1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куче vs. Мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 26 март 2015.

?

Куче или мачка?

  1. Куче

    70 глас(а)
    62,5%
  2. Мачка

    53 глас(а)
    47,3%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Да чуваш куче затворено во стан е мачење за животното. Знам дека некои луѓе многу сакаат, но пред да се одлучат да чуваат големо куче како шарпланинец или самојед треба да расмислат. Нема потреба кучето да се чува во стан. Наместо такво куче може да се избере помало или маче. Исто така кучето треба да излегува надвор неколку пати во текот на денот. Сепак ќе кажам се е до желбата и ја не можам да судам никој :)
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Измачување нема да биде се додека е шетано 2 саати по 2 пати на ден. Од големината енергијата не зависи. Имаше еден сопственик на Џек расел (минијатурна раса),чувал и шарпланинци предходно и кажуваше дека џек раселот од Средно Водно до врв на Водно, па назад трчал со него, а дома кога се враќал уште саат време беснеел. Шарпланинецот веднаш после прошетката заспивал од умор.
     
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Мачки дефинитивно. Од кучиња имам страв од мала, ме има гризнато, а потоа и бркано едно мало куче,уф, кога ќе ми текне ми се крева косата. Одамна сакав да чувам мачка, но мајка ми не сака животни, но еден ден решив да земам без разлика на што мисли. И нема нешто што повеќе сакам на овој свет, спие со мене уште од првиот ден, иако кога ја земав имаше само 2 недели и беше само едно малечко бушаво топче. Одма чим влезам во соба ме осеќа, дури и кога спие и одма се пика до мене и ме закача.. Нема помило суштество на планетава.
     
    На Lella и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам дека тотално се согласувам.Ние порано чувавме самојед дома,си играше,ама беше прилично мирен и мрзоволен,кога ќе легне да спие,мака си немаше :D
    А исто имаме чувано и џек расел,трчаше со саати низ двор,влегува дома,пак не се одмара,само нагоре надолу :D Тоа ти е хиперактивност до даска,да не напоменувам колку интелигентни кучиња се.
    Се е до дресурата,големината не е воопшто важна.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plamenka

    Plamenka Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    и куче и маче душички тие барем не мислат лошо и со љубов возвраајќаат на малку внимание :)
     
    На Tinushka, LittlePinky, MysteryMan23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Мачка дефинитивно.
    Ние дома никогаш сме немале куче, па можеби и затоа имам одбивност од нив. А и многупати ме имаат бркано кучиња и тоа големи кои можат и да те убијат, поради другарките кои само што ќе видат куче веднаш трчаат и врескаат. Како мала многу сакав куче, ама немав можност да земам, се’ додека не си ја надов Еми (маче), која за жал веќе не е тука. :(
    Оттогаш немам претастава како е да се живее без мачки. Секогаш кога сум тажна или некој ќе ме налути, тие ме расположуваат. Едноставно премногу се мили, душички и многу сакаат да се галат. :inlove:
    Сите вие што мислите дека мачките се лицемерни, користољубиви или секогаш намуртени и нерасположени, имате сосема погрешен впечаток. Тоа е така веројатно затоа што мачките не се баш пријателски настроени со секој што ќе го видат за разлика од кучињата кои можат да си играат и првпат да те гледаат. Ако сте чувале мачка, верувам дека немаше да велите дека се лицемерни и користољубиви и не знам какви. Кога би знаеле колку се мили и интелигентни. :inlove:
    Јас засекогаш ќе си останам cat lady. 8)

    [​IMG]
     
    На LittlePinky, kjukli, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Прочитав факт дека повеќето луѓе сакаат да имаат власт и да контролираат некој, па затоа повеќе сакаат кучиња. Мачките се потврдоглави и не секогаш одат по желботе на сопственикот. Како и да е, има кучиња што се многу слични на мачки во карактер како ова слатко кутре кое што изгледа како лисичка:
    [​IMG]
    За оние кои не ја препознаа расата, ова е Шиба ину, форумџииката @SnowDOG има вакво кутре и може да ја потврди неговата своеглавост. Како и да е, своеглавоста е тоа што ги прави слатки. :l:
    Втора раса на куче што има карактер на мачка е ова фраерче:
    [​IMG]
    (уффф тие неодоливо слатки брчки на челото :inlove: ) За оние кои не знаат, ова е африканско куче- Басенџи. Значи се чистат исто како мачките, тврдоглави се како мачките... И да, Басенџи се единствени кучиња што не лаат туку имаат спесифично (гласно) завивање (многу напорно).
    Третото куче што ќе ви го покажам, веројатно го знаете, затоа што е застапено во Македонија:
    [​IMG]
    Да, Чау Чау. Познаници имаат мажјак, значи од што не му оделе по мерак, сите си имаат белези од вилицата негова.

    Некои кучиња помалку лаат, некои повеќе, исто и со мачките. Помалку мјаукаат Парсииките, но најгласни мачки се Ориентал, Сијамска (и традиционална и модерна), Свинкс мачките и остали. Тие мачки најмногу сакаат внимание, исто како кучињата, и тие прават глупости за да бидат забележани.
     
    На Lella, Sunshine.Sunshine и Snow-Star им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    И јас ги сакам повеќе кучињата, отколку мачките. Мачките дури воопшто и не ги сакам. Но не и дека ги мразам. Едноставно, сеедно ми е кога ќе здогледам некое маче. Додека пак кога ќе видам некое куче, чуствувам како ми доаѓа нагон да го погалам и да си поиграм со него.
    Како мала чував куче. Шарпланинец и се викаше Мери. Но набрагу ја отровија. Човекот беше право животно. И кога го велам тоа, знам дека дури и животните се навредени.
    Не го отрови само моето милениче. Отрови повеќе од нашето маало со метод на ставање штенки(незнам дали е така и литературно, не знам поинаков збор) во парче месо. Така што кога животинчето ќе го изеде и ќе го внесе во своето тели, цревата му се раскинуваат. Заборавив да напоменам дека во месото ставаше и отров, затоа реков дека ми го отрови кучето. Грозоморно е, да.
    И после оваа случка не се осмелив повторно да чувам куче. Но еден ден сакам да чувам хаска, евентуално сибирски самојад. :)
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Значи не дека повеќе ги сакам кучињата од мачките, туку едноставно секогаш повеќе имам желба да си земам куче од колку маче. И мачки сакам искрено баш ми се интересни. Имав како мала една мачка се викаше дури Полдарк. Хаха не знам од кај е излезено името. Ама беше прееубав, прегорд мачор. Онака грациозен со став. Заедно си спиевме.
    Почесто сум имала кучиња, и сега имам Марли лабрадор. Ако веќе МОРАМ да се определам ќе се определам за кучиња, макар што идеално би ми било да имам и куче и маче дома и да се гњавиме сите заедно! :inlove::inlove:
     
  10. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.570
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно куче. Од оние буфкастите :inlove:
    Мачка воопшто не сакам, не ги поднесувам.
     
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мачка. Многу пати сум чувала маче , али гадовите комшии ми ги трујат. Сега чувам куче и многу сум приврзана за него , но ми фали мачето мое. Секогаш беше до мене , не дека кучево сега е поразлично , али не сака многу галење и мазење. За разлика од него мачето мое со мене спиеше , заедно јадевме , а кога искачав ме чекаше на улица и заедно дома си одевме. Кај и да идев со мене беше, па дури и низ двор да сум мјаукаше да излезе со мене :inlove:
     
    На Tinushka, Lella, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Јас си имам кученце неможам со мачките :rofl: Значи кучеее:l::l:
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јас би чувала и цела зоолошка, сите животинки ги сакам.
    Голем љубител сум на кучиња но и мачки многу сакам.
    Души ми се, мисериозни и ко злобни ама многу ги сакам.
    Моментално чувам куче, порано многу чував мачки, по 5-6 одеднаш :tmi:.
    Најголема желба ми е да чувам мачка и куче заедно, ама мојава лепотица никако не поднесува, мислам дека ако докачи некоја мачка толку ќе и биде. Малечко маче и доближив еднаш, од уста и го извадив на време за среќа и незнам како би ја навикнала во друштво на мачка, а пукната сум по Бирман ;(.
    [​IMG]
    Пуфка преубавка!!!
    @Papillon.Papi дај некој совет како да го убедам кучето да сака мачки и како да го убедам дечко ми да засака мачки (хахах се зезам).
    Ај може кучето некако ќе се навикне, туку со него што праиме???
    Многу сакам и мачка и куче да чувам одеднаш, да си се дружат, да се закачаат и на крај да си спијат заедно :D.
    Значи две во едно сум и dog и cat person.
     
    На cooll и kjukli им се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Donesi im edno i kje go zasakaat. :D Lola garant kje ljubomori, mislam kuche da ne e ljubomorno e nevozmozhno. :D I Beki ljubomori, bash pred nekoj den koga ja shetav so sestra mi i drugarka zastanav i se topev na malo mache shto se kachuvashe po drvo, a ljubomorava skoka pred mene, prednite shepi na stomak mi gi stavi. Ushte da ja slushnev da vika "Notice me Senpaiii!". A, inaku saka machki, interesni sushtestva i se i saka da gi pripitomi (no nejzinata golemina ne i pomaga). :lol:
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    секакви животни сакам, иако никогаш не сум чувала дома, и кучиња сакам, ама мачиња повеќе
    Мачињата дека се помали, ми изгледаат послатки и помили. И повеќе сакаат да се галат. Највеќе ми се топи срце кога ќе подадам рака кон некое маче, а тоа доаѓа накај мене и го трие главчето од раката :inlove:
    И стварно не ми е јасно од кај тоа дека мачките се користољубиви и лицемерни. Тие шо така велат ако чувале маче, ич не му обрнувале внимание, па и мачево возвраќа. :lol:
    Има некои што се и поплашливи ако им пријдеш, ама има и такви шо стално бараат прилика за галење.
    Еднаш кога чекав бус, видов дека лежеше едно маче, ја сакав да го погалам, прво се тргна, ама дојде и го поглаив, Наредните денови уште неколку пати го видов и самото го триеше главчето од мојата рака, сакаше дури и на скут да ми застане
    Братучетка ми има мачка.Еднаш бев таму и кога идев накај неа оваа бегаше, не можев да ја погалам. После некое време додека си лежеше, ја земав, ја стаив у скут и почнав да ја галам. Така убаво и дојде галењето, неќеше да се тргне, и сама се галеше од мене. :inlove:
    Што значи зависи и од односот на луѓето кон нив,
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Тука се зборува за предностите и недостатоците и на едните и на другите.


    Како што кажав, не можам да изберам, ги сакам подеднакво. :D
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Уф, нема шанси тоа. Мислам дека Лола ќе го задави, а дечко ми мене :D.
    Не озбилно, Лола не поднесува мачки, опседната е со нив и сака да ги лови, многу брка мачки.
    Бев кај другарка која има мачка и мало маченце и ја врзав за ограда за да не ги брка. Мачката не беше тука, а малото маченце го земав да го галам во скут, ја откорна оградата и се затрча накај мене, среќа го подигнав на време мачето буквално од уста и го извадив, продолжи да рипа по мене и да се обидува да го докачи мачето додека другарка ми не ја фати. :@ Ужасна е со мачки!
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Пробај со повеќе социјализирање со мачки, ако се обиде да го повреди, искарај ја. Беки еднаш си запозна пријателче-маче. Мачето на почеток многу се плашеше, но го држев за кожата на вратот (така што би се чувствувало како мајка му да го носи и инстинктивно би седело мирно). Го приближив до Беки и на Беки и' кажував "остави". Смееше само да го нушка. Кога мачето виде дека не е страшна Беки, го спиштив долу и почна да се гали од неа, а таа мирна седеше.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    Мачка. [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Многу се слатки и смешни.
     
    На Tinushka, Lella и Tan4ence им се допаѓа ова.