1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куче vs. Мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 26 март 2015.

?

Куче или мачка?

  1. Куче

    70 глас(а)
    62,5%
  2. Мачка

    53 глас(а)
    47,3%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Имам малечко бело маченце! Многу ми се допаѓаат помалку беља прават од кучињата имав и куче...
    Ќе си земам уште некое маченце сега мачката од дедо ми се породи и малечките се златциња едвај чекам да подпораснат па да си земам :?: :*
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Да миме? Гледам си ме спомнала :rofl::rofl:
    Се шалам бе, сите сте ме збореле, а јас се чудам зашо икам цело време:rofl::rofl:

    Инаку јас сум cat person. Они се така помрзливки малце, не како кучињата. Кучињата само скокаат, само трчаат, малце шо се поиграв со на брат ми кучето, абе душата ми излезе. Така мачките поискулирано си го поминуват денот.
    Инаку имам 2 мачки. Едното силвер со зелени очи, другото бело со црно и светло кафени очи. Сега само оваа шо ми е сивата си се шета низ цел комшилак и под секој прозор мјаука се додека не и фрлат комшиите за јадење, многу е итра и ова кучево на брат ми дури цвика од страв кога ќе ја види. :rofl:
    Белата е многу мирна и ако и не замара ич како оваа другата. Секогаш ме испраќа до крајот на улицата, каде и да одам, и во 3 саат да излезам, ќе ме испрати до таму и пополека си се враќа дома. Исто и ме пречекува на влезот од вратата. А другава само кога има потреба од мене. :wasntme:
    Инаку имам циркузи со мачките по дома кога дојде ред за бањање. Се трчкаме низ цело купатило, во претсобље, зад перална, едната додека ја избањам, другата избегала, другата до дека да ја најдам, оваа првата бербат се направила... Ама па интересно ми е и најмногу си ги сакам :l::l::l:
     
  3. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    јас имам 2 маченца , навечер ме буткаат од перницата и им ставив перница и сега не ме буткаат
     
  4. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Немам ни куче ни мачка.Ама повеќе обожувам кучиња
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Куче секогаш ќе биде мојот избро. Иако сум чувал мачки, никогаш нема да бидат лојални кон сопственикот како што се кучињата. Јас мислам, дека најдобар миленик за чување е кучето. Иако е најголема обврска, ама мене кучињата ме радуваат.
    Тој што има куче и го чува и сака како што треба, знае за што зборам.
     
    На Annora и marich им се допаѓа ова.
  6. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Куче. мало да можам да го шетам секаде и на кафенце да си иде со мене.
    Не сум по мачињата, и нив ги сакам додека се мали ама сепак КУЧЕ :D
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Мачка. Обожавам што ме тренира да бидам трпелива и да го заработам вниманието на потешкиот начин. Ме учи на брзина, на мистичност, на елеганција. Има свој карактер.
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мачиња :inlove:

    Мачката си го гледа раатот, кучето досадува, бара повеќе внимание.
     
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Мачки, себични се но за гушкање се први (кога им се сака). :D
     
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.276
    Пол:
    Женски
    Сакам и кучиња и мачки. Да имав можност би зела и куче, али за жал живеам во стан.
    Имам мачор, го чувам 1 година и не да се фалам, али од првиот ден си го сакам ко детенце да ми е. Го немаше 2 месеци и мислев за умрен и го преплакав како некој од фамилија. Али, многу си е своеглав. Не покажува многу љубов. Океј, од сите скутови дома ќе го избере мојот, преди, со мене најмногу се гали ама не е тоа тоа. Да доаѓа по мене, да ме расположува да се пика во мене кога сум тажна,да ме испраќа кај и да одам, тоа не. :yawn: Единствено може да ме насмее со неговата појава. Многу иронични фаци прави, озбилен е и пресмешен е. А да, ептен ми е машка прчла. Како се прчи со задникот кога оди, па и дека ангор е баш ко лав е кога го гледаш од страна. Грациозност на нивоУ.:yawn:
    Имам и рани од него од гребење и касање.Порано коа беше помал партал ме правеше, сеа ме толерира колку-толку.:lol: Ама си го заслужувам тоа, обожавам да го гњавам, пресмешен е кога е изнервиран. Има еден поглед, е сеа ќе те убијам буквално.:envy:
    Гладен е од кога е роден, да не види некој дека јаде, абе одма ќе се нацрта до него па колку сакал нека јадел претходно. И е болен за внимание. Си седи рандом онака, и од добро стоење ќе замјаучи онака пресилно и кога ќе се стрчам да видам што му е, се превртува на грб и чека да го галиш. Се си мислам да земам уште некое животниче дома партал ќе го направи, навикнат е вниманието само кон него да е насочено, сите си го сакаме. :sun:
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    upload_2017-11-15_22-5-3.png
    Сум имала куче, имам моментално мачки.
    Сакам кучиња, се тоа шетање, гушкање, колку се пријателски настроени.
    Но, ги обожувам мачките. Особено моите ( :$ ), нели нашите деца најубај се. Се галат, покажуваат љубов. Малите (кои останав така да ги викам), се порезервирани, не сакаат да ги креваш, и се галат само кога тие сакаат, а во скут идат само после 15 минути галење. А со „големата“ си имаме посебна врска. Малите со сите се мили, а сепак дистанцирани, а големава е со сите лоша, сем со мене. Си се разбираме. Кога сум расположена за галење јас, си имам посебен начин на кој седам и одма ми иди во скут. Еднаш на грешка ме има изгребено до сега, за разлика од малите, и зошто ја чувам надвор, штом излезам до покасно летно време ме собира две-три куќи погоре, скриена и одма штом сетам чекори знам дека ме пречеква и ме носи до дома. :lol: Накратко, имам куче, во тело на мачка. :rofl: А малите се „нормални“, стереотипни мачки. :rofl:
     
  12. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Кучињата ми се омилени. :l:
    Да можам сите дома би ги прибрала.
    Помило животинче од куче нема.
    Ќе те сака, ќе те чува и никогаш нема да те напушти.
    Доволно е само да ја видиш таа радост во неговите очи кога се враќаш дома, тоа мафтање со опавчето, скокање, рипање.
    Кучињата и полесно се воспитуваат, послушни се, паметни и бргу учат.
     
    На Iva9612 и stetoskop им се допаѓа ова.
  13. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Јас имам и мачка и куче. Кучето е многу љубоморно и гледам пред неа да не ја галам мачката.А, пак мачката мислам дека малце завидува. Двете си имаат посебни креветчиња каде што си спијат али мачкава знае да му го земе местото на кутрето.Кучево сиртото ништо не и прави и чека само да стане да си легне. Понекогаш се интересни да ги гледаш и тоа душичка ја криви главата. Работава стани ми се спие.
    Многу си ги сакам и двете:inlove:
     
    На Iva9612, fificaaa и Animali им се допаѓа ова.
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, не може да се споредат куче и мачка во однос на афекција. Добро, можеби некој подив териер, шар пеи, акита или басенжи да се спореди со поафекциона мачка, ама бишон, ретривер, лабрадор, доберман итн да земеш да споредиш со мачка, јок бурда.
    @christinnn ,гледам си пишала куче у стан не може, може душо и те како у гарсоњера чувам мачор, птица а од јули и доберман кученце што ќе порасне колку магаре.
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Извини, но миленик да те следи 24/7 низ дома, и да биде лепенка до тебе не е единствениот начин на кој може да ти покаже афекција. :D И подивите раси како териерите, а и мачките покажуваат нежност, на свој посебен начин. Усамостоеност не значи дека миленикот нема да покажува афекција кон сопственикот, туку едноставно одлучува со свој ум да се снаоѓа во повеќето ситуации.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Покажување афективност за мене е да биде верно, да слуша наредби, да ме слуша и да ме следи, да ме заштитува т.е да сум му центар на универзумот.
    Кај мачка можеш само да бидеш центар за храна каде понекогаш може да бидеш наградена со галење, да мјаукне кога доаѓаш и да се стопиш дека те сака , да "те сака" и мислиме на нивен начин дека е тоа ама емоционална црта кај мачка и куче не може да се спореди.

    Ги сакам и двете животинки и секогаш ќе чувам, но многу ретко приврзлива да испадне, велат дека у едно легло од 5 мачиња, 1 има шанси да испадне такво.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Тоа е еден начин да се покаже афективност, кој се забележува кај кучињата кои се создадени да бидат во човечка придружба, дали е тоа враќање на пленот назад (ретривирање), одбрана на сопственикот, или едноставно придружба и галениче, додека раси како хртови, териери, шпицеви и примитивни типови на кучиња се оние кои самостојно работат, без команди (гледаат плен-го бркаат и/или убиваат, чуваат имот оставени сами на себе, трчаат долги дистанци). Тоа нема врска со нивото на афекција која ја покажуваат. Исто и со мачките. Сепак уште од кога се припитомени, ловат штетници самостојно. Тоа не значи дека мојот териер и мачор не бараат внимание од мене и не ме гледаат како цел нивни свет. Они дури меѓу себе си покажуваат афекција (мачорот мјаука и ѝ преде затрчан кон неа, а оваа радосна мавта со опашот и трча накај него секој пат кога ќе се сретнат надвор, а потоа одиме горе и легнуваат еден до друг да се чистат. Така заспиваат и им завршува денот). Разликата е што ми даваат простор за себе, т.е. не се velcro за мене 24/7.
     
  18. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Секој со свој став, но, ете, по мене velcro е најдобро. Да се разбереме,velcro но не и анксиозни. Тенка е линијата.
    Баш поради тоа велкро, постојат и поише типови на раси, пример јас не би можела да трпам басенжи, шар пеј, чау чау или слични кучиња.
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Се разбираме. Анксиозни можат да бидат чау чау, но не и велкро. Како што спомнав, со причина постојат расови групи и поделби на раси. Тие се одличен показател за темпераментот на кучето, покрај неговите претци. Некој бара velcro, некој бара самостојно куче. А, слична е ситуацијата и кај мачките. Рагдол на пример се нај-velcro мачки, мора да бидат во близина на сопственикот, додека бенгалските се посамостојни и преферираат да истражуваат.

    Кај нерасните кучиња и мачки таа карактеристика е потешка да се предвиди.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    @Papillon.Papi , велат, мачката ако ти дава да ја галиш сегде по цело тело, велкро е.
    Рагдол не сум ни видела, но сум имала сијамка, обична улична и ангорска. Сега персијанец. Уличната беше највелкро од сите.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.