Здраво, сакав да ве прашам тие што завршија на курс со сертификат, дали се вработивте во козметички салон, и дали сте задоволни со платата?
Zdravo ,jas veke imam diploma za kozmeticar no sakam samo za sminka kade moze najdobro da se nauci (od vase iskustvo so kursevi) I kako ponatamu kako do PRAKSA zasto po salonite gazdaricite se sminkerki I nz koj bi sakal da ti ovozmozi praksa SOVET
Toa mi e problem o na mene,kako da se posle so rabota posle kursot ,po salonite skoro sekade gazdaricite sminkaat a I da bi te vrabotile ke se razocaras mnogu od PLATATA) rabotev vo salon so nokti pedikir I po potreba depilacii za 10 000 ne I'm se dava pari na gazdite po salonite ama ic, a rabota glava da ne krenis)
u Ana x Treme academy imas kurs za sminka. Drugarka mi bese,imale mnogu dobar edukator. prasaj si... vidi u Ana x Treme,imaat mnogu dobra edukatorka. Drugarka mi idese..okolu 500-600 evra e
Малку касно Ви пишувам но ако сеуште ви е потребно инфо еве. Јас завршивпред неколку месеци курс во Арт. Презадоволна сум од едукаторот. Многу е креативна, трпелива, убаво објаснува и најбитно според мене голема поддршка е на курсистите и по завршување на курсот. Исто така доколку приметат дека имаш талент те ангажираат за моден викенд да шминкаш. Тоа не се плаќа но е убава промоција. Јас не го земав курсот за да работам негде туку за да отворам свој салон. Тоа го сторив со со ситуацијава со Коронава моментално нема работа, но не губам надеж верувам дека ќе дојде подобро време. Доколку ве интересира нешто плус слободно пишете ми, кој го имтересора можам да му испратам и слики од шминка што сум ја изучувака на курсот.
Јас сум била модел за шминка во Арт неколку пати и потполно се согласувам со напишаново. Едукаторката Милена е прекрасна. Преубаво објаснува во детали, секогаш насмеана, едноставно шири позитивна енергија
Се согласувам со тебе, најважно е да знае да го пренесе своето џнаење, но исто така многу е важно да создава пријатна атмосфера за работа и учење
Здраво, само што завршив средно образование и ако може да ми предложите добри курсеви во Скопје за професионално шминкање и нокти
Сакам да споделам мое искуство со Центар за обука ЕВА, за да не се излаже уште некој Едукаторката беше фина, убаво објаснуваше, но организацијата беше очајна, мнооооооогу мал простор, дотраени непрофесионални шминки, не го добив тоа за што платив што сметам дека е кривица на лоша координација на работата и шкртост на сопственичката. А, пред да уплатам бев изманипулирана до бескрај. Како прво сертификатот не им е интернационално признат како што ветуваат (лажат), потоа материјалите за работа се дотраени и многу малку на број, пример се случуваше да чекам некоја девојка да заврши со палетата за да ми ја даде мене, ми беше ветено дека на крај ке добијам СЕТ шминки, а добив 3 четки и една палета... А завршниот едиторијал воопшто не го правеше професионален фотограф како што ми беше првично кажано, туку самата сопственичка со уште неколку вработени со обичен телефон. Внимавајте на кој давате пари и не дозволувајте МИЛОЗВУЧНО да ве изманипулираат и излажат!
Најдобри се школа за убавина Арт. Планирав таму да се пријавам се надевам се океј ќе испадне. А за центар за обука Ева читала сум тука неколку девојки се жалеле и добро е што ни споделивте.. :/
Дури размислувам да ги тужам Ценар за обука ЕВА, бидејќи не го добив тоа што го пишува во договорот и видот на курс. Ми ветија присуство и работа на разни настани, fashion weekend и сл. Празни ветувања милион. Не ги ни добив фотките од завршниот едиторијал. Ужасни се!!!!