Дали некоја феминка од битола има одено на курс за програмирање од каде била задоволна? Може и лп да ми пише
Здраво, Не можев да најдам соодветна тема, па се одлучив тука да пишам. Ако погрешив, слободно избришете. Има ли никој што учи/завршил курс или академија за веб дизајн во Скопје во Семос, или било каде во Скопје?
Zdravo, sakam da zapisham akademija za web dizajn vo Skopje. Gledam dve opcii akademija seavus i skillsacademy.mk. Skills se novi ama dobro im e strukturirana programata mi se dopagja, shto bi me posovetuvale?
Во Seavus има маж ми и јатрва ми завршено програмирање, јас гледав оваа година да запишам Веб Дизајн, и двајцата се презадоволни од Seavus али ете за Веб Дизајн сепак јас се одлучив да одам во Brainster. Они имаат отворено академија во Виена, за мене е тоа плус затоа што сум порасната и имам завршено факултет во Виена, а наредна есен планираме да си одиме за на таму. Интервју за упис ми закажаа утре, слободно разгледај ја и таа опција.
Здраво на сите. Би сакала да слушнам ваше мислење,искуство за веб дизајнер и дали е исплатлива оваа работа и во која компанија е најдобро да се земе курс/академија за оваа струка? Сум слушнала за SEAVUS и SEMOS ако завриш некој курс на овие компании нека пише искуство. фала ви
Немам одено на курс ама знам дека од Семос и Сеавус се задоволни, бидејќи за нив прашавте ви одговарам Имајте на ум дека курс за програмирање бара многу работа, нема само со курсот да научите и да бидете способни да се вработите, ако на некој му е потребен совет за да започне да учи програмирање може да ме контактира, ќе се потрудам да му помогнам
Здраво, дали некој има искуство со Code Academy, сакам таму да се запишам на предавањата. Почетник сум и немам никакво, или можеби многу мало, минимално познавање и, искуство во таа област. Нивните ветувања се големи, дека со неколку месечен курс ќе станеш баран програмер. А да не спомнувам дека сумата за курсот е околу 2000€ за 7 месеци. Ве молам некој да сподели искуство.
Nekako mi se rizik ovie akademii mn pari treba da se uplatat a posle ako se ostane bez rab e uste potesko a eden list hartija ne menuva nisto sepak treba da se nauci...nekoi vikaat deka udemi se dobri da vidis dali te interesira iki ne no toa e tamy povrsinski se dodeka ne sednes so mentor da podrabotis i malku da gi pipnes rabotite po detalno
Јас купив курс од Udemy.com за CCNA курс и одржување на мрежи. Добар е предавачот а особено акцентот е одличен англиски бидејќи е Британец а не некој Индиец. И добро и детално објаснува. Добри се Udemy. Би ги препорачал на секого.