Кучешка храна

Дискусија во 'Дом' започната од blueeyes7, 29 април 2015.

  1. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Каква кучешка храна користите за најмилите и најубавите суштества на планетата? Од кај ја купувате? Која храна вашето куче ја обожава? :)))))
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    Јас не ја хранам со кучешка храна, но планирам за се префрлам на Brit CarniLove, затоа што ја хранам со домашно готвена храна, па поголем е ризикот да има проблеми со аналната жлезда. Исто така многу се здебелува од домашно готвената храна. Да се потроши пилешкото, ќе се префрлиме и на сирови папалини (мали замрзнати риби) со варен ориз. Еднаш пробав само папалини да и' давам и ги обожаваше. (ма да таа не пребира, така да се' обожава да јаде)

    И да, совет до сите сопственици на кучиња: ако купувате храна за вашето куче, никогаш да не биде во конзерва и било кој производ да е, да има над 50% месо, не житарици. Брендови кои произведуваат кучешки храни, кои слободно можете да ги дадете на кокошките се Ројал Канин (иако е фалена храна, први во состојките се житариците), Педигри, Чампи, Пурина, Боно, Анивитал и сл. Брендови кои се одлични за кучиња се Фармина, Брит и Оријен. Тие имаат 70%/80% месо што значи дека вашето куче ќе биде правилно хрането. Оријен не знам дали ја има во Македонија, но за Фармина и Брит сум сигурна.
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    10003642_1583501691915180_2117259909622412869_o.jpg
    Еве што треба и не треба да има во еден дехидрат.

    Патем, сега почнавме со Брит Кер Јуниор Јагнешко и ориз. Сакав Карнилав да и' земам, но за жал последната вреќа беше дупната (а амбалажата си има зипер за да се задржи квалитетот на храната). Единствена суперпремиум формула оваа беше. И' ја комбинирам со старата храна, варено пилешко и ориз. Односно, на сабајле јаде варено пилешко со ориз, навечер (7/8 саат) Брит. И навистина одлични резултати има.

    Исто така додека бев на одмор, случајно во списание за миленици најдов храна Максима. Јуниор формулата има 41% протеини. Требаше вреќа да земам, сега се каам. Еве состав и проценти на протеини, масти, влакна итн.


    Composition: Fresh chicken and turkey (50% min. before extrusion);dehydrated meat; tapioca; poultry fat; dehydrated fish (anchovy, horse mackerel and mackerel); potato starch; dehydrated egg; citrus; apple; carob pods; chicken digest; fish oil; brewer’s yeast; beet pulp; alfalfa; sodium chloride; potassium chloride; fructooligosaccharides (FOS); yeast extract (MOS); seaweed; glucosamine; chondroitin; vegetable extracts (citrus and rosemary); yucca schidigera; plants (thyme, chamomile, fennel and echinacea).


    Analytical Composition: Protein 41%; fat content 20%; gross fibre 2.5%; inorganic matter 8.5%; calcium 1.6%; phosphorous 1%; humidity 8%.

    http://www.cotecnica.es/index.php?md=articles&id=854&lg=3

    Составот е солиден, и навистина се исплати за цената (38€), за разлика од храни познати по име (РК, Еукануба, ПроПлан). Јас би да плаќам за тоа што е во вреќата, не за вреќата.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.