Ваши мислења? Кој е подобар миленик, или кој миленик повеќе го сакате од овие два? Мое мислење е дека добиваш толку колку што си вложил и на двете страни. Јас пред 7 години вдомив мачка и еве ја жива и здрава, дадена и' е максимална љубов од малечка, а таа ја возвраќа со тоа што секогаш кога бев тажна, доаѓаше, го допираше носот на моите образи и почнуваше да мјаука и преде. Сега поретко сум тажна, но никогаш не ја запоставувам за кучето. Едноставно, тоа црно мало бушаво топче ме прави смирена и соте проблеми ги брише. А, кучето, како куче, живо, бесно, весело, секогаш е тука да ме насмее. Од 10 јуни, денот кога ја земав, до ден денес, па се надевам и понатаму, не сум се расплакала, а кога ќе ми дојде да плачам, секогаш прави глупост за да ме развесели. А, со тие нејзини глупости не можам да ја искарам за нешто. Денес чорапите ги расфрлала по дома, и додека ја карав што била немирна, таа ме погледна со сериозен израз и ја стави пердната шепа на мојата рака во стил "Смири се, чоек, океј е, нема да се повтори, само престани да правиш да се осеќам виновнa за ова".
Куче дефинитивно. Сум чувала и Сијамска мачка, во ист период со кучето ... но сепак куче си е куче Таа комуикација и таа поврзаност што можеш да ја оствариш со кучето, таа цврста врска ... никогаш нема да може да се оствари со мачка.
Јас па повеќе сум по мачките. Иако се понекогаш малку саможивни,тврдоглави и себични,сепак ги сакам,повеќе за разлика од кучињата,не знам зошто. Најверојатно тоа е така бидејќи уште од мали нозе сум растена со мачки,па ете,со текот на времето се зголемила љубовта кон нив. Инаку,прв пат мачка вдомив пред 9 години,можеби . После тоа чував уште неколку мачки,но само на краток период.Да можам,односно да имав повеќе простор во станов можеби пак ќе вдомев.
Најголем љубител сум на кучиња. Причини за да чувате куче Секогаш кога сте тажни доволно е само да го прегрнете ова крзнено пријателче и веднаш ќе се почувствувате подобро Не мора да купувате песок и алергиите на кучиња се помали во споредба со алергиите предизвикани од мачки. Мачките се користољубиви животни и кога нешто не им се допаѓа може да те гребнат или да те каснат. Со кучето нема такви работи.
@pupi.girl Како што има хипоалергични кучиња, така и мачки. И според направена анкета, повеќе луѓе чуваат мачkи зашто е помал трошокот. (Исто и од мое искуство потврдувам) На кучето милион средства изнакупив, чистејќи по него, а мачката одма си научи каде треба. Луѓето што немаат време многу, купуваат мачки, така да уште еден доказ дека мачките се помала обврска. И не, не се користољубиви, има многу мачки кои што спасиле дете од опасност, како мачката која што го нападна кучето кое што сакаше да го касне нејзиниот млад сопственик (одамна хит низ нетот). Колку љубов вложуваш, толку љубов добиваш (од било кое животно).
Големо куче не може во стан да се чува, затоа вакви кучиња е подобро во двор. Немам ништо против мачките, едноставно повеќе преферирам кучиња. Го знам видеото и до некаде си во право, се зависи од животното
Мачка, затоа што можеби потајно се пронаоѓам во нејзиниот карактер - давам толку колку што добивам. А и искуството ми покажа, дека со малку тренинг и мачката може да стане дисциплинирана како кучињата. Чував мачка цели 15 години и откако ја изгубив, не знам дали би можела пак да вдомам нова, иако навистина би сакала. Нејсе, малку фалеше мачкава да почне да зборува, тотално се однесуваше како човек; седнуваше кога ќе и` речев „седи“, знаеше да пружи шепа и да направи „здраво“, да се сврти или да легне кога ќе и` кажам. Секој Божји ден ме чекаше од школо, на аголот од улицата каде што живеев и си доаѓаше назад со мене. Многу бев приврзана за неа и многу ми е жал за неа, ама беше премногу стара за да може да живее уште. Воопшто не сметам дека мачките се користољубиви, посебно не дека ќе те гребнат кога нема да добијат нешто што сакаат. Мене само дива мачка ми има пуштено нокти за да ме гребне, најверојатно зашто мислела дека ќе ја нападнам бидејќи многу нападно и` се пуштив со намера да ја галам. Моето маче дури и кога му правев закачки ми пушташе само шепи како да сака да ме мавне, без нокти. Многу ми се мили и секогаш пре би одбрала мачка отколку куче. Сум чувала долги години и кученце со мал раст, но не беше тоа тоа, сепак мачките ми се поомилени.
Јас сакам и кучиња и мачки. Едно време како помали сакавме да земеме куче, ама мајкабми не ни дозволи со изговор нема кој да го шета и ќе биде нејзина обврска. Пред 5 години од истата причина земавме мачка. На почетокот ми беше страв од неа а да ме прашате сега зошто не знам. Сега си спиеме заедно, дури ме чека да си легнеме. Се случи еден викенд да не нема мене и мајка ми, бевме надвор од градов некои 30 саати. Иако сестра ми беше дома, мачката стоела до врата да не чека. Сеуште сакам и кучиа, но сепак би одбрала мачка
Човек во Аеродром чуваше/чува шарпланинец, јас чувам големо куче внатре (иако имам двор, не смеам во двор зашто не само мој дворот). Тоа си зависи од одвоените пари за кучето и просторот, а и од човекот. (и мислам не си ме разбрала добро, сакав да кажам зависи од човекот, колку што човекот дава љубов кон животното, толку љубов ќе добие)
Јасда се надополнам на @Papillon.Papi Познавав луѓе кои чуваа шкотски овчар и мачка во стан од 40 квадрати. Се согласувам дека се е до човекот.
Не можам да изберам, едноставно двете подеднакво ги сакам. Моментално имаме само едно куче, а не можиме да си земиме и маче поради тоа што кучево не не остава. Мрази мачки, а богами и други кучиња не сака, многу е љубоморен ако те види како галиш друго куче и се уфрлува да те раздели од него. Само кон него целото внимание да е свртено.
Ехх, знам како е. Кучињата се најљубоморните животни. Мојава кога ќе види дека носам хрананза мачката, прави се' за да не и' дадам, а кога ќе ја победам, квичи, цела куќа во вис ја крева...
Јас сум си dog person дефинитивно Обожавам кучиња, а кога ќе ми текне дека порано многу се плашев од нив, дури смешно ми е. Ова сега што го чуваме го имаме скоро 8 години, го земав кога имаше само еден месец. И мислам дека покрај нејзе ги засакав кучињата, им ја сфатив филозофијата, па сега кога одам на гости кај луѓе што чуваат куче, обавезно си играм со него. Не можам да ја опишам приврзаноста што ја имаме со моево куче, секогаш забележува кога сум нерасположена, па доаѓа да се гали, да ми обрне внимание А тек па кога ќе си дојдам дома од некаде, како ме пречекува, мафта со опашката, рипа околу мене, ме лиже по лице, дури цимоли зошто ме немало толку време Уште да ми прозбори. Кога шетам низ населба обавезно со мене шетаат и уличните кучиња, како да познаваат дека сум dog person, па ми прават друштво Мачка не сум чувала, ама имам неколку другар(к)и и братучеди што чуваат, па некако добивам чувство дека се малку лицемерни, доаѓаат само кога им се јаде Знаат да залутаат, да ги нема некој ден, па ќе се вратат кога ќе бидат гладни. Не знам, ете јас таков впечаток сум стекнала покрај неколку мачори и мачки што ги знам. И некако немам доверба во нив, страв ми е да ги погалам, не можам да проценам како ќе реагираат. Со кучињата ми е подруго. Инаку, само што ја видов темава ми текна на ова клипче - анализа на карактерот според тоа дали повеќе сакате мачки или кучиња
Добра тема Папи Јас сум 100% dog person,уште од бебе мислам дека ми е вродено тоа Не дека не сакам мачки,имав една со години,душата ме болеше кога почина,ама не е таа приврзаност и константно мислам дека се прилично себични и лицемерни суштества.Да не заборавам дека имам неколку белези од нејзе оти не била расположена,па јас си го собрав Кучињата од друга страна,се најдобри пријатели,некогаш преферирам со нив да си играм отколку да испаднам да шетам Лојални и воздржани,се разбира со правилна дресура,сакаат внимание и љубов,ама затоа нивното срце и живот целосно ни го посветуваат. Еве мојава чувствува кога сум тажна иде и ме лиже по образите,а пак кога ме нема видено 2,3 недели,кога сум на факс,тогаш радост пука,рипа со сета сила,оди сопри ја. Ми текнува пред некој викенд кога си отидов,а она си играла во кал и ме залепи на тренерките,цела шепа ми се познаваше И се си мислам разбира кога зборувам,неретко си седнувам и си ги кажувам маките,а таа ме гледа со убавите очи и си легнува во скутот. Имаат ептен моќни сетила и емпатија,и осеќаат ако некој се плаши од нив или не ги сака. И мене исто како Ана,шетам по улица идат ме поздравуваат,сакаат да си играат,на комшииве кучето се си мислам мене повеќе ме сака од нив
Јас сум дефинитивно dog person. Не дека не ги сакам мачките, но не ми се толку мили како кучињата. Уште од мала, од бебе, во куќата имавме куче. Баш и не се сеќавам на случки со кучето, но се сеќавам колку бев тажна кога се вратив од училиште и мајка ми ми кажа дека кучето веќе го нема. Премногу ми беше жал и повеќе не сакав ниту да чујам за куче. Полека започнав и да се плашам од нив. Стравот се зголеми кога кучето на соседите еднаш почна да ме брка. После неколку години се решивме да земиме куче. И искрено не се покајав. Веќе немам страв, дури и од уличните кучиња, од кои пред тоа бегав на километри. Се сеќавам кога ја донесоа, беше едно мало бело топче, кое само спиеше, и освен млеко и леб ништо друго не јадеше. Спиеше во кутијата на едно кожувче. Нема ништо поубаво од она кога се враќаш дома и те чека на вратата, да те поздрави, да ти се изнарадува. Па ќе легне на земјата и не се поместува додека не ја погалиш. Или наутро кога ќе се разбудиме, и уште не е ги отворила очите, а доаѓа да се гали. Сакам уште едно мало кученце, ама ќе видиме. Има едно куче кое живее на споротивната улица и секогаш доаѓа да ме поздрави.