Здраво девојки, бев решена на го започнам курсот во Ева, но читајќи ги вашите коментари малку и почнав да се двоумам. Арт ги имав ставено како опција Б, и размислував за индивидуален курс, сакам да ве прашам дали некоја од вас има искуство со индивидуален курс, дали вреди да се платат 10.000мкд повеќе или и во група го добивате истото знаење и внимание ??
Подобро е индивидуален во Арт. Јас во Ева пред 2 год. платив 22.000 со група + уште 3 други курсеви одев после тоа. Ѓавол ипол ми испадна +гориво и други трошоци по 2000 2500 секоја недела одев...
Здраво, те молам пиши ни искуство со Кариера плус, јас сакам да посетам курс за шминка, па се двоумам помеѓу Арт и Кариера плус .
според коментарите што ги читам во темава , гледам дека најверојатно имаш искуство . Плс дај ми подетални информации , зошто да арт и зошто не кариера. Стварно многу се мислам , некако многу ми влијае и тоа кој се едукатори, пример Васе што е едукатор во Кариера е прочуен шминкер и ја следам неговата работа долго време , иако не значи дека ако он работи добро знае и тоа да го пренесе , но од друга страна па Милена едукаторката во Арт , прв пат слушнав за неа кога почнав да чепкам за школиве за едукација, а Арт имаат повисока цена од Кариера. Плс за дополнително инфо , од која гледна точка ДА од која НЕ . Фала ти , сигурна сум дека твојот одговор ке биде од помош и на други не само на мене
Од одамна сакав да се запишам на некој курс, да најдам добра школа која ќе вреди. Јас сум инаку самоука за многу работи а во Школата до сега земав 5 обуки. Со години го следев Ева и Кариера Плус, не бев за ништо експерт но сигурнп знаев дека тоа што тие го нудат е веќе на некој начин според мене значи лично мислење- измината мода. Ги следев уште од 2014 година , но дури и тогаш со многу малку вештини за било што, тоа што они ни го прикажуваа како ПРОФЕСИОНАЛНО, беше далеку од тоа, тие тоа што го учеа на курсот на кок другарка ми идеше , јас самата без курс со познавања од Youtube можев да го сработам. Самите слики почнувајки од шминката се толку непрофесионални, шминката е толку непрофесионално изработена а и квалитетот на сликите сликани не се подобрува дури со годините исто како да сликале со Samsung s3-реално. Не се обидував да дадам таму пари дека не ми беа сигурни некако не беа тоа што го сакам а самата знаев други во Ск нема. И така лани во 2018, одеднашка ми излезе на Инстаграм Школа за Убавина Арт. Ако сакате верувајте ако сакате не , но јас во рок од 3 дена договорив разговор со власничката и уплатив одеднаш курс- иднивидуален. Тоа за мене беше нешто пребрзо но никогаш посигурно де немав чуствувано дека тие се тоа што јас го барам, во чекор со модата во чекор со се што е ново на пазарот. Кога за првпат отидов, ме дочекаа едни пријатни девојки/жени кои буквално имаа многу трпение со мене , и се премили префини и во секое време достапни за нас. За една година , толку успеси стигнаа , и самите кажаа прва школа во МК се за кои CRYOLAN сами се понудиле да им бидат спонзор / застапник. Самите можете да споредите , разликата е невидена. За разлика од Кариера каде другарка ми одеше , не се фалеше толку многу , била на групна обука ноо не била скроз задоволна , но сепак јас никого не етикетирам , кој и да ги држи Школите Кариера и Ева , секоја чест за нив и секако им посакувам успеси на секое поле , баш какви што имаат и Школа за убавина Арт. Ова не е никаква реклама , ниту пак имам како да ги рекламирам, освен ако не си некоја едукаторка таму, но ова е мое лично искуство со школата. Нудат редовни попусти , наградни игри и секакви чуда, и редовно нови обуки. Јас сум презадоволна , се надевам ќе бидете и Вие ) доколку имате уште некое прашање, слободно пишете ми. Се извинувам на ОГРОМНИОТ пост
Некој да ми каже со искуство или ваше мислење? Дали е ова на книга учиш или пракса ке работиш? И кој е најболје курс за проф шминка во Скопје?
Курс е тоа , ама сите шо ги знам шо отишле ваму шминкаат баш просечно ништо посебно. Не знам дали е до школото или до нив.
Јас од срце ти ги препорачувам АРТ. Одлични се, професионални, трпеливи, многу позитивни. Многу сум задоволна од нив. Долго време се двоумев помеѓу арт и кариера плус, воопшто ни на еден момент не зажалив што ги одбрав Арт.
Здраво девојки. Сакав да прашам дали зне некој како оде процедурата за курс за прфесионална шминка. Дали пред тоа треба да имам некое искуство или нема везе тоа ? Исто сакам за во АРТ ако има некој да пише искуство и да ми објасни како оди сето тоа и колку време траее, пошто сум од друг град и дали ке треба почесто да патувам и околу тоа..ако може и ДМ поопширно некок да ми каже. Фала
Како што кажа по 8 часа, еден час е 60 мин. А трае 8 недели (34 часа) Колку што разбрав дека ние ги шминкаме и на 8миот час фотосесија. (ако грешам нешто поправете ме) Но ме интересира дали знае некој дали можам да одам кога сакам бидејќи и јас сум од друг град?
Дарко Мишовски периодов дава часови за индивидуална шминка, мислам дека работи и курсеви за професионална шминка, јави се, прашај... Поголем професионалец од него нема, работи со професионална шминка, јас сум терсене кога станува збор за хигиена.. многу од нашиве “професионалци” не обрнуваат внимание на хигиена што е клучен елемент за оваа работа, кај него хигиената му е на прво место. Сите го знаат кој е.. еден од нашите најпрофесионални шминкери, дечкото работи 15 и кусур години и работава си ја знае до перфекција, еден куп жени го препорачуваат, ако ти е за учење од него најмногу ќе научиш !!
Здраво женски нешто повеќе за studio jehona academy дали некој знае.Кога има обука,како се движат цените?
Цената е фиксна 500€, ама некако ако сакаш ко Нуртен да шминкаш ќе пробаш да си останеш кај нејзе ако сака да те земе секако а за до крсј на обуката па и не ти дава огромно знаење