Девојки дали некој од вас тука во Скопје посетувал курс за шминка ? Каде ? И колку сте задоволни од истиот ?
Ќе ве молам за помош.. Бидејќи несакам да одам на факс повеќе сум уметник духовно, а со таков факс нема да сум во ќар(ќе морам професорка по ликовно да бидам.Нема друго што, а тоа најмногу мразам несакам да слушнам ). Шминката и фризурата спаѓа под уметност и ме бива за тоа и сите ми велат жално ако не отидам на тоа бидејќи ме бива и најмногу сега се заработува од тоа. И да сум одела на таков курс, што потоа ќе сум се сметала за професионалец и се важела секаде таа диплома така што секаде за мене ќе има работа. А мене искрено и ми е желба за тоа имам мерак за тие работи. Па да ми предложевте за во Битола? (морам Битола) За овие два курсеви, шминка и фризура Кога има, колку чини курсот... сакам повеќе да се информирам бидејќи решена сум да одам. Морам нешто да се занимавам во животот
Девојкиии , не видов дека има ваква тема па решив да напраам една Да споделиме мислења за ова , кој бил на ваков курс , каде се одржува , кај кого итн..
Здраво девојки. Дали има некоја од вас што знае професионално да шминка? Ми треба совет.. Уште од малечка имам желба да научам да шминкам и да се запишам на професионален курс, не зборам за учење од ју тјуб. И секоја година одложувам поради други трошоци и обврски. Е сега конечно дојде ред и за тоа. Се запишав и почнав еден час. Малку сум загрижена и паничам дека нема да научам да шминкам. Желба имам преголема и можеби е рано да зборувам, но сите девојки од групата подобро шминкаат од мене.. Многу работи ми се испомешаа, не знам ни какви шминки да купам,што да купам, се ми е хаос во главата.Сакав да прашам ако некоја посетувала курс дали се чувствувала како мене, дали научила, за колку време итн..
Тоа мене ми се случи. Јас кога одев на курс тоа ми беше навистина почеток, претходно немав храброст да фатам да шминкам некого освен мајка ми. Па на почеток потешко ми одеше, како и тебе ми се направи хаос во глава. Почнав да купувам продукти за кои сега се каам што фрлив пари. Но, со тек на време како што шминкаш повеќе модели, а потоа и клиенти/ другарки, се повеќе ќе се подобрува. Кога почнаа да ми доаѓаат девојки за шминкање имав преголема трема ама сега помина. Се е некако нормално. Само постојано учам нови техники преку туторијали и следење на тој makeup world. Се најдобро!
Ти благодарам, малку добив надеж. Кажи ми работиш конкретно со некоја марка шминки или различни? И јас изнакупував глупости ама ајде мерак ми беше ама за понатака не знам.. Vo centar za obuka Eva, 15.000 den e kursot
Почнав со gr, сруште имам некои нивни продукти ама повеќе на себр ги користам. Палети користам од Мур и bh, пудри имам естее, лореал, ревлон, макс фактор катрис, крајолан, менхетен итн. Сите ср за различни типови кожа и со различен подтон. Исто така и камени и во пудра имам мешавина од овие погоре. Палети за контурирање имам од гр до лореал, се што сум видела сум купила. Пигменти и светки од nyx. Кармини најчесто користам од nyx, huda u kylie ама имам и од гр, есенс, римел... Све живо имам. На почетокот почнав со послаба шминка и секако поевтина цена. Сега планирам да земам од инглот и повеќе артикли од крајолан.
Јас во центар за обука Ева. 15.000 ден е курсот, еден час кој трае 4 часа еднаш во неделата, шест недели..
Здраво. 15 000 денари е, а може на рати? Не сум во можност одеднаш да платам, а сакам да посетувам, пред се заради себе да се научам да се шминкам, не ми е за да заработувам.
Здраво не видов ваква тема ако ја има избришете ја . Сакам да одам на курс за шминка се двоумам дали Карера плус или Ева споделете ваши искуства .
Курсеви има и во Кариера Плус, околу 14-15000, се одржуваат за викенди. Според мене ниеден курс од споменативе нема да ви помогне ако немате талент и фат за шминкање.
Девојчето што работи со Фран ми има зборено дека КАРИЕРА воопшсто не ти посветуваат внимание и дека не се толку добри т.е. повеќето сама ако знаеш ќе си го научиш.. Ева незнам какви се..