Здраво, дали знаете некој во Скопје, кој што дава солидни часови за шминкање, меѓутоа тоа да не се специјални курсеви за професионално шминкање од 400 до вртоглави 1000 евра?
Имаш во работнички центар Кочо Рацин што е отприлика позади градска болница ама стварно не знам која е цената..
А зошто не се јавите на информации да ви дадат број од Кочо Рацин универзитетот и да си прашате на тел.колку е цената за курсот мене не ми е јасно ...нема потреба од отворање на секакви теми...
Курсевите кај Небојша се 1000 евра.Тоа се курсеви за професионално шминкање, барем некој непрофесионален, за сама да можам да се шминкам.
За сама да се шминкаш шо ќе ти се курсеви? Има многу јутуб видеа за шминкање, разгледај си и ете ти ќе се научиш. Курсевите се за некој што планира професионално да се бави со тоа а не да се шминка сам за по свадби и дискотеки.
Деба зошто бре чупе не ги читаш сите коментари не ми е јасно? курс за шминка 1000евра боже господе ненормална работа имаш часој за професионална шминка во Кочо Рацин бре ти пишав јависе таму не е поќе од 10000 денари рекламират и на ТВ еден куп курсој има таму за све какви 10000евра какви црни камења јас незнам и која будала за тоа дава 10000евра...
Во Кочо Рацин нема курсеви за шминка,не давајте погрешни информации. Има курс за козметика(каде што не спаѓа шминкањето) кој чини 35000 денари. Кој сака да посети курс за шминкање со пристапна цена нека ми пише лп.
Јас незнам овде кој пренесва погрешни информации бидејќи во Битола во работничкиот универзитет има курсеви сите работнички универзитети во државата го нудат истото јас моментално поседувам курс и затоа тврдам и моја другарка предава во Битола во раб.универзитет часови по професионална шминка,и кај нас има други што држат приватни часови но девојките доволно се паметни да се распрашаат за да знат колку да го одврзат паричникот овие универзитети нудат све вкучувајќи шминка, нокти, козметичари,масажери и ред др.занаети така да малку отпоќе ми е смешно во Скопје да има све ова а за професионална шминка да нема така? ...
И јас сакав кај нив да посетам курс за шминкање(и мене ми кажаа дека има) но кога ги прашав ми кажаа дека имаат само курс за козметика...сигурно нема да измислувам.
Авон си организира такви настани со цел да си ја изрекламира козметиката и ништо друго,за да бидеш професионален шминкер ти треба време да ги научиш сите работи пракса вежби,се разбира ако сакаш да се занимаваш професионално ти треба и диплома а авон тоа сигурно не го нуди...
Девојки ве молам за сериозен одговор, дали знае некој во Битола каде можам да посетувам курс за шминка каде што можам да добијам диплома? Јас веќе шминкам и сум обучена само потребна ми е дипломата за да можам да го работам професионално и во студио, знае некој?
Мене ме интересира за Кариера Плус, гледам на ФБ промовираат курс по шминкање со намалена цена па ако има некој одено таму нека сподели искуство.