ја имам две вакви и воопшто не ми се украсени или нешто сл.обични кутии од чевли се и внатре се преполни со споменари,дневници,постери,слики,карти,фискални,украсни хартии од подароци и др.ливчиња со лични творби.инаку сум за овие работи,како шо си оди времето човек има потреба од вакви работи
До сега не ми текнало на нешто вакво, но секако прекрасна идеа. Си чувам некои значајни работи но не ми текнало да ги сместам во ваква кутија... Денес се фаќам за работа )
Мојата кутија веќе не се ни затвара од што е преполна... Еве ја во комплет со дневникот... А еве ја и нејзината содржина :
Веќе подолго време имам кутија со спомени,која веќе е преполна.Си ги чувам цртежите од прво одделение,писмата,поканите,стари дневници,слики. Кога ја отварам,секогаш ми буди убави спомени,и се сеќавам на тие моменти.
Јас имам веќе 7 месеци.Дневникот кога ќе го завршам планирам да го ставам таму.А сега имам билети од журки,влезници за драмски,хераклеа итн.Текстови од сработени драми и слики од истите.Спомени бе,ееееееееј.Само тие се вечни....
И јас имам една кутијка во која чувам некој цртежи, писма,креди и сл., кога и да ја отварам ми доаѓа насмевка на лицето бидејќи се присетувам на моментите
Имам и тоа Џек Дениелс кутија хехе. Моментално немам многу во неа. Имам три албуми со омилените слики. Свекичките од мојот 15 роденден(кои многу ми значат) и 2 споменари
Имам и јас но не ја имам отворено одамна,Сакав да си го прочитам дневникот да се потсетам на некои работи кога бев среќно и безгрижно дете...
имам две вакви кутии, едната е од бившиот, се што ми давал, писма, честитки, пораки кои ми ги пишувал, а другата е од мм, и во неа се наоѓа истото, само во неа има и некои предмети кои ме потсетуваат на некои моменти што сме ги поминале заедно и не ги отварам, нека си стојат, ги чувам за внуците, ним ќе им ги дадам
Јас веќе имам уште една кутија, и новата и таа погоре се полни и морам уште една да направам Ќе ставам и слика деновиве.
Немам кутија, туку ваква папка само што мојата е со Барбики. Жив срам, ама и така стои на високо место, па никој не ја гледа освен јас. Два дневници А4 формат испишани на секое ќоше, два дневници со средна големина и една обична тетратка. Одамна не сум седнала да прочитам што се има низ тие страни. Пубертет, ша чеш, ќе пишуваш по цели денови. Едно и единствено љубовно писмо, писмо за идната јас (клише муабет), ливчиња со пораки од кафиња, влезници од дискотеки, настани и др. места, несекојдневни шеќерчиња, картички од родендени, мапи и разгледници од патувања, карти и флуросцентни алки од концерти итн итн. Ги мерачам едни големи кутии во Џамбо. Баш ми се совршени за вакви ствари.
imam nekolku kutii od tinejdzerski godini kaj moite sedat a sega otkako si rodi sin mi si gi zacuvuvam spomenite od nego
Имав,потоа ја фрлив.Во неа чував споменари(потоа почнав да чувам електронски дневници,ама сега престанав и со тоа бидејќи немам доволно време да пишувам ),слики,исечоци од списанија,некои мали ташничиња,приврзоци,некои дати... Моментално немам,ама мислам дека пак ќе си направам.
Јас во кеса ги чувам спомените. Новогодишни честитки, покани за свадби, исечоци од весници, тетратки со слики од познати личности. Салфетите ги чувам во кутии од бонбониери. А во фиоките (во поранешната дома) чувам списанија. Криво ми е што не си ја сочував детската пошта. Сигурно се сеќавате на оние ливчиња со кои се менувавме со другарките. Ја дадов на ќерката на пријател на татко ми. Ја чувам и касетата на која сум снимана како пеам.
Имам. Од писма, слики, карти за: концерт, фудбал, авион и сл... Омиленото мое морнарско фустанче што сум го носела на само 1годинка, бебешка пелена изработена рачно од едната баба која е оставена како аманет за мене, кошула од носија од другата баба и ред други предмети за кои сум поврзана страшно многу. Кога се селев, нив први ги пренесов. Ми топлат срце. Има и некои кои исфрлив, од некогаш "битни".