1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кутија со спомени

Дискусија во 'Дом' започната од pink4ever, 23 јуни 2011.

  1. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Се стремам кон втора кутија со спомени :D :D
    Првата веке ми е преполна..алииииии ке издржи уште малку. Прво се мислев да си купам некоја убава един вид кутија, али пошто сум доста специфична :D сама си ја декорирав, украсував.
    Значи чувам се што е важно за мене почнувајки од поклони, до цртежи, проспекти од места кај што сум била...скоро се! :lol:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Имам, да. Обична кутија од патики кои се веќе одамна фрлени. Кутијата преживеа подолго :D
    Убава е, големка, сива.

    Внатре имам разгледници од места кај што сум била, роденденски картички, некои панделки, пликоа во кои некогаш имало пари :D стари писма... чувам капачиња од шишиња, суви ружички, аудио касети...

    Си ја отварам одвреме-навреме, кога ќе ми текне така, да си видам што си чувам внатре. Ама еден ден планирам да фрлам тоа што е внатре.... или барем дел. Но тоа еден ден. Сега засега не.
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Имам голема кутија со спомени :D Писменца, кутии, камчиња, ситници милион - и секогаш кога ќе ги видам ме враќаат назад.. колку интересно чувство! :) Не би ги искинала писмата, ниту пак не би фрлила... ако.. нека стојат :nod: :sun:
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Имам ваква кутија и чувам куп работи во неа. :D
    Автограми, CD-a, слики, бабушка, беџови, разни влезници, лименка од пиво :o :D , споменар, честитки за родендени, пенкала... Куп работи имам. Секоја ме потсеќа на значаен настан од мојот живот. Често ја отварам и се присетувам на тие убави и помалку убави моменти кои се дел мојот живот. :)
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Тоа е голема кутија што фаќа прашина под кревет, а мене многу ми значи и понекогаш си ги разгледувам спомените во неа.
    Дневникот од моето детство, стари фотогарафии, привезок, цевка сплетена во форма на цветче, билети за метро, влезници од музеј, салветка потпишана од драга особа, текст од една песна, тениско топче, честитка со многу убава роденденска порака и уште многу други работи...
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Имам дури две! :) :D
    Тоа се кутии од чевли (прилично големи), завиткани со украсна хартија и со машнички. (едната малку е поткината, одамна ми е)
    Во неа ги чувам салфетките и детските пошти што сум ги собирала, шарени пликоа, некои маркици, разгледници, постери, некои слики од мене како малечка, листови со песни и текстови што сум ги пишувала, колекција малечки играчиња мачиња што се собираа заедно со едни сликички за албум, покани за свадби и родендени, честитки за НГ, честитките што јас сум и ги правела на мајка ми за 8ми Март кога сум имала 3, 4, 5 години, употребни карти од концерти или театарски претстави, scrapbooks што сум правела со исечоци од списанија, тетратки со пораки и цитати, стари списанија, ливчиња од разговорите на часови кога не сме можеле да зборуваме (кога ги читам овие си се утепувам од смеење) особено зашто ни се напишани на наша измислена азбука која само 2-3 другарки ја знаевме (и да го земеше наставникот ливчето, немаше да разбере ништо, а ние се’ си разбиравме :D ), текстови од песни, кутивчето со косичка од мојата крштевка, пластичен накит и шнолки, лексикон, споменар и дневник, шарени и разнобојни камчиња и школчиња што сум ги собирала на плажа, автограми, клучот од старата влезна врата со мики маус привезок, па дури и оние што се етикетите од новите облеки што сум ги купила.
    Кутиите ги отворам не многу често, отприлика еднаш во два месеци, да додадам нешто или пак ако немам што да правам да си се потсетам на старите спомени, да си се изнасмеам или да си поплачам. :)
    Мајка ми имала ваква кутија како мала, ама кога потпораснала ја џитнала некаде, често знае да каже:
    „Отиде кутијата и сите работи во неа за потпалување на огинот за ајвар!“ и си се смее. Знам дека и е криво што не ја зачувала. Затоа јас си ветив а и реков и неа, дека кутијата ќе ја чувам и ќе ја предадам на моите дечиња. :)
     
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Имав,но повеќе ја нема! |(
    Во неа чував стари споменари од детството, слики од бивши симпатии, исушени цветчиња, малчки подароци од Х личности, запишани дати, ливчиња испишани со убави стихови кои ме потсетуваат на периоди од мојот живот... Скоро никогаш не ја отварав таа кутија туку само ставав во неа се што сметав дека не може да биде на било кое друго место,единствено безебдно место беше кутијата! 8)

    Но го израснав тој период и ги надминав тие фази од мојот живот,па и потребата да зачувам дел од спомените од тоа време ми помина! Затоа еден ден, при генералката дома решив да се ослободам од таа кутија и од се’ што имаше во неа! Фрлив се и досега не ме фатило носталгија за тие спомении и предметите од кутијата! :wasntme:
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Пред пет и пол години ја затворив мојата, а ја отворив на керка ми :)
     
  9. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Кога сум се родила моите ми направиле ваква кутија дрвена огромна(како ковчеџе за облека). Во неа ја има онаа алкичка од болница, весници од денот кога сум се родила, првата цуцла, првото шише, првата бенкичка, пеленка итн итн . Како мала ( а и сеуште) сум многу блиска со моите и се сум и кажаувала, па така мајка ми ми ги собирала сите работи кои ми биле значајни и посебни. Кога наполнив 14 години моите ми ја дадоа кутијата и така почна моето колекционерство на спомени :) Сега веќе е преполна. И кога ќе ме фатат носталгични денови ја отварам и со саати се подсетувам на едно преубаво поминато време.

    Планирам истото да го направам и јас за моето дете.
     
  10. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Имам една кутија со дневници и постери, една со салфетки(обично сите од девојкиве имаат) и кутија каде што имам некој мој албум и еден огромен албум на татко ми (сигурно има 250-300 страни) кога бил мал па се до 20-20 и некоја година.

    Оваа што е со дневнициве и постерите ретко ја отворам, кога сакам да си се присетам на старите добри времиња.
    Кутијата со салфетки ја отворам некогаш кога имам некои гостинки, братучетки , мали комшивчиња и ми бараат салфетки и им давам по некоја (ако немаат некој МНОГУ ЗНАЧАЕН СПОМЕН врежано во мене :))
    А кутијата со албумите ја отворам кога сум многу тажна , дури и депресивна :(, многу ме смирува кога ќе си видам некоја слика како бебенце или слика на татко ми со неговите родители, роднини , другари и кој уште не .
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Добро е ова но јас немам кутија со спомени :(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имам последно ја отворив пред некој ден кога си ја средував собата. Најчесто во неа чувам работи што сум ги направила( цртежи) и предмети што некоја личност ми ги дала. Тука си ја чувам и ружата што ја скинав од дворот на бившиот хахахаах :D :D. Си ја отворам кога сакам да се присетам на минатото и колку ми било убаво кога сум била помала :)
     
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Да,имам и ја отворам секогаш кога сум тажна бидејки внатре имам многу работи кои ми крадат насмевка но и многу кои крадат солзи.
    Внатре имам:
    -Некои слики од мала
    -мојата прва сечена косичка
    -сликички од познати естрадни ѕвезди што си ги имам сечено од списанија
    -мојот споменар кој си го пишев како мала :lol:
    -разни поклончина,срцина мечина од мојата екс другарка
    -поклончина од разни патувања на моите другарки
    -слики од основно со класот
    -алманахот од основно
    и уште многу други ситнури за кои сум сентиментално врзана :)
     
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    И јас имам ваква кутија.. сега планирам да си купам нова поголема пошо оваа некако преполна ми е :)
    да види некој со глупости си држам внатре ке се смее :D
     
  15. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Јас имам кутија со спомени. Ми фали само да си ја украсам кутијата и ќе биде супер :)
     
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас немам , ама сакам да имам , можеби ќе почнам од сега . :(
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wonder

    Wonder Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Јас немам, но сите предмети дома ми носат по некој спомен :)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.617
    Пол:
    Женски
    Имам кутија со спомени, сина преубава, поделена на два дела. Внатре имам слики од најдрагите луѓе, имам детелини со четири листа што ги собирам, имам некои ситни предмети од random денови, но сепак за мене имаам преголемо значење, имам еден преубав пердув што го најдов како помала, имам пликови со честитки од роденден, два-три прстени, половина од ланче од оние што беа best friends што се кршат на два дела..
    Ми стои во плакар, скриена под фустанчињата..
     
  19. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Немам ваква кутија но имам видено по филмовите :lol: кај мене скоро секој предмет слика потсеќа на некој спомен на некоја личнос така да не ми треба кутија со спомени но можеби некогаш ќе си направам :rofl:
     
  20. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Имам ваква кутија, прилично е голема полна со слики, влезници од концерти, споменарот што го пишував, разгледници, ситни подароци, честитики за роденден и за Нова година со реферати :lol:, празни шишенца од парфеми и што ли уште не..Убаво ми е кога ќе ја отворам..спомените сами надоаѓаат, а понекогаш и некоја солза ( па што да правам кога сум сентиментална :lol: )