До пред некое време имав кутија каде ги чував работите од бившиот (парфем, мечиња, некои ситни работи кои ми значат и се поврзани со него...), ама се вразумив пред неколку месеци и ги растурив работите кои беа внатре. Инаку, во една фиока ми седат сите работи кои ми значат. Некои слики од најблиските, честитки од родендени, чувам и фискални сметки ( ), билети, и многу, многу други ситници кои ете, ми будат некакви спомени.
јас од тука ја добив идејата за кутија со спомени иначе си направив и во неа си ставам работи кои ме растажуваат и кои ме прават среќна
Мојата кутија со спомени е додуша малце чудна. Користам онаква папка со Џивџи каква што носевме повеќето на англиски. Едни со ластик на краевите. Внатре има еден дневник кој го чувам за да се смеам на глупавоста во основно, неколку работи од скоро време кои не сакам да ги загубам и заборавам, па тоа ми е сигурно место и уште неколку приватни нешта кои си го нашле своето место таму. Немам работи од кога сум била помала, тие се раштракани зависно тоа што се по разни фиоки од собата. Во скоро време планирам да купам кутија, само ако ја најдам. Сакам убава, голема кутија која ќе ја замени оваа стара папка.
Имам ваква кутија веќе неколку години, малку е поголема и веќе е преполна! Чувам стари дневници, книги со песни, новогодишни, роденденски честитки, стари писма, па дури и влезници за концерти, театар, кино и слично. Си чувам едно камче во форма на срце со потпишана дата на него. Си ја чувам и влезницата за полигон кога положив Ја отворам само за да доставам уште нешто во неа, ретко за да ги разгледувам работите внатре. Ама сега изгледа ќе ми треба уште една кутија бидејќи во оваа веќе нема место
Мрежеста дрвена корпа. Ја имам во последно време претежно ставам каталози од изложби, покани. Пред тоа честитки, алманах, тетраки со поеми, влезници од журки, секогаш се наоѓа некој накит оставен.. Има многу мали ситници од детсвото, особено писмата од мојата мила Андријанка.
планирам да си купам некоја убава, украсна кутија каде би можела да ги чувам споменарите, некои слики, текстови и др...сега за сега во фиока ги чувам...многу ми е интересно кога ги прелистувам...и уште пишувам дневник се прашувам овие маливе дали имаат сега некој вакви стварии...сега слики текстови се на феЈСБУК
кутија со спомени немам но имам кугерче со спомени, онака мало и слатко (во ред мислам дека тоа исто му се фаќа ). А што имам во него ? па во него ми се спакувани сите писма од моето драго бнепознато другарче со кое се допишувавме кога бевме мали, неколку драги споменари, и неколку слики кој врадат да се блиску до мене но далеку од очите на јавноста. И морам да признам баш се осеќам разнежнето кога ќе го отворам и ги прочитам детските невини лудории
кутија со спомени... имам... си ги чувам внатре сите мали и ситни поклончиња навидум безвредни но од многу драги луѓе... и ме потсеќат на детството
Убава работа, но не за емотивци кои се стремат што повеќе да ги потиснат емоциите (како мене на пример )
Имам ваква кутија. Таму си чувам стари слики, писменца со другарки на часови што ги разменувавме, цртежи од кога сум била малечка, почнати но не завршени дневници, стари касети од детски фестивали... И така. Многу ми значат.
И јас коа бев мала си собирав секаков вид салфетки а сега во кутија (посебна) ми се сите писма соберени од тие што ми пускале како брчетката од Африка едно девојче од Америка се запознав на нет се допишуваме 3 год од вујко ми од Австралија и така
Јас како доста креативно дете, постојано пишував дневници, споменари, писменца, собирав детска пошта, сликички за албуми, салфетки.... Ги чував во едно старо куферче со Сара Кеј, многу мало, све натуткано беше во него. Нешто подоцна ми текна да земам поголема кутија, па ја наџиџав со украсна хартија, машнички и тракатанци и се складирав таму. Последен пат ја преправав летово, затоа што ја прекречував и декорирав собата, па мораше да се вклопи во новиот амбиент. Многу, многу ретко ја отварам. Ама кога тоа ќе се случи се чувствувам како да сум во некоја временска капсула. Плус ќе биде интересен момент за моите деца и внуци.
До скоро кутиите со спомени ми стоеја една врз друга,ама како што минуваше времето потребна ми беше промена и ги исфрлив кутиите. Нешто задржав,нешто со мерак изгоре. Сега имам огромна фиока со спомени...али наскоро ќе ја освежам. Којзнае што има..
Јас немам кутија со спомени,јас имам плакар со спомени Имам многу работи кои ги чувам и од време на време си ги погледнувам за да се потсетам на некое време и убаво ми доаѓа на душичката
Имам 3 кутии со спомени чувам : писма (што ми ги праќале од далечните градови , држави..),стари слики од детството,видеа од некои чудни,смешни,збунувачки моменти , дури чувам и бакнежи на салфетки
Имам кутија со спомени,тие се дел од мене,никогаш не би ја фрлила.Од време на време си ја вадам и си се присетувам на некои драги моменти.Во неа имам слики,писма,честитки,разгледници,привезоци,предмети,па дури и обични ливчиња со по некој збор напишан,и карти за концерти,карти за воз и што ти не... Сепак јас сум таква личност која вечно живее во минатото,мора да има нешто што ќе ми ги држи секавањата свежи.Често знам да се навраќам со мислите во минатото.
и јас имам кутија баш пред еден месец здогледав во кутијата една честитка, таа беше од едно момче кога бевме многу мали. Се присетив на него гледав слики, и разговаравме и комунициравме но мене сега тој ми се допаѓа, а тој не е заинтересиран за мене, незнам како да му пријдам бидеќи многу се страмам
Имам ваква,и тоа ја чувам од кога знам за себе.Од многу мала почнав да си собирам вакви работи,ситни но кои ми значат многу.Пример,од 1 одделение,од кога научив да пишувам си почнав дневници,споменари,лексикони да водам.Како растев се поубаво и поискусна бев во тие работи. Најпрво,почнав со малечка кутија за некои ситнурии кои ми значеле од малечка.Потоа,се прошири содржината,па ставав и некои значајни писма,салфети,листови,некои такви работи. После одлучив да имам огромна кутија и во неа да ми стојат:албуми со слики,некои стари видео касети,слики од омилени глумци,пејачи,филмови,книги и се тоа.И стварно имам,и сега до ден денес ја пунам.Ретко ја отворам,освен кога ми доаѓа внучето(малечко цуци) па отварам и ми разгледува играчки од мала тие шо ми беа.
Пред некој ден си ја пронајдов кутијата со детска пошта Колку само се израдвав Си пронајдов писменца, покани за родендени, писмо од непознато другарче и шо уште не Исто така собирав и салфетки, па и нив ги извадов и бев радосна како мало дете