Да потврдам да НЕ се излаже да отиде уште некој кај ЕВА. Ке потенцирам, едукаторката си беше топ, фина, не го штеди нејзиното знаење, сака да ти помогне итн. Во врска со ЕВА, газдарицата, никаква организација. Палетите од шминките дотраени, искршени, кармини никакви и уште се што може да се каже најлошо за козметиката која се користи. Имаат 3 пакети од кои те прелажуваат да се запишеш на највисокото ниво(Златен Пакет) кој кошта околу 500 евра и ти ветуваат дека ќе добиеш КУФЕР СО ШМИНКА, а накрај добиваш 6 четки што можеш да ѓи купиш од пазар за 100 ден. Во врска со газдарицата, катастрофална организација, никакво кафе, барем на тие пари што ѓи даваме едно кафе нормално да имаме. Друго, многу безобразно од нејзина страна, за време на главниот едиторијал, ве тера да одите со моделите кај што ѓи сликаат и ниту организира превоз ниту ништо. УЖАС!!!
Женски, од секогаш сум сакала да идам на курс за шминка. Дали некој знае некое добро школо во Скопје да ми препорача? Не знам дали има соодветна тема ама повеќето тука профи се шминкате па може ќе ми помогнете Благодарам.
Да се надоврзам и да споделам проверена информација.... ЗЛОУПОТРЕБА ОД СТРАНА НА ЦЕНТАР ЗА “ПРЕВАРА” ЕВА!!! Центар за обука ЕВА воопшто НЕ е верифициран за издавање на сертификати!!!! Платив 500 евра а добив обичен лист хартија што не е признаен никаде!
Здраво… Би сакала да добијам информација доколку некој знае дали во Битола во работнички има курс за депилација и колку пари ? Ви благодарам од напред
Курс за шминка Битола или Прилеп ? Скопје ми е далеку и неможам многу да патувам со работата ќе имам проблеми. Предложете нешто
Девојки ако знае некоја да ми каже…Ме интересира пример со сертификатот добиен од Арт дали може да се работи некаде во странство, дали во тие салони би го прифатиле сертификатов?
Дали овие центриве после ви помагаат, т.е дали ве поврзуваат со контакти клиенти, или сами на себе сте си?
Девојки, јас бев на обуката за шминка во АРТ и сум презадоволна и ја препорачувам. Едукаторката Милена е фина, стрплива и дава се од себе за да се.постигнат саканите резултати, мислам дека и сертификатите се признаени и во странство. Сега планирам уште една обука за шминка во Laguna Training Centar.. дали некој има искуство да сподели? Позз
Таа е тежок преварант и опасна од одамна, не знаев дека уште и веруваат и и поминуваат измамите. Истови ми го направи пред 5год.
Здраво девојки. Заинтересирана сум за курс за професионална шминка и се мислам за школа арт,дали ги препорачувате? Дали знаете колку трае обуката, колку чини и сл. Благодарам