јас сум воодушевена од женава колку знаење има и колку убаво знае да го пренесе
Да имаше делови за доењето на пример на кукли и вештачка града … исто така за бањање на бебе со коритце и бебе како да го поставиш/фатиш … практично се
И уште едно прашање, дали тие веќе снимени часови остануваат за нас или имаме одреден ограничен пристап? Искрено, многу повеќе бев за Јасна и дека е тука, дека можам и со физичко присуство доколку успеам да се организирам ама и заради многуте пофални зборови што ги имам чуено за неа. Се јавив уште пред недела ипол за повеќе информации, некако многу ладно звучеше по телефон и не добив јасна претстава за ништо. Дали беше во гужва жената и не можеше да зборува, не знам ама не е оправдување тоа, работам и јас со клиенти и искрено, ако не можам да зборам во моментот не ни кревам. Ќе се јавам покасно кога ќе можам ама ќе објаснам сѐ детално како што треба. Нема врска тоа, ајде се дешава, ќе дадам уште една шанса. Пишувам на инста на профилот пред некој ден, ми врати пак кратко, недокажано и пак не објасни. Од тука сфатив дека се 6часа, временски уште не знам колку трае курсот, месец, месец ипол, два, три... И сега сум на два ума, само поради ова, ќе рече некој ситници ама кога ми е нешто вака битно стварно ми значи односот. Да не кажам, баш ми е пресуден за да одберам било што. Инаку не пишав, тука можеме да споделуваме и ако наидеме на информации за бесплатни вебинари или предавања што ги прават по приватниве клиники
Кај моја акушерка остануваат часовите со мејл и лозинка си се логираш и можеш пак да ги слушаш. Вчера објави дека курост е пак на попуст до недела, баш видов на инста. Значи околу 1200 ден на пола цена. Секој за себе си одлучува јас искрено не би се расфрлала со пари за ваква работа би гледала што поефтино да поминам бидејќи со бебе после се и големи трошоци барем на тоа да се заштеди а секако ќе се научи нешто.
Имате убави предавања во Систина, ги прават неколку пати годишно опфатени се повеќе теми во текот на неколку месеци. Исто така, има прекрасни вебинари на matrona intl со др. Марина Поп Лазарова (педијатар од болницата во Ремедика), мене искрено премногу ми помогнаа. Вклучени се како да се подготвите за вашето новороденче, што претставува мајчиното млеко и колку е добро бебето да цица, како да цица и слично. Топла препорака
Еј и јас имав сличен впечаток кога пишав на инста за дополнителни информации, некако ладно ми делуваа (не знам кој одговара од профилот на бебелогија), ама на часовите е скроз спротивно, јас превозбудена сум после секој час и му ги прераскажувам на мм редовно . 6 часа во рок од еден месец се, некои три недели отприлика, два пати неделно, од 17:30 до кај 19 часот. Јас по препорака на другарки отидов па и не ми требаа некои дополнителни информации, а нешто видов и овде: https://bebelogija.mk/proizvod/chasovi-za-psihofizichka-podgotovka-na-trudnici/
Да се надоврзам за вебинарите на Матрона, само што видов дека ќе има еден за доење на 16ти. Инаку имам слушано неколку и многу ми се допаѓаат, а и докторката како објаснува и одговара на прашања на крајот од сесијата (Не знам дали точно ја ставив сликата, па еве линк и од инстаграм). https://www.instagram.com/p/DITH7Y8slGO/?igsh=MW02eDRmYWhrNTNwMw==
Следната недела има и бесплатен вебинар организиран од Жан Митрев. Ова е линкот за пријавување: https://webinar.zmc.mk/register-web...jfJ-bNL0jpwrXKQJRA_aem_7-5hXgoSjkAnZLEa7TIZLw