Здраво на сите.Вака значи,купив мало куче хаска скоро месец ипол откако е родено..Сакам да ве прашам како се справувате со нив..? За јадење му давам ама не јаде мн изгледа дека уште е мало.На колку време треба да се бањаат? И дали има врска тоа да го чувам надвор или внатре? Внатре бељи би правело како на пример не би знаело а тоалет и кај ќе му текне таму ќе оди...а надвор друго е .Во куќа живеам ама отворен ми е дворот страв ми е да не ми го земе некој затоа го затварам навечер во голема кукарка со жица додека му направам негова.Може ли да биде во затворен простор ноќите зошто мн лае,вие... Фала ви ..
Хаските не се кучиња за во двор затоа што поради расата најчесто се крадат. Јас не би го чувала во никаков случај во двор,зашто и жиците лесно се кинат со алат и лесно може да ти го украдат,
Па ќе го научиш. Секогаш после јадење или спиење носи го надвор и ќе се научи. Јас Ердел териер научив да врши работа НАДВОР од двор и само во висока трева каде што нема да се забележи изметот. А, потврдоглави кучиња од Ерделите нема. Ако сакаш хигиена, не чувај хаски или воопшто куче со максимум среден раст. За тебе чивава ќе одговара. Изметот колку на глушец им е. Квичи зашто е само 1 и пол месец, а кутрињата треба да се одвојат од мајките после 2 месеца. За ова не те обвинувам тебе, туку човекот кој ти го продал на толкава возраст. Врвни одгледувачници ги даваат кучињата на 3-4 месеци со сите примени вакцини, со микрочип, врвно педигре и работна книшка. И дека не ми одговори на прашањето, ќе мора да претпоставувам.... Мало кутре треба да се храни 5 пати на ден (до 3 месеци) со храна зависно од неговиот раст. Конкретно хаскито треба да се храни со храна која има 38% протеини од наведено животинско потекло, 20% минимум масти, 1% минимум калциум и 3% минимум влакна. Таквата храна е над 3000 денари. Кучињата со мал раст немаат потреба од толку протеини зашто не е потребно да ја достигнат максималната висина од стандардот, а и не се склони на дисплазија на колкови и лакти. Еве јас што направив со исхраната. Купив храна со 29% протеини и 18% масти. За да надокнадам со протеини, не ја хранев само со купечка, туку и со домашно готвена (варено пилешко и малку ориз). Купечката храна има јагнешко месо како прва, а ориз како втора состојка. Други житарици освен ориз нема. Израснав куче со идеална висина, градба и движење. Плус, секој ден и' давав 2 апчиња калциум до 11 месеци.
3-4 месеца и ќе нема проблем, паметни кучиња се додека е свесно дека ти имаш моќ над него, виде ли слобода нема веќе слушање.
Treba vreme dodeka se nauchat da drzhat. Na pochetok tie ne mozhat 6 saati da izdrzhat bez da mochaat, spored moe iskustvo, trebashe 5-6 pati na den da ja iznesuvam (i pak ribav pod). Ne da bev stroga, i sega sum, ama bebe ne mozhesh da nauchish da ne mocha vo gakji so kjotek, pa ako saka i Ajnshajn neka bide. Isto i so kuchinjata.
Да не има некој што продава хаска? Машко по можност? Ве мола ако познавате некој таков да ми пишете во порака. За купување сум. Ви благодарам.
на фемина дискриминираш женски пол аууу и јас сум заинтересиран небитно машко/женско и онака затворено ке си го чувам нема да давам да се пари со секое џони од маало и нормално со педигре исклучиво
Шо ќе се мачиш да го држиш под контрола затворено, подобро кастрирај го на година-две. И ти и кучето ќе бидете раат.
Хаска 3 год. 8 мес. 4 недели и 1 ден има моево. Тврдоглавое е како првиот ден, а темперамент има за 10 кучиња заедно. Да не го сакам толку колку што го сакам, би му ја отворила врата Јаде еднаш на ден,исклучиво сува храна. Ги чувам во двор. За куче како хаска, казна е да го чувате во внатрешен простор. Моево е пуштено во двор. Не знам како не му досадува да прави бељи. За некоја вонсериска интелигенција не би можела да кажам дека им карактеристика. Се им е месен, обесен. Ако го споредам со дете, не е од оние деца што викаат - види што направив, туку - сакаааам. За хаските важи, јас сум газда, ти ме чуваш (и слугуваш) Сум чувала германски овчар, доберман, кокер, пинч (уште го чувам) и ниту едно од нив не се однесувало - јас сум главен. Можда па затоа го сакам И уште нешто. Моево е со дресура, како ли ќе беше да немаше ...
нез ти како го замислуваш тоа затворено ама јас сум у план внатре дома и во бокс и шетање нормално, како што ги трјат кај мене не ни помислувам на отворено да биде
Хахахах не сакаат дома моиве женки. И мачка чувам долго време мажјак строго. Инаку што е до мене и женка е добредојдено, барам долго време но сеуште неуспешно
Сепак, повеќе мачење на кучето е ако не се пари. Замисли ти да не можеш да си ги задоволиш потребите, те држат на страна од „женки“ и немаш рака за да се „испразниш“. Јас со женка едвај на крај излегува, а па со мажјак... Ќе ти пратам по ЛП линк од еден човек што има преубави хаски.